Феминки мои, ептен бизарни посакувања имате . Аман бе Јас искрено сакам да им влевам само во потсвеста на тие околу мене . Скромно нели? Онака колку да знам што мислат, што планираат...
Бизарно посакување? Џастин Бибер е конечниот одговор. Ах да е до мене. Би му го кубела секое влакно од косата, после веѓите, трепките, забите, јазикот, ушите, ноктите, прстите... дел по дел. Цревата со бурмашина ќе му ги вадам и на крај со циркулар. Ете до тој степен ме нервира.
Не е баш бизарно ама ептен е невозможно тоа што го посакувам јас Ха ха .Сакам да летам како Супермен!!А и ќе заборавев сакам и да им читам мисли на луѓето
би сакала да имам таква моќ, да се видам се почуствувам ! да слушам кога некој лошо мисли или зборува за мене и во моментот да му нанесам таква бол, од која ќе му се заврте во главата
сакам мала зоолошка дома лав,тигар,слон,мајмун,мечка,волк итн сакам да читам мисли и да летам. сакам да сум делфин
Желба? Хах и јас сакам Вампир да бидам, уште од малечка ме фасцинирале тие суштества кои живеат вечно, а не денеска како што се прикажани во Twilight туку оние `Вистинските`. Некои само ради Edward Cullen го сакаат тоа, но еден другар мој од Романија ме натера да гледам на вампирите со поинакви очи, дека тие имаат пред се тежок живот, не е се како на филмовите, супер моќи и бесконечност, тие треба да се кријат од луѓето да живеат во осаменост, не верувам дека некој може да стане вампир ако го каснат но барем може да има малку од нив кои така се родени, ако се станувало вампир од 1 гриз до сеа немало да постојат луѓето, цел свет би се повампирел хахах Ама сепак е некоја желба, барем да можам да читам мисли и да знам што мислат другите за мене. А уште една желба отсекогаш ми била да се отвори некое школо за магии како Hogwarts од Harry Potter филмовите, ама да е барем мал дел од тоа вистина Секогаш си викам : If there was magic, the world would be a better place to live )
Морам да се надоврзам нешто со Трендафилка. Обично на ваквите теми одма пишувам одговор , без да читам напред, ама сега баш ме интересираше. Бизарната желба на Трендафилка за шипка за играње во собата, долго време е и моја желба. Нависитна ми е голема желба, и речиси има две години како константо размилувам да си вградам една. Ама ете, и јас имам налетно на луѓе што ме гледаа малку попреку.... како и да е, убедена сум дека желбава ќе ја исполнам. Имам и други, мнооогу други бизарни желби,ама ајде ќе си ги чувам. А да! Повеќето од тие што ги прочитав понапред, баш не се бизарни желби. Дај не ме зафркавајте....
Темава ми делува како онаа Што ве прави чудни На крај испаѓа дека нема ништо чудно, или бизарно во случајов и сите сме горе доле исти. Always remember that you are absolutely unique. Just like everyone else. Инаку, за тоа со шипката, е тоа би му го припишала на дечко ми, тоа е негова желба И тоа со читање на мислите ме бендисува :geek:
Гледам се спомнува шипка, едно друго... Искрено отсекогаш сум посакувала еден стриптиз да извртам Ама некогаш, ама најискрено, кога ќе одам на одмор (некаде настрана), има да извртам па што сака нека биде Еееее што убаво тогаш ми рече дечко ми кога бевме во Бугарија, да се качам на шанкот да играм, јас неее, срамота... пффф абе не дека ми беше срамоте, бев налеана со текили и коктели, ете затоа не се качив, главечки ќе се струполев во ,,публиката,, па и мене како оној бушавиот Канго немаа да ме фатат, туку место ќе ми направеа да се догребам на земјата
Дека постојат ДА баба ми ми има раскажувано многу случки за тоа за нејзиниот прадедо, ама не дека живеат вечно, тоа сепак си е од научната фантастика.. нема доказ дека некој вечно живеел xD
Сакам да ги читам мислите на луѓето, да ја доживеам епокалипсата, да имам гооолеми црни крилја и да бидам добра но секси вампирка Да направам луѓето кои си ги замислувам да постојат да престанат да владеат болести на светот (по моја заслуга). Сакам да ѕирнам во времето на Elisabeth Bathory и да можам да и се придружам во сечењето на младите злобни девици бидејки сакам крв. Се надевам дека не ве исплашив многу Сепак се трудам да бидам нормална! А ко за беља стално се замислувам како главна улога поготово во некои од македонскиве филмови поготово во еден. И сега се ова заедн незнам колку е нормално ама знам дека е малку бизарно.
Те замолувам да пишуваш со мали букви и без боја. Големината и боите се кроситат за потенцирање! Ти кажувам добронамерно, зошто ако не се поправиш ќе имаш опомена од модератор, и бришење на мислењето.
Да да после ми текна и на мене. Нема проблем, во иднина нема да пишувам со големи задебелини букви. Може само бојата да биде лилакова, розева или некоја поинтензивна. Па, се надевам нема да пречи
Јас имам некое бизарно посакување некои членки на форумов да се оправат и да ги следат правилата. Ама изгледа само тоа и ќе си остане, бизарно посакување.
Како една група на ФБ: Сакам барем на еден ден да летам, да бидам невидлива и да можам да читам мисли