Били Ајлиш (Billie Eilish)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Stephen Amell, 14 април 2020.

  1. Stephen Amell

    Stephen Amell Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    10.244
    Пол:
    Женски
    Били Ајлиш Пајрат Беирд О'Конел (Billie Eilish Pirate Baird O'Connell (родена на 18 декември 2001 година) е Американска пејачка и текстописец. Нејзиниот деби сингл, "Ocean Eyes" станал популарен и акумулирал 132 милиони прегледи на Spotify во октомври 2018. Нејзиниот деби EP "Don't Smile at Me", бил издаден во август 2017.

    "Ocean Eyes" била издадена како деби сингл на SoundCloud во 2016 година. Музички спот бил објавен на 24 Март 2016 година. Таа година, исто така, го објавила и синглот "Six Feet Under".

    Следејќи го успехот на ремиксите на "Ocean Eyes" , Ајлиш го објавила синглот "Bellyache" на 24 февруари 2017. На 30 Март, ја објавила песната "Bored" како дел од саундтракот за серијата на Нетфликс 13 Причини Зошто.

    На Греми наградите оваа година, освои пет златни грамофони:
    • Bad Guy за песна на годината и најдобра снимка на годината.
    • греми за најдобар нов уметник на годината
    • за албум на годината за нејзиниот прв албум „When We All Fall Asleep, Where Do We Go?“ (кој беше награден и во категоријата поп вокален албум).
    Која песна прва ја слушнавте од Били?
     
    На Sweetlove_0312, @ster@ и Ketchup им се допаѓа ова.
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    3.142
    Bad guy нон стоп ја вртеа на мтв па мислев дека е раперка. А уствари само таа песна и е исклучок од стилот другите се полежерни и потивки.
     
    На smile:) и @ster@ им се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.262
    Допаѓања:
    4.699
    Пол:
    Женски
    Кога ги слушам песните на оваа млада ѕвезда во исто време ми направија тажни и среќни чувства
     
  4. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.705
    Допаѓања:
    9.162
    Пол:
    Женски
    'Ocean eyes' и 'Everything I wanted' посебно втората имаше период кога ги слушав 24/7..
     
  5. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    2.154
    На Sweetlove_0312, nevermet18 и Ketchup им се допаѓа ова.
  6. Ava.84

    Ava.84 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    20.475
    Пол:
    Женски
    Everything I wanted и ми е меѓу омилените
     
    На Juicy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    2.453
    Допаѓања:
    11.639
    Пол:
    Женски

    Ремек дело и е ова. Кога ја слушам како да ме враќа во некое друго време. Преталентирани се и таа и брат и. Се им е заслужено.
    Само на лајв настапи многу црка публиката и не се слуша баш Били
    Едит. Оваа песна беше прва што ја слушнав од неа
     
    Последна измена: 15 април 2020
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Мариаа.

    Мариаа. Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    2.151
    Допаѓања:
    15.852
    Пол:
    Женски


    Фејв ми се.
    И ептен ми се свиѓа што лајв звучи уште подобро.
     
  9. Brunhilde

    Brunhilde Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2019
    Пораки:
    2.575
    Допаѓања:
    22.224
    Пол:
    Женски
    Оваа песна ја слушнав прв пат:
     
    На Sweetlove_0312 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.161
    Допаѓања:
    141.969
    Ќерка ми ја слуша. :lol:
     
  11. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.917
    Допаѓања:
    37.141
    Пол:
    Машки
    За Ocean Eyes дознав уште кога излезе. Баш во период кога имав симпатија со сини очи и ептен бев опседнат со песната. :$
    После помина доста време без да слушнам нешто од неа. Мислам дека некаде видов слика од спотот на you should see me in a crown и така пуштив неколку нејзини спотови и се опседнав со музиката. Генерално омилените песни ми се во првиот EP. hostage, bellyache, watch, COPYCAT... уствари, сега кога ќе размислам, сите песни од тој EP-то се песни кои не мислам дека некогаш ќе престанам да ги слушам.
     
  12. hellocity

    hellocity Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.262
    Допаѓања:
    4.699
    Пол:
    Женски
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.048
    Допаѓања:
    160.511
    Пол:
    Женски
    Не сум некој хардкор фан, но ја слушам одвреме-навреме и си ја сакам ко лик, голем млад талент е кој добива многу безвезе и незаслужен хејт за сешто.
    Мислам дека од дуетов со Khalid - Lovely ја открив, емотивно песниче во кое баш ѝ доаѓаат до израз вокалните способности. Другите песни повеќето ми се онака малце edgy :D, ама доста заразни и quilty pleasure. Everything I Wanted ми е омилена и најдлабока, исто и во оваа за саундтракот на новиот Бонд филм многу ми се допаѓа како звучи :)

     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    1.233
    Допаѓања:
    6.549
    Пол:
    Женски
    Од почеток кога стана попопуларна ми беше од некоја причина одбивна, поим немам зошто ама ваљда ми се чинеше дека е ептен влезена во филм и не ја сакав...ама почнав полека полека да ѝ ги слушам песните па така ми спласна неоправданиот хејт кон нејзе :D и сега сѐ слушам од нејзе.
    Многу е талентирана, нема збор за тоа, предобар глас и прекрасни настапи во живо.
    А толку е млада.
     
  15. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.335
    Допаѓања:
    2.075
    Пол:
    Женски
    Прва песна што ја имав слушнато беше Copycat и онака ми беше во тој период,ништо посебно. Подоцна кога слупав други песни сфатив дека имаат навистина поинакво и подлабоко значење. Дефинитивно една од највпечатливите и најталентираните пејачки во поново време, според мене. Има свој стил од почетокот и се држи до тоа. Исто така, сметам дека нејзиниот брат Finneas е преталентиран, но за жал не толку познат. Омилени песни од постарите ми се Bellyache, You should see me in a crown и I love you, а и двете најнови ми спаѓаат тука, Everything I wanted и No time to die.
    Едит: Морам да ја вбројам и Watch во омилените, сум ја испуштила.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nevermet18

    nevermet18 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    1.697
    Допаѓања:
    4.984
    Пол:
    Женски
    Ја слушав Ocean eyes уште кога излезе, ама немав појма дека е нејзина песна. Кога се прослави со bad guy некако ме нервираше песната, чудна ми беше, ама кога ѝ ги слушнав другите песни ептен ми се засвиѓа како пејачка. Омилени ми се Lovely и Everything I wanted.
     
  17. @ster@

    @ster@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
  18. Dannyz01072017

    Dannyz01072017 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
  19. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    7.448
    Пол:
    Женски
    Омилена ми е уште од првиот пат кога ја слушнав.И ги открив сите нејзини песни. Некои се депресивни, а некои интересни се, со убав ритам. Прва ја слушнв Bad Guy
    Омилени песни ми се сите
    Најмногу овие

     
  20. smile:)

    smile:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    675
    Допаѓања:
    2.045
    Пол:
    Женски
    Прва песна што ја слушнав беше Lovely и веднаш ми се допадна и се уште ми е омилена нејзина песна :inlove:
    Многу ми се допаѓаат и Bad guy и Everyone i wanted.

    А и многу е талентирана
     
    На @ster@ му/ѝ се допаѓа ова.