Бидермаерот е нешто што се дава некому, по случаен избор нели со фрлање. Да се фати на свадба тогаш би сфатила да се чува... ама вака... Еве не знам. Искрено, многу се 'паѓа во несвест' за некои работи.
Сестра ми правеше свадба во септември и имаше бидермаер со божури во комбинација со друго цвеќе. Бидермаерот беше многу раскошен и убав и кошташе 3500 денари. Божурот е мн убав за бидермаер, единствена мана му е што бара многу вода и при крај на свадбата веќе е како малку овенат.
Јас правев свадба крај на септември и сакав божур. Од цвеќара ми рекоа дека нема да е проблем да ми најдат, мислам дека ми рекоа цена 600 ден од цвет, ама не сум сигурна. Но бидејќи се увозни ,а и нежни да бидам спремна дека можат да се распаднат. И се откажав/ Букетот ми беше од ружи и некои други цветчиња.
Јас имав вештачки бидермаер. Ми го направи старосватицата. Не го фрлав. Не ми се допаѓа таа традиција со фрлање на бидермаери.
Скапо е. Една гранка хризантема е 70-80 ден. Јас имав бидермарер од холандски хризантеми, 1000ден го платив.
9 китенки за 600 денари, ако се од свежо цвеќе се ефтини. Во просек мене ми бараа од 100-150ден за свежи. За вештачки немам прашано.
Да од свежо цвеќе, ми даде попуст женските китенки по 50 а машките по 100. Ама затоа бидермаерот си го наплати солидно хехехе
толку нормална цена ми се чини дека беше, а тоа да, секако си рачунаат пак истата сметка да им испадне