Зависи за кога ти треба, јас прашував за крајот на август, девојката рече дека не е проблем да порача ( мислам од Холандија рече) но дека ќе биде скапо,еден цвет околу 400денари. Прашував во цвеќара Bloom на цветен пазар.
Не ти препорачувам божури,многу се нежни нема да издржат ќе овенат за брзо. Одбери некое цвеќе кое ќе трае цела ден распрашај се низ цвеќари види што ќе ти понудат. Не е само да го земеш па да се разочараш на пола ден.
Јас имам едно прашање од адетен аспект. Наидов на статија по нетов дека најдобрата другарка и го земала бидермаерот на невестата и си го ставила во кола. Значи таа и го зела додека траела свадбата и сликањето со гостите. Прашањето ми е кој адет е врзан со бидермаерот?
Веројатно е веќе доцна ама може како информација ќе послужи на некоја следна невеста. Вештачки бидермаери за кои нема шанса ни да претпоставиш дека не се од природно цвеќе има во Cassamento на семафорите во Козле. Ќе ти направат каков сакаш. Сега малку ги качиле цените, да не речам дуплирале ама сепак мислам дека вреди. И природниот ќе чини 3,000 ама ќе трае 2 дена. Мене ептен ми прават мерак.
Јас си го правев сама, иако не беше официјална свадба, не би да давам еден куп пари на нешто што е ситница и што ретко некој го приметува. Можете да си купете од цвеќара или оранжерии различни цветови и да си направите, секако ќе потрошите помалку, плус ќе биде каков што сакате, има еден куп идеи на интернет.
Не мора. Мојот беше со вештачко цвеќе. Јас таков си сакав бидејќи едноставно не ми се допаѓа природно а и за брзо време ќе овене.
@Offspring @vevija изработувате сатенски бидермаери и по нарачка или? Ако да, пратете ми слики во ЛП ме заинтересиравте со сликиве овде План ми е да имам бидермаер што ќе ми остане за спомен, идеата ми е од мама дека уште си го чува дома. Кај нас имаме посебен бидермаер за фрлање, не е истиот што го носи невестата.
^ Јас исто имав еден бидермаер за мене, а за фрлање беше друг помал колку симболично да се направи и тој чин а кога фрлам да не утепам некој со огромен букет