Ова беше мојот бидермаер Можеби се мали сликичките, но ова можев да го извадам од смалените верзии на сликите.
ми се допаааѓааа ми се допаѓа тоа што не е еден два вида на цветови, малку тоа лила доле не ми е некако баш баш, ама во целина е убав.
Па баш тоа лила баш ти лепо стои свила беше надополнување на нијансите на букетот, јас ја одбрав бојата на материјалот ама и оставив простор на девојката да искомбинира што ќе биде нај соодветно. Одблизу да си го видела ќе знаеш што сакам да кажам, се беше скоцкано како што треба, надолу беа пуштени бели сатенски ленти. И реков дека не сакам да бидат само ружи, туку да бидат разновидни, претежно мини гербери во нежни нијанси, сакав да личи на ливадско цвеќе , да и го нацртав можеби немаше да ми го погоди вака по мој вкус. Голем поздрав до девојките од цвеќарница Орхидеја во Автокоманда, ги препорачувам на идните невести.
Многу убаво изгледа Јас на венчаницата имам тиркизни и сини монистра и сакам и бидермаерот да одговара, ама нешто тешко се наоѓа сино цвеќе. Затоа на крај ќе одам на подосадна варијанта - бело цвеќе со сина трака, за некако да се вклопи...
Фала Можеш да најдеш и сини нијанси, ама треба да ги нарачаш на време, зашто и тие прават нарачки во зависност од побарувачката. Па и не мора да биде на сино, можеш светло виолетови и бели цветови и сини сатенски ленти, или материјалот (никако да запомнам како го викаат),што ги обвиткува стеблата, да биде тиркизен. Кога ќе им објасниш убаво, тие ќе знаат што сакаш. Мислам дека повеќе доаѓа до израз ако боите на бидермаерот не се поклопуваат со боите на венчаницата.
darcy, Abeja убаво ти пиша, има и плави цветови само ќе треба навреме едно 10/15 дена порано да им нарачаш. Ќе побарам јас и некои слики на бидермаери на сино, и ќе ти постирам
Фала Јас кога прашав во една од цвеќарите ми рекоа дека можат да ги офарбаат ружичките, што мене ми звучи апсолутно погрешно - зар нешто толку убаво како цвеќето да се извештачува? Апсолутно нема шанси. Сега откако Абеја пиша повеќе размислувам евентуално и црвени ружи да ставам покрај белите, може на крај и така да испадне.
Можеш да одиш вака на потемно лила,накај плаво Можеш да одиш и вака повеќе на шаренило, а лента доле плава Или пак бело се, а некои плави камења,бисери додатоци,машни,пеперутки: како овие овој првиов ти е доста сигурна и убава идеа и еве некои,кои се дефинитивно по нарачка со плави светови
Фала ти, прекрасни се Веројатно и ќе се решам за сигурната варијанта, вака посебно на слика кога го видов тој со плавите машнички а бело цвеќе, мислам идеално ќе одговара со венчаницата!
^и мене тој најмногу ми се допадна а и некако е најсигурен дека ќе изгледа така. Тоа фарбање на цвеќиња не баш ми се допаѓа, а и нарачка ќе има ли ќе нема ли...специфична е бојата. Еве уште нешто што најдов,чисто за идеа.
Дарси,мене искрено не ми се допаѓа со сини детаљи.Малку е нападно,воопшто не ми изгледа нежно ,а јас бидермаерот го доживувам како таков.Мислам дека првичната идеја ти е поубава,да одиш со бело цвеќе и сина трака така ќе изгледа понежно,и пак ќе биде донекаде да одговара со фустанот,како што сакаш ти
И мене повеќе ми се допаѓа идејата бело цвеќе со сина трака Инаку и со плави цвеќиња е убаво,ама мислам дека тоа би ти повеќе одговарало доколку ти е само бел фустанот, па да комбинираш, со плави цвеќиња и плави кондури на пример.
Да, да, посебно гледајќи ги сликиве и дефинитивно се решив за бело цвеќе со плава трака. Исто и чевли сини или тиркизни сакам, уште да ги најдам
И да не си најдеш готови, секогаш можеш да одиш на варијантата - правење по нарачка. Дури можеш да го искористиш истиот материјал што ќе ти биде на бидермаерот, да си направиш од него и кондури. Секако доколку користиш сатен, или муслин. Или, рече дека на фустанот имаш монистра доколку ти е шиен, можеш исти монистра да ставиш и на кондурите, или на материјалот од бидермаерот. Ептен да биде во тон.