Сакам...ах, сакам многу работи. Да, сакам да сум вампир, но не поради Twilight. Ги сакам оние стари вампири. Оние кои ја пијат крвта на луѓето и се кријат во темнината. Ах. Сакам...брутално да го уништам машкиот род. (онака од чиста мира) Сакам барем на еден ден да бидам невидлива....
Бројче ти гарант сакаш да си комарец оти кај и да се појавиш ќе добиваш аплауз А јас па би сакала викендичка на Бора бора..скромно знам..
Ми се иди да ја убијам една професорка, лудачка која се изживува врз студентите. Исфрустрирана будала на која местото и е во лудница а не на факултет. И верувам дека ќе му направам услуга на сите студенти.
Сакам да бидам невидлива,да им влегувам во домовите на луѓето и да ги гледам што прават Сакам да имам моќ што ќе посакам веднаш да ми се исполни. зЗборувања со духови,да бидам вампир на гробишта да спијам-такви работи не ми требаат
Пааааааа имам,многу! Да сум невидлива и да ги гледам луѓето што прават каде сакам и кога сакам.И да ги задевам! Да можам да им ги читам мислите на сите околу мене. Да сум мравка бар 5 минутки да видам тие како не гледаат нас луѓето. Да имам домашно милениче-тигар. Да имам шипка во мојата соба и цел плакар со секс реквизити (па да видат муживе убаво ) Итн..Да оставам простор и за другите.
Да сум невидлива, да можам да се телепортирам , да можам да се враќам во минатото и да одам во иднината
Сакам да ги удрам сите професори што ме нервираат со дневник по глава и тоа 5-6 пати Сакам да летам и да му ги читам мислите на сите со само еден поглед.. Сакам да имам дечко - вампир (twilight дефинитивно има влијание врз сите ) Сакам да одам во вселената и да остварам контакт со вонземјани... Сакам да можам да патувам низ времето И уште мноооооогу други работи
Се што можеаше Волшебнички од филмот на А1 ако се сеќавате Колку им се восхитував, ги гледав секој ден ах отварам тема сега кога се сетив за нив.
И јас ги гледав волшебничките Бизарно посакување - да имам дечко вампир..иако во некоја тема споменав дека мојот личи на едвард
Отсекогаш сум се замислувала како некоја вештерка изведувајќи различни магии со или без стапче (како во Хари Потер филмовите).Сакам да имам моќ да ги контролирам елементите (вода,оган,молња,светлина и да не набројувам натаму).П.С.Секс со професор се важи за бизарна идеја?!?!?
На тест кога нема да научам ништо ке си седнам и си размислувам колку би било убаво да можам како на волшебнички да си го стопирам времето да си препишам се и готово.. па тука уште ја мавам професорката со дневник по глава или и ги фрлам кондурите низ прозор... И така имам разни идеа ама после некое време се освестувам и се вртам да си препишам нешто пошто од моево филмче ништо нема да биде
Си се прашувам како би било ако сите луѓе се искрени и лојални и добри би немало војни,расправии,сиромаштија и глад. Понекогаш си замислувам како би било ако откријам нешто ново некој нов свет,нешто поинаку ама да го задржам само за себе!