Да пливам со ајкули во некој огромен океан да можам да убијам секој што ми смета а без да платам за тоа да живеам со волци
па имам неколку посакувања,некои од нив гледам биле некаде во првите страници наведени.Епа,еве ги: да можам да бидам невидлива кога ќе посакам, да можам кога ќе си замислам некое место веднаш да отидам таму, посакувам да не псотои тагата,смртта,омразата и маката,да владее само среќа и љубов,посакувам да постоеше совршенство, посакувам да можеа сите желби на секого да се остварат, посакувам да можев да читам мисли на другите луѓе, посакувам да имаше лек за секоја болест или пак болестите воопшто да не постоеја....друго не ми текнува,ај доста се.
* кога ке си замислам желба , веднаш да ми се исполни. * да сум невидлива на еден ден * да им ги читам мислите на одредени луѓе * да летам * да бидам вештерка на една ноќ ...
Ова пред 4 години скоро. Мајко мила... Се извинувам на администраторите/модераторите на форумов. Патем, добив бизарно посакување никогаш да не ги напишев овие ствари, со вакви букви! Спојлер детска работа!
Абе ало људи, добри сте?! Јас посакувам да не ја исчитав темава или барем да ви помогнам некако да немате олку црни мисли...вампири, спиење по ковчези, убивања, тепања, апокалипси дури и откинување тестиси прочитав Да бидам искрена, се загрижив малку Да се вратам на топикот, моите бизарни посакувања освен претходноспоменатата желба се и: одлична меморија, повеќе од вообичаено развиени сетила (пр. изострен на вид за да можам да гледам минијатурни елементи и бранови што не спаѓаат во виден спектар) , долг животен век, да измислам/најдам еликсир на младоста..и да ми се исполнат сите желби
Најдобро ти е да се правиш дека ништо не си прочитала. Спојлер Btw, на која стр. е тоа со откинувањето тестиси?
Tи си крива. Ти ја актуелизира темава и ми се појави во активни И јас, нели како човек брз работа, си фатив и од почеток се си исчитав . Страв ме фаќа што ќе треба да поминувам низ хорорите со бормашини, несудени единици трансфузии и сл. уште еднаш, ама ќе стиснам заби да го побарам мислењето и ќе ти го пратам во лп
.... ..... .... .... сонувам? Ајде, ќе се направам како да не сум прочитала ништо... и ќе си се издишам тука... за моите бизарни посакувања... не се нешто подобри, но ќе си кажам. Одсекогаш сум сакала да станам невидлива и сите да помислат дека сум мртва. После кучките што молат за внимание ќе плачат и ќе се жалат на сите дека нивната „другарка“ (јас) умрела. И јас ќе им доаѓам во нивните соби. СЕКОЈА ВЕЧЕР „Паранормал Активити“ ќе се емитува во нивните соби... Исто така и тие што ќе кажат „заслужила“ ќе бидат улоги во таа емисија. И, да отсекогаш сум сакала да бидам дух и да ги терам луѓето да си вршат нужда сместа.
Посакувам да можам да контролирам со туѓи умови, да имам некое шесто сетило. Исто така сакам да ги читам мислите, да имам моќ да бидам невидлива кога посакам. Бизарно е ова. Спојлер Сакам нараквица од кожа на змија, природна.
Или јас сум премногу забегана или не читам ништо бизарно освен рандом претпоставки, размислувања и желби на просечен човечки мозок, со чесни исклучоци кои во обид да го направат нештото несекојдневно преувеличувале. Сакате да бидете вампир, ваууу колку бизарно
Хм... Ај и кас да ги кажам моите желби. - Да патувам низ времето. (најголема желба ми е) - Да имам пријател дух - Да одам на друга планета, да ја истражувам, а можеби и да живеам таму ако има живи - Да бидам волшебник (како Мерлин)
Сакам да можам да се телепортирам некаде, да слушнам што се зборува за некоја тема, да знам што се случува секогаш кога ќе посакам.
Изгледа многумина да неречам поголем дел не го разбрале зборот биарно, или го помешале со необично, исто и во други теми го мешате бизарното со необичното. Јас не сум посакувал нешто да имам што може да се нарече бизарно, можеби во сексот ме возбудуваат некои бизарни работи, но тоа не е тема во оваа тема. Она за што се однесува темата не ми текнува дека сум имал такви бизарни посакувања. Да не лупам, сега дека сум сакал да имам џакузи во спална и тоа да го сместам во категорија бизарно,