Хехе нема проблем,ама ако дознаам... преубав е. Инаку не ми паѓа ништо друго на памет освен дека е со некои хемикалии растена.Намерно.
meU еве уште (како идеи нијанси,бои, а и различни цветови), во последно време дефинитивно се помодерни бидермаерите кои имаат повеќе видови цвеќиња (или ист цвет но разнобојни)
Snow можеби последниот, засега само тој ми фати око. Само не ми се свиѓаат ова вторите цветови кои висат, можеби некоја друга комбинација од лила цвет.
Искрено според венчаницата што ја опиша во дрругата тема, дефинитивно ти одговара некое бидермаерче така долгнавесто. Инаку што велиш за последниот бидермаер, да и мене не ми се свиѓаат тие цветови, но би можело некои од овие цветови: ciklama,orhidea, alstromeria п.с. ќе ти пуштам моделчиња на долгнавести бидермаери (не ги гледај боите,туку израотката, а ти после смени го светот)
Апла е рано за јас воопшто и да ги разгледувам темиве, ама наидов на букетчево на интернет, па ете зошто се заљубив да го постирам. Сигурна сум дека кога денот ќе дојде, бидермаерот ќе ми биде нешто многу слично на ова(не во вазна секако ), едноставно, убаво, со два вида на цвеќиња кои многу ги сакам.
А можно е и да е вештачка само премногу реално направена. Гледав некои Амерички емисии за свадби,и таму видов вештачки бидермаери што да не кажеа дека се вештачки никогаш немаше да приметам.
По совет на Snow-Queen дека со фустанот би ми одговарал долгнавес, висечки ли каков е бидермаерот, јас запнав и конечно ги најдов најубавите на свет такви бидермаери. Сеуште неможам да се одлучам точно кој би бил, па затоа да споделам со вас, можеби ќе ми помогнете Инаку сакам нежни работи , затоа и фустанот сакав да е таков, нежен, едноставен, обичен, а сепак за мене најпрекрасен. Овој ми е многу посебен И овој исто така, ми е многу убав, меѓу овие два се двоумам, во однос на големината, првиот е помал, а овој по голем. Треба да испробам во некоја цвеќара, каков ми стои подобро, дали по мал или по крупен Овој ми е летен и свеж Овој нежен како во бајка А овој некако по луксузен, или пак нападен, незнам како би го дефинирала, ама нежен не ми е баш И така од премногу коментари, забелешки за секој бидермаер, јас си останав со прст во уста, сеуште
meU четвртиот е најпрекрасен. Едноставен, елегантен. Првиот на пример е многу наџиџан. Другиве се некако па многу долгнавести. Јас сум за четвртиот .
meU првиот е дифинитивно најубав па четвртиот па вториот и третиот а четвртиот ми е мноогу голем, а и искрено ич не ми се свиѓа,мислам дека би те засенил. КОНЕЧЕН ОДГОВОР првиот
Јас пак вака ги оценила прво -вториот втор- четвртиот трет- првио четврт-третиот пет- петиот Некако сега ми се допаѓаат и сатенските ленти на вториот, само да се подолги. Ахх и не било баш едноставно да си невеста Ви благодарам девојки од срце што сте со мене
Меu,jaс сум за вториот.Овие тн висечки бидермаери,ми се најубави од орхидеи Само биди сигурна дека жената што ќе го прави,ќе ти го направи убаво,да го погоди баш така. Скоро бев на свадба,каде невестата сакаше таков,само од ружи,а немаше ни 1 посто од таков бидермаер,ружите раштркани насекаде,барем да и го направеле обичен Се изнервирала,а продавачката и одговорила дека се потрудила ама незнаела таков да направи,замисли Така да,оди на сигурно
Се надевам Ели дека нема да имам проблем околу тоа. А и кумата ми е многу искусна со цвеќари, па мислам дека нема да погрешиме . Дај ни слики од твојот бидермаер, каква ти е замислата, каков сакаш, а кога ќе биде чекаме слики од вистинскиот
meU, а замисли го првиот бидермаер со две сатенски ленти, едната како лентата под градите на венчаницата (пример нежно розе), а другата нежно лила и се разбира обавезно белите пеперутки. Па и нијансите ќе ти се погодат ,бело,розе,лила сепак твојата одлука е конечна,ова се само идеи п.с. спомнуваш дека ќе бидеш во поодмината брменост, ем така поголемо стомаче па уште и голем бидермаер ...хммм,незнам ти си знаеш. Дефинитивно првиот ....и евентуално четвртиот.