Предлог продавници каде може да се купи најобичен горен дел, модел како градник? Овој период веќе доста од купачите се распродадени и има останато само мали броеви или модели што не ми одговараат.
Јас пред една недела од Бонати порачав баш таков и супер е. Можиш на страната да си видиш. Неколку модели беа.
Женски, која од продавнициве низ Ск има убави модели на бикини во смисла убаво да стојат на тело? Да не се скапи не ми е битно за брзо сушење само телото да го прават убаво. Порано од котон беа такви сега некако сменети се.
Дали има некој купувано купачи од Дуки Дасо? Дали се квалитетни? Брзо да се сушат и да не се распаѓаат по неколку мислења?
Од Лиска, не ги менувам за ништо, најдобри бикини имаат. Можеш и онлине да нарачаш и бројот е ист не се менува кај сите модели.
Tаму знам поскапички се ама ќе видам баш.. Инаку по овие сф, дуки дасо не ми се свиѓа долниот дел ма купаки зашто не се барем со среден струк туку сите или со низок или со превисок.