Мојот бидермаер беше ист ваков. Овој тип на бидермаери се вика colour clash. Само траката беше циклама со портокалова машничка.
Elanor те молам кажи ми која цвеќара ти го правеше и колку чинеше...И кој период ти беше свадбата..Мојата е октомври па може некои цвеќиња да ги нема
Бани драга, јас правев свадба надвор од Македонија. За жал не можам да ти помогнам со информација за цвеќари За комбинации со цвеќиња кои можат да се најдат во нашите цвеќари, моите размислувања се следниве Мој предлог ти е, ако ти се допаѓа ваквата комбинација на цвеќиња, во зависност од тоа кои цвеќиња ќе бидат достапни во периодот кога ќе ја правиш свадбата да ги одбереш оние со најжарка боја. Гербери, ако не грешам има постојано а тие се со најразновидни бои. Си нив можеш мал милион комбинации да правиш. Тоа е најсигурна варијанта. И со нив ќе го постигнеш саканиот ефект. Посмела варијанта се лалиња - ако се со различни бои - жолти, црвени итн. А дршките им се прекрасно зелени, ќе ти недостига само нешто лилаково - како на пример ирис, темјанушка или лилакова орхидеја. И убава дреч трака, портокалова или циклама, да го држи букетот. Понатака, божурот е прекрасно цвеќе. Се верува дека носи среќа во бракот и благослов и затоа го ставаат во бидермаери. Ова цвеќе расте во дворови кај нас. За жал најчесто е бел или светло розев, а тебе ти треба некој со посилна боја. На Косово имаат подвид на божур со силна розева и црвена боја. Што не значи дека и овој посветлиот нема да може да се искористи - од него се прави совршен романтичен бидермаер. Се надевам ти помогнав