1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бизнис ангели

Дискусија во 'На работното место' започната од MerlinMonro8, 18 февруари 2013.

  1. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Епа еве одлучив тука да ја ставам, затоа што темата има врска со професија и работа, односно приватен бизнис.
    Бев на едно предавање поврзано со претприемништво, бизнис и менаџмент, некој вид на работилница, и многу пати се спомна бизнис ангели. Јас колку што разбрав тоа се луѓе кои ги финансираат во целост добрите идеи, кои секако ќе им се допаднат, а за возврат добиваат половина од фирмата, односно од заработката. Луѓето кои беа таму и кои зборуваа за нивниот успех, патем да кажам дека тоа беа успешни македонски бизнисмени, многу, многу пати спомна за овие луѓе кои помагаат. Моето прашање е дали претставата ми е точна за тоа што се бизнис ангели и каде можат да се најдат? :)
     
  2. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    991
    Допаѓања:
    1.674
    Бизнис ангелот како термин, koj e многу употребуван во светот на бизнисот и финансиите, во Македонија не доживува голема популарност, бидејќи практично вакви бизнис ангели кај нас не постојат. Но што се тоа бизнис ангели?

    Бизнис или деловни ангели најчесто се докажани претприемачи, лица кои се долго на раководни позиции, сопственици на успешни компании, како и останатите кои поседуваат капитал кој сакаат да го инвестираат во бизниси, што според нив можат да донесат брзо враќање на парите и сериозна заработувачка. Бизнис ангелите некогаш финансираат идеи дури и кога постои ризик да останат без своите пари.

    Но, вакви ангели се и луѓето кои сакаат деловно да се активираат, со активно учество во реализацијата на проектот во кој вложуваат, или како советници на менаџментот. Мотивите за овој вид на вложување понекогаш се психолошки, што значи дека и пензионерите можат преку ваков вид на вложувања да ја продолжат работната активност и да докажат дека и натаму се способни за успешни деловни иницијативи.
     
  3. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Мене ми беше предобро за да биде вистинито и затоа ја отворив темава, а најдов и нешто друго
    http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DA33E ... 2E0AA3A2E7
    http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomij ... elite.aspx
    http://www.makdenes.org/archive/news/20 ... d=24207048
    што вели дека ги има и во Македонија. Инаку дали имаш некои сознанија кај кого би можела да се обратам и слично ?
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Имаше формирано мрежа на бизнис ангели во Македонија, преку проект на УСАИД; мислам дека беше некаде во 2011. Сигурно има некоја информација по интернет.
    Само искрено, не сум сигурна колку и како функционуира.

    Ќе побарам попосле по интернет, сигурно има некоја информација.
     
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Учевме на факултет за нив. Дека тоа се богати луѓе кои бараат креативни луѓе со идеи, претприемачи, кои немаат средства за реализирање на своите бизнис идеи.

    Ти ја имаш идејата за бизнисот, а бизнис ангелот ти ги дава потребните средства. Потоа приходите се делат по претходен договор.

    На Запад се многу развиени и на овој начин се отворени многу бизниси.
    И многу луѓе кои немаат ни пара, а се паметни и амбициозни можат да станат богати.

    За жал кај нас уште непознато нешто. Тешко дека некој би ти дал пари, верувајќи дека ќе направиш бизнис. А, за ова се потребни и навистина многу богати луѓе, за кои бизнисот дури и да пропадни, тие не се во некоја финансиска криза. :)
     
    На eliesaab и homealone им се допаѓа ова.