Девојки јас правам свадба сега на почетокот на октомври па се мислам за бидермаерот. Ќе носам ваков фустан. Spoiler Па се мислам каков бидермаер да имам. Сакам да биде понежен така. Е, сега дилема имам дали ваков: Spoiler Или ваков: Spoiler Сакам со погусти ружички Spoiler
Agrona најпрво честитки, и ти посакувам лесни подготовки. Инаку од старт ќе ти кажам дека, ќе мораш да одиш на варијанта со ружите,зошто божури нема да најдеш, тие уште во август изминаа.
Честитки Агрона и јас ќе правам свадба на почетокот на октомври Мене многу ми се допаѓа вториот бидермаер
^ Благодарам мила. И вас нека ви е честито да сте среќни цел живот. И јас мислам дека вториот поубав ќе да е. Се сложивме значи сите и Сноу и ти ми го рековте истото. Поздрав !
Фустанот ми е во некако шампањ боја со нијанси на бисерно бела, сакам убав бидермаер ама не до толу да се истакнува бидермаерот, во прв план ми е фустанот значи некако да се вклопи ... несакам шаренило од бои.... Ајде давајте предлози што би одговарало со бојата на фустанот
Леле јас ич не сум задоволна од бидермаерот, наскоро ќе ви дадам слики ќе видите, катастрофа ми го направи, доминираат гербери а требаше да биде сосем друго, искрено бааги се мислев еден букет кој сестра ми ми го донесе да го носам како бидермаер, овој ич не ме бендиса а го платив 1 500 денари Се распадна после саат време, стана ужасен, таков смачкан, испопаќаа лисјата зеленило, абе лудница Ако некој се двоуми да нарача од СП Планет да си знаете од сега, ни по дразно, ичн не сум задоволна
Јас никогаш немам фатено бидермаер, всушност само си стоев онака колку да си стојам, ниту се имам тепано ниту планирам. Мизерно ми е кога гледам како летаат боксови во фаца, ребра, бубрези и тоа зошто? За цвеќе. Ама тоа е. Па сеа последно маживе праат сеири. Се извинувам за ова, ама мене ми е малку геј некој маж да оди да се тепа со девојки за цвеќе.
Далеку ми е мене свадбата, сеуште не сме одредиле датум, ама мојата желба е да биде бели кали во снопче врзани, ептен обично да нема циркони ниту пак бисери. Рачките да се подолги и да има зеленило од страна. Ете тоа го сакам
Еве го мојот несреќен бидермаер, и тоа тука е сеуште во добра состојба, за неполни два часа од ова стана тутканица невидена, срам ми беше да го фрлам Ајде памет за друг пат, ама искрено досега најубавите букети ми ги имаше направено женава, си мислев и овој ќе го направи убав. А да видите каква убава икебана ми имаше направено за едни од гостите, абе што не погреши и на мене да ми направи таков бидермаер
Бидермаерот изгледа многу убаво и според мене доста уникатно. Убава е комбинацијата на цвеќињата. Е сега квалитетот на изработката е друг муабет. п.с каков друг пат бре ангел, пу пу , па не ќе те мажиме уште еднаш ти помина редот, готово веќе бидермаер не ти треба.
Иренке маааа... па за друг пат мислев за нарачуванје од кај неа цвеќе Иначе на изглед е супер ама изработка лудница, катастрофа