1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бизнис- цвеќарница

Дискусија во 'На работното место' започната од feminka021, 10 ноември 2012.

  1. feminka021

    feminka021 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Што мислите за цвеќарница како бизнис? дали е исплатливо да се отвори цвеќарница? :) Споделувајте мислења и искуства :)
     
  2. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    зошто да не е исплатливо ако имаш идеа и можности да ја отвориш на неко е место каде што нема цвекраница префектно би била има доста луѓе што сакаат цвеќиња јас сум една од нив доам немам место каде сите да ги ставам зимно време кај мене е хаос на секој чекор саксија со цвеќе.
     
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Топ работа,поубава работа здравје,со среќа. ;)
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.390
    Многу сакав да работам во цвеќарница порано. Сега веќе не, поради алергијата на полен :D

    Мислам дека е многу убава работа, и како и за се друго, треба да одбереш добра локација, и да нудиш нешто несекојдневно - поинакви и несекојдневни аранжмани.
     
  5. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Мислам дека би било многу исплатливо доколку е на добра-прометна локација,а при тоа за просторот да не се плаќа кирија .Инаку аранжирање на букети,икебани,венци мене ми е многу креативна работа,а во едно и смирувачка.
     
  6. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    ПА би била многу добра работа според мене да се има цвеќарница.За да успее пред се треба да се има добра локација,пристапн цени и поинакво аранжирање на цвеќето за разлика од останатите.Треба пред се да се има креативност и идеа за да се работи оваа работа.
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Креативна работа е, ама мислам дека повеќето цвеќарници си го сфаќаат терминот во буквална смисла, ама пребуквална.
    За мене, добра цвеќарница не е онаа каде има најдобар избор на цветови, ами онаа во која најдобро знаат од едно цветче да направат убавина. Едно герберче да е, ако е убаво излицкано и декорирано, веднаш е поубаво за око, а искрено, ретки се тие кои дозволуваат фантазијата да работи. Повеќето цвеќарници кои сум ги посетила, можам да речам дека имаат слични (да не речам исти) начини на работа и мене тоа ми е досадно, а во некои случаи и кичесто - па јас самата поубаво би го суредила цвеќето.
    Исто, муабетот ми беше - убаво е кога украсуваат и кутии, онакви најобични за подароци, украсуваат кеси, рамки за слики и такамунатаму. :D
    Значи, интересно е кога прошаруваат и низ други области, а не само со аранжирање на букети и цветови. :wasntme:
     
    На Majajoy и crazylady им се допаѓа ова.
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Исплатливо е ако знаеш како да се пробиеш и истакнеш. Локацијата е дефинитивно еден од пресудните моменти ама треба да се има и некој уникатен стил, затоа што како што спомнаа претходно сите цвеќарници во последно време исто ми тераат. Баш си правев пред некој ден споредба кај нас и тука како е, тука на една улица има 3 цвеќари и сите три се различни. Истите цвеќиња во различни аранжмани, со различен стил, да не можеш да им се изнагледаш. И сите купуваат цвеќе како гратис да го даваат а скапо е. Кај нас може и немаме ни култура ни стандард да купуваме цвеќе за по дома, обично само за со намена оди тоа.
    Мислам еден од проблемите е што има само неколку скопски цвеќарници што соработуваат со поголемите хотели/ресторани за свадби и слично и тука се вадат многу пари. Реално само од букети тешко дека ќе опстане цвеќарницата, така да по мене пресудно е да се пробие во овој дел.
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Исплатливо е можеби ако сама ти како газдарица знаеш да ја работиш таа работа.. А ти да изиграваш газдарица само без еден ден да работиш таму, не е исплатливо. Треба потење газот. Треба иновација нон стоп, треба пратење на мода и трендови. Има и во цвеќарството мода.
    Друга битна ствар е локацијата. Немора да е на место каде е најпрометно во градот. Битно е да има пред цвеќарата кола каде да се паркира, затоа што секој доаѓа, застанува купува и оди, ако нема каде да се паркира ќе те одмине. На се се гледа. Немора да си во центарот на градот, исплатливо е и да си на успат на некоја црква, на успат на некое матично и други локации за каде цвеќе треба.
    Јас на пример, работев во Велес во цвеќара која беше на најубаво место во градот, имаше каде напред да се паркираш, цвеќара со солидна големина, каде и да одиш од таму мораш да поминеш, и на гробишта и во црква и во матично. Не се фалам навистина, ама додека јас работев таму солидно работеше цвеќарата, откако отидов, несакаа да вработат друго девојче, газдарицата и маж и работеа шаблонски, а маж и поима немаше од цвеќе туку ете чисто колку некој да држи смена, плус баба и доаѓаше, жената стара незнаеше ни поклон да спакува. Така што, затворија за брзо време. Така е тоа во тој бизнис, сака цело време да бидеш во чекор, или чекор понапред од времето, да измислуваш нови работи, и најважно од се, треба да САКАШ да го работиш тоа. Тоа е работа која се работи со срце.

    Сега овде каде што живеам пак работам во цвеќара. За овие 3 години колку што немав допир со аранжирање пратев нон стоп по инернет затоа што ме интересира аранжирање, пратев мода во пакување, и се што научив за овие 3 години, пренесов во цвеќарата каде што работам.
    Предходно упаднав во една цвеќара овде за 8ми март испомош, верувајте дека спакував 700 букети сите на ист шаблон, 500 букети на друг шаблон и 300 на трет. Јас која сакам да работам и уживам да работам со цвеќе, ми омрзна, ги прашав тие редовно вработените зошто се пакува овака шаблонски ми рекоа народот така сака. Плус спаковано во целофани како за на гробишта. Јас знам дека тие жени знаат да работат цвеќарство, ама они знаат нешто што научиле во 90тите години и од тогаш на ваму се на истиот шаблон работеле.
    Сега во оваа цвеќара каде работам, спакував неколку цвеќиња во кутии во форма на срце, додадов и играчки во нив, ставивме на ФБ, сега гледам дека секоја цвеќара овде почнала да пакува цвеќе во кутии. Гледале и прекопирале од нас. Никогаш предходно немав видено, а загледувам пошто ме интересира, овдека некој да спакувал така. Сега пакуваат, затоа што народот видел така и сега сака така.

    И така, има многу зачкалици околу оваа работа, и многу работи се битни, незнаеш дали вложеното ќе успееш да го вратиш, затоа што сепак се работи со материјал кој има краток рок на траење. Можњби ќе го продадеш, можеби нема па ќе скапе и ќе го фрлиш.

    Јас бидејќи знам да ја работам таа работа, знам се од пакување букети, до пакување поклони, до украсување коли, би отворила своја цвеќара некогаш кога би имала можност, во почетокот додека се разработи и парите почнат да се враќаат, ќе работам сама, потоа ќе вработам друга девојка.
    Неможеш да отвориш цвеќара ако никогаш во животот не си пипнал цвеќе, и очекуваш да вработиш работник кој ќе ти ја работи цела работа за тебе. Нема ни ќар ни просперитет во таквиот есап.

    Еве неколку мои аранжманчиња.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Овој аранжман е изработен од картонски цефки, кои ги обложив со украсен материјал и доле ги залепив на картонска подлога која исто ја обложив со материјал. Повеќе време дадов во декорирање и ситници отколку во крајниот исход-цвеќето.
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    оваа е корпа исто во фазон со картонски цефки, само овде не користев подлога.
    [​IMG]

    И така...:P:P:P
     
    На kikikikirika, Stories, Mayyya и 8 други им се допаѓа ова.
  10. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Прекрасно Офи :inlove:
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.