Каде можам да купам/нарачам бикини за горниот дел со голема корпа? Да не бидат од оние старските без жици и корпи.
Девојки дај кажете од каде да купам некои поефитни едноделни купачи? Зошто сум трудна само оваа година ќе ги носам и не ми се исплаќа да фрлам по 2000-3000.
Имам едно смешно прашање, вие што сте бели и боја фаќате скоро па ич, која боја на купаќи ја преферирате?
Црвени. Исто и праска боја ама од онаа фосфорната, не стои лошо иако теоретски е за исунчан тен. А бела сум да ослепи чоек кога ќе ме види.
Не ја гледам толку бојата туку моделот дали ми одговара спрема формата на телото Порано носев некои дречави (секогаш изгорам па доаѓаат до израз), сега почнав да си купувам црни и баш убаво изгледа
Кажете некои продавници за квалитетни костими за капење и beachwear. Освен Бонати, Лиска, woman’s secret и esotiq, таму се ми е прегледано и купено. Небитна цена само да се убави и квалитетни.