Дали во Lisca или Triumph има купачи со корпа и прерамки за прилагодување, поголеми бројчиња? И како се движат цените?
Касно гледам, ама да ти одговорам за Lisca. Има, да. Некни купив, јас 38D носам и си најдов, лошото е што се од сè по едно бројче и повеќето се распродадени, ама може да се најде. Јас меркам уште едни, се надевам ќе има.
Не успеав да најдам ваква тема ако ја има одма во канта Бидејќи летото веќе дојде, кажете какви костими за капење преферирате, од каде најчесто купувате, дали сакате повеќе еднобојни и слично.
Дечки, плс купаќи со висок струк знаете каде има? Гледам дека бутикот за купаќи што беше горе во ГТЦ кајшто се продаваа распар купаќи го нема веќе таму. Да не знаете каде е преместен?
Пуш ап бикини каде да најдам,ама долниот дел ми треба поголем ..односно имам колкови а гради многу мали.. затоа
Сакам едноделни купаќи. Имам носено и дводелни, ама овие повеќе ми се допаѓаат. Што се однесува до бојата, имам црно бели. Сакам поедноставно да изгледаат. Моите ги купив од Сара Фешн.