Еве една нова тема,која мислам дека е соодветна за идниот период СОНЦЕ+ВОДА+ПЛАЖА=СУПЕР ОДМОР Но за да биде добар се разбира најпрво е битно друштвото,од кога ќе се средат сите тие работи се размислува и за бикини,каков модел ќе носите оваа година,кои ќе бидат ин,тренди,кои бои ќе бидат најзастапени....може и оваа тема да ја направиме албум.
Добро, имаме сите некоја замисла или модел што ни се допаѓа и сме го виделе на слика или каталог, но ги нема тие модели кај нас, а ниту пак слични. Мене ме интересира од каде купувате по нашиве продавници? Јас лично од Голден поинт сум задоволна и од изборот и од квалитетот, имав еден пар кој го носев подолго и сеуште не ми се развлечени. дали знете некоја продавничка, не мора да е марка каде има избор и попристапни цени?
Еве уште неколку модели што ми с едопаѓаат, па ако некпој видел слично, нека јави... Овие се од Викторија'с сикрет