Јас у живот немам фатено бидермаер, нит сум се џиткала по нив додуша и што сега нема да се мажам? Убаво вика Хипица тоа е само еден вид на забава, и не знам зашто толку се потресувате околу тоа кој ќе го фати. Кој сака нека се џитка и тепа таму, мене искрено ми е смешен тој ритуал на скокање и газење за бидермаер, сум видела жестоко да се зачукаат и испогазат за да го фатат, дисапајт еври лоџик ми е мене. Можеби јас така мислам, и секако е ова само мое мислење, без да се вреѓате сеа.
Не се вреѓаме,сите различно си размислуваат Некои ги сакаат,некои не. А тоа да,не дека ќе се мажиме одма,редот ќе ни дојди,ама онака,ќеф ми е,од другарка посебно кога е бидермаерот,незнам,ко нешто убаво да си имам после за спомен плус од свадбата Иначе да,за забава е. До толку па тепање за него,до сега не сум видела,тоа веќе претерано Јас застанувам,обично кон мене паѓале или се одбиле тие што сум ги фатила и требало цврсто да ги задржам,а ако не сакаш да го фаќаш,нема ни да застаниш. На кој му е интересно,застанува
Јас четири пати ловев и не уловив На мојата свадба дефинитивно ќе им кажам на музичарите да нагласат - САМО ДЕВОЈКИ, и не го фрлам додека не видам дека застанале само девојки. Навистина ми е глупо кога ќе видам мажи од два метри како се буткаат помеѓу девојчиња. За нив ќе има подвезица
Јас немам фатено бидермаер, ниту пак сум стоела во редот за да го фатам. Мојот бидермаер не го фрлав, бидејќи многу беше убав. Сакав да си го чувам за себе.
http://www.motika.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=13 Никогаш, ама никогаш стварно нема да ги разберам оние кои толку сериозно си ја сфаќаат работата со бидермаерот. Во животот, свадби и свадби сум прошла и никогаш ама баш НИКОГАШ не сум застанала да фаќам бидермаер. Не е мој стил, а и ми е срам да упражњавам такви суеверија. И што сега, да не треба да се запрашам дали сум нормална ?! Едит* Па и машки трчаат, бе лелеее... да ми е дечко, ќе го отпишам од живите. Глупоќа !
^ исто На факинг секоја свадба има фрлање на бидермаер. Застанати од најмали до најстари, мажени, немажени па дури и мажи. Па да биде моментот повеќе Awkward машко ќе го фати бидермаерот, ќе ги истурка сите таму и со идиотска фаца ќе се фали со бидермаерот. И најголема иронија ќе биде ако тој фраер остане ерген засекогаш. Поздрав до оние кои не ни помислуваат да одат да го фатат бидермаерот и им се повраќа од сета таа глетка.
Јас како помала(докај 7 годинки) стоев во редот за бидермаер и еднаш го фатив , всушност пред мене падна ама до мене стоеш немажен братучед на мајка ми висок 2 метри и нормално тој фати дел од бидермаерот и сите роднини почнаа да викат тој го фатил а бидермаерот падна пред мене и јас си го зедов, испадна тој некако да ми го џапна од раце И сега замислете која неправда ми ја направија-ми дадоа само машната од бидермаерот-онаа обична трака, а бидермаерот си го зеде тој-за женење бил демек Кое разочарување ми беше ej, а како и нема да ми биде имав само 6-7 години и од тогаш феминиум бидермаери нефаќа и ако некогаш бидам невеста нема да фрлам бидермаер-евентуално ќе фрлам само за девојки
Јас лани го фатив на една свадба (иако имам уште многу до мажење, мерак ми е) и баш јас си го фатив и една сакаше да ми го земе (со друг збор да ми го џапне), ама не и попуштив и на крај само гледаш такви љубоморни фаци, зошто едно 12 годишно девојче (тогаш 12) фатило бидермаер!
Јас лани го фатив на најдобрата другарка бидермаерот и тоа ептен фино, без буткање и слично во рацете ми падна (а и не сум некоја што се тепа за бидермаери, само си стојам кога фрлаат чисто заради забава) и наредната година се верив . Не верувам дека е од бидермаерот глупи суеверија, ама ете на мене случајно ми се погодило по се изгледа
Еве го мојот, сликан од фотографијата со гостите, поубави фотографии кога ќе ги земеме Јас бев презадоволна, беше многу нежен, а полн со бои, одлична комбинација.
^навистина беше многу убав и голем богат....штета што не им го фрлаше на девојките, да се посмееме малку. Хахаха и јас сега веќе од страна сеир да фаќам.
Мојот омилен дел од свадбата Лани прв почна брат ми ко го фати се започна после то, пред 2 години на свадба кај 1 Брачеда го фаатив цел јас, ама една кучка ми го истрга од раце Душата ме боли за тој момент, да можев ќе ја претепав На друга свадба после брат ми го фаќа 1 брачед, се тука фамилијарно оди работата Но среќата си дојде другата година, кај 2 брачед на свадба оппп пред нозе ми падна букетот, кефојј, рипај скокај, не знам за вас ама мене ептен ми е забавен овај момент Ете го моментот Спојлер Па по еден месец другарка ми најверна го фати, и се тука во комплет оди Па ете уште никој не е женет, мажен
Девојки, Дали некој има искуствос Јана - Вива Ателје за свадби во донос на бидермаер, китенки бомбони.... Се наоѓала во Козле карчи Макпетрол...