Колку читате биографии? Мислите дека има убави работи кои можат да се прочитаат за некој ваш омилен писател, актер.. или воопшто не се пронаогате? Еве јас искрено никогаш не помислив дека некогаш ке читам биографии, а сакам книги. Но ме заинтересира животот на Стив Јобс. И секогаш кога ке најдев нешто за него неможев да не прочитам Пред се затоа што бил бизнисмен, претприемач... но исто така затоа што извршил револуција во шест различни индустрии: персоналните компјутери, анимираните филмови, мобилните телефони, музиката, таблет компјутерите и дигиталното издаваштво.
Читам биографии, нормално покрај делото.Уште поголем впечаток ми даваат, повеќе информации за создавањето на истото, интересни ми се.Се што ќе прочита човек е плус, со тоа ништо не губи, само добива.А секако дека човек може да се пронајде себе си во нечие дело, биографија, повеќе или помалку, затоа што луѓето минуваат низ исти или слични ситуации од животот, но и не значи дека би биле идентични, целата работа е што тоа овозможува да се добие одредена слика за реалноста.
Сакам да читам биографии, иако македонското издавштво не им е баш наклонето. Ја имам прочитано автобиографската Во постела со демонот на Ерика Јонг и ме воодушеви, една од најомилените книги на списокот. Безуспешно пробувам да ја исчитам автобиографијата на Маркез, премногу е обемна, и многу влегува во детали, богато и сложено, не е за секој ден, туку бара потполна читачка концентрација. Воедно, предложете некоја добра биографија на македонски јазик. Јас ретко налетувам на истите.
Има една интересна едиција во издание на Топер која вклучува романизирани биографии на познати уметници. Јас ги прочитав Мулен Руж (за Лотрек) и Жед за живот (за Ван Гог), а колку што знам има уште неколку книги во едицијата. Сакав да го прочитам и романот за Микеланџело но не успеав да го најдам. Двете што ги прочитав се интересни. Секако, не се чисти факти и ништо не кажува за уметникот повеќе од неговото сопствено дело, но вака романизирани приказни некако ја доближуваат личноста повеќе. Ова сега го видов на веб страната на Топер и ме заинтересира, ќе го побарам: http://toper.com.mk/toper-izdanija-1/be ... ratot.html
Кога читам книги онака, он љубопитност ја прочитам и биографијата. Инаку на книгата „Првата љубов во розевата улица“ многуме насмеа во биографијата писателната имаше напишано родена таа и таа година по сеуште непознати причини.
Читам биографии само кога треба да раскажам некоја лектира и затоа морам и да напишам биографија за писателот.
Дечки темава е за Биографија како литературен жанр, не се мисли на краткиот текст од последната страница на романите што се чита нормално покрај делото. Нели?