Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Билакс

Дискусија во 'Диети' започната од sara19, 21 јуни 2011.

  1. bozepetra

    bozepetra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    1
    Алкалакс

    Еленче, и јас имам проблем со столицата па мислев да почнам со овие апчиња само сакав да те прашам тебе кој ти ги препорача, дали треба препорака или рецепт од доктор?
    Фала однапред :)
     
  2. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    5.203
    Пол:
    Женски
    Алкалакс

    Пријателка на мајка ми ги користела, па после мајка ми се распрашала во аптека дали има врска возраста, дали ствараат зависност и и рекле дека дека не :) Пишива од едно до 2 апчиња, прво земав по две, сега едно ми е доволно.
     
  3. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Алкалакс

    Го пијам само по потреба бидејќи ги имам најмрзливите црева на планетава, па кога не сака своеволно, мора под присила. Инаку нема блага веза со диети, гледам сте спомнале претходно, значи од него не се слабее, мене ми го препорачаа на доктор, чајов е стрикно за луѓе на кои единствено решение им е да одат нормално во вц. Создава зависност ако го користиш секој ден, затоа се пие само во исклучителни и вонредни состојби.
     
  4. bozepetra

    bozepetra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    1
    Алкалакс

    Точно, и мене ми беше препорачан од интернист и тоа само по потреба. Инаку, дали сите вие што имате нередовна столица имате некое килце плус? Јас на пример имам плус 4-5 кг и мислам дека токму тоа е проблемот, не сакам да бидам на диета зошто тогаш имам уште поголеми проблеми со столицата така што воопшто нема ефект или пак многу мал.
     
  5. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Алкалакс

    Пробав еднаш, зашто навистина више пукнав, и од рицино, и од сливи, ошавки, мушмули, зоб и сено. :envy:
    Сериозно, метаболизмот ми е бавен, а резултира со речиси хронична опстипација.
    Го употребив еднаш, испив само една кесичка пред спиење, утрото се ослободив од затворот, но со болни и максимално непријатни грчеви во стомакот.
    Инаку точно е дека создава зависност, некаде и имуност на сената. Не е препорачлив за честа примена.
     
  6. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Алкалакс

    Го користам некогаш затоа што често добивам запек, не заради диета или слабеење. Стомакот ми се подувува по 6/7 дена не одам во wc и стомакот ми станува како на бремена. :sweat:
    Инаку нема многу фајде барем кај мене. Треба ли 2/3 вечери да се пие по ред или доволно е само еднаш? Јас секако пробав, и еднаш во една недела и ништо, потоа 2/3 вечери по ред пиев и пак ништо. :sweat:
     
  7. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Алкалакс

    Каква ти е исхраната, што највеќе јадеш во денот? Дали се бавиш со некој спорт? Колку течности пиеш?
     
  8. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Алкалакс

    Па насабајле во школо баничка или смоки, чоколатца такви работи, дома повеќе сме на сува храна домашно готвена али сува :)
    Од течности најчесто пијам вода, после секое јаденје по еден поголем филџан.
    Со спорт не се бавам, спорт ми е само одењето до школо и назад по 10 мин и на физичко два пати во неделата и то :worried:
     
  9. b.u.b.i

    b.u.b.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Алкалакс

    Јас веке алкалакс го пијам 3-4 дена и стварно има ефект, секој ден одам редовно во WC, а некогаш ми се случува и по 3 пати да отидам..знам дека не е здраво ама што да правам кога имам многу спор метаболизам...ми се случва и по 6 дена да не одам и потоа стомакот ми е како бремена жена :(...ќе го пијам чајот 1 недела па потоа ќе направам пауза и пак ќе продолжам 1 недела... Дали некој знае колку време треба да трае паузата?? :)
     
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Алкалакс

    Извини не сум видел дека си пишала :).

    Храната ти е катастрофа (тоа што го спомна) и воопшто не е чудно дека имаш запек, скоро секој би имал со таква храна.

    Почни секој ден да јадеш свежи салати од зелечук: морков, цвекло, пашканат, целер, зелка (пресна или кисела) во комбинација со квалитен протеин. Млеко и млечни производи намали а банички, смоки, еуро кремови скроз укини неколку недели или барем драстично намали ги. Бел шеќер, бело брашно и млечни производи на миниум, важи и за тестенини од бело брашно а посебно за бел леб.

    Сабајле место баничка ќе јадеш мусли со да речеме рендана јаболка и сецкани или мелени бадеми, ореви или лешници. Место бел ориз почни да јадеш интегрален.

    Ако можеш земи и Ацидофилус капсули за припомош на цревната флора.

    Еднаш на ден накисни суви смокви и суви сливи и изеди ги, помагаат да се разработи перисталтиката на цревата.

    И многу важно, почни со секојдневна физичка активност од барем 15 мин па постепено наголемувај на пола саат. Зумба, Тае Бо, Аеробик, џогинг, скокање на јаже, хула хоп, седно што но битно е да се размрдаш комплетно. Ако си ептен мрзичка за вежбање барем кога одиш оди брзо и движи ги рацете (брзо одење) и тоа ќе има некаков ефект.

    Поатојат и вежби за стомак од јога, Удијана Бандха на пример, научи ја и прави ја неколку пати на ден на празен стомак, супер масажа е за цревата.

    Мислам дека ќе бидеш изненадена од резултатите и за неколку месеци ќе заборавиш дека си имала проблеми :).
     
    На Nausicaa, DeMelo, INSIDIOUS и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Ellena07

    Ellena07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    12
    Алкалакс

    А каде можам да го најдам овој чај?..И колку чини?
     
  12. b.u.b.i

    b.u.b.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Алкалакс

    кој чај ?? темава е отворена за чајот АЛКАЛАКС, а овде гледам дека пишуваат коментари за други чаеви, здрави исхрани, вежбање... така да незнам како да ти одговорам.....
    А АЛАКАЛАКС го има во аптеки и во некој поголеми маркети, чини околу 60 ден. Вреди да се пие затоа што има неверојатни резултати... се пие еднаш во денот (пред спиење) и утредента пожелно е цел ден да бидеп дома ахаахахха :D :D се надевам дека помогнав!
     
    На Ellena07 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ellena07

    Ellena07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    12
    Алкалакс

    Дада мислев на овој час АЛКАЛАКС..Сепак благодарам многу :)
     
  14. b.u.b.i

    b.u.b.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Алкалакс

    повели и друг пат, затоа сме овде, да си помагаме :) па ако веќе го користиш пиши како ти делува..јас сум презадоволна,секоја вечер го пијам и секое сабајле сум во WC.. :D
     
  15. lalalove

    lalalove Активен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    здраво девојки ми препопача многу девојки овие апчиња за слабење ,значи овие се са прочистување и така јас од утре почнувам со посење пошто сум муслиманка и кај нас посењето е малку драстично не се јаде ништоцел ден само во оцѕм еднаш и толку и јас си мислев после јадење да кжги користам овие па така и оној еден пат што че јадам да го извам и да исгубам некоје килце пошто многуу сум сдебелила овој последно време ;( ...висока сум 1.67 а имам 72 кг :tmi: ...што би ми цоветувале вие да ги користам или не или некоја друго метода пошто ова ми е многу соодветно време за слабење ..
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.101
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да си го зезнеш здравјето, користи Билакс за диета.

    Билакс се апчиња наменети за проблеми со тврда столица и се многу јаки и штетни за организмот ако немаш ептен зор за нив. Ако сакаш да ослабеш на таков начин и мислиш дека ќе ослабеш на таков начин (со почесто одење по надвор), поарно пробај со природни диуретици, пример црни суви сливи на гладно срце (или свари 2-3 во џезве со вода додека да омекнат и стане густа течноста после испасирај ги внатре и така испи цела шоља - исто препорачливо на гладно), една банана одма после кафето, евентуално комбинација на кафе и тоник/швепс и тн.

    Јас понекогаш имам проблеми со тврда столица, ама Билакс ми е последна солуција, ептен кога другиве не помагаат. Исто така, избегавај сува храна и пиј многу течности.

    Диета со Билакс, никако!!! За твое добро.
     
  17. Felicia

    Felicia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    56
    И така ќе почнеш да постиш и да јадеш само еднаш во денот...сигурно ќе ослабеш некое кило додека ти трае постот.
    Не се играј со овие апчиња! И јас сум слушнала и читала дека ги пијат за слабеење ама проблемот е што може организмот да ти стане зависен од нив па после да неможеш да отидеш во тоалет без да се напиеш апче.
     
  18. vikule89

    vikule89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    7
    никако немој да користис билакс ....јас работам во аптека и ке ти казам декапри појава на мрзливи црева т е доколку имас тврда столица билаксот мозе да ти помогне но доколку цревата ти функционираат во ред тогас добивас контра ефект односо со билаксот само ке си ги расипес цревата за цел зивот а мозно е да добиеш и други посериозни заболуванја како чир и така натаму...ако веке сакас да слабнес со тој еден оброк пиј сок од лимон и јаболков оцет......ти посакувам срека поззз