Бикини имам 5 пара. Сакам да си купам едноделни ама срам ми е. Нели бапски се као, а таков штосен модел кај нас не сум начекала. Зимскиот период ми е совршенство за купување. Во лето освен од зорт не купувам. Цените се до таван. Најстарите, односно шестиот пар ама не го сметам бидејќи не го носам, го чувам затоа што ме потсеќа на candy. Розев е, со некои весели бои. Вториот најстар ми е од пред 4 години мислам, од Кара, начекав на евтино со некои шљокици, ама не се нападни и даваат многу добар изглед особено на сонце. Чоколадо боја, нечисто бела и тиркиз линии. По една линија за секоја боја. Многу ги сакам бидејќи мислам дека најубаво ми стојат. И следните четири пара: Лаванда боја И овие, тиркиз и црни. Најиритирачки костум за капење дефинитивно. Од толку зачестеност по плаживе ми стана одбивен за жал.