и јас имам порачано и немам убаво искуство. Стигнаа за 5 недели и големините им се катастрофа порачав М како XS да беа..неквалитетен материјал годинава си порачав од алиекспрес и сум 100 пати позадоволна
искуство со купачи од Women’secret?Имам едни бендисано ама да не испаднат како Lisca од лани...4000 ден а на прво бањање бојата им отиде
Денеска скоро цел град го свртев и не можев да најдам убави едноделни купаќи.. Од каде би ми предложиле,досека сум носела цело време дводелни а сега сум подздебеленка малце да го скријам мешко?
Сакам да купам целосни купачи/ бикини. На што треба да внимавам? Како да го одберам правилниот број/модел? Ќе купувам преку интернет.
Кажете некои дуќани по Скопјево за бикини докај 800ден. Гледав во Престиж имаат ама малку избор имаат.
Не сум од Скопје, но кога ќе дојдам не сакам да губам време, каде можам да најдам убави купачи не премногу скапи дводелни и едноделни, проблемот е што имам проблематични гради, поголеми и никако да ми се погоди
Воопшто не сум задоволна од Сара Фешн бикините, лани прво избледна бојата, годинава се извадија жиците од корпите и едната корпа се искриви. Не вредат толку. Од Шутка што купив бикини уште се такви ко нови да се а ги земав смешни 400денари. Сега треба да барам горен дел, во Ваикики дали има? Не сакам веќе корпи.
Битола во Ваикики нема голем избор тие што беа мене лично не ми се допаѓаат. Да видиш во Дуки Дасо дали има само горен или Њујоркер.