1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Биографија

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Justinna, 20 март 2012.

  1. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    Колку читате биографии? Мислите дека има убави работи кои можат да се прочитаат за некој ваш омилен писател, актер.. или воопшто не се пронаогате?

    Еве јас искрено никогаш не помислив дека некогаш ке читам биографии, а сакам книги.

    Но ме заинтересира животот на Стив Јобс. И секогаш кога ке најдев нешто за него неможев да не прочитам Пред се затоа што бил бизнисмен, претприемач... но исто така затоа што извршил револуција во шест различни индустрии: персоналните компјутери, анимираните филмови, мобилните телефони, музиката, таблет компјутерите и дигиталното издаваштво.
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Читам биографии, нормално покрај делото.Уште поголем впечаток ми даваат, повеќе информации за создавањето на истото, интересни ми се.Се што ќе прочита човек е плус, со тоа ништо не губи, само добива.А секако дека човек може да се пронајде себе си во нечие дело, биографија, повеќе или помалку, затоа што луѓето минуваат низ исти или слични ситуации од животот, но и не значи дека би биле идентични, целата работа е што тоа овозможува да се добие одредена слика за реалноста.
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Сакам да читам биографии, иако македонското издавштво не им е баш наклонето.
    Ја имам прочитано автобиографската Во постела со демонот на Ерика Јонг и ме воодушеви, една од најомилените книги на списокот.
    Безуспешно пробувам да ја исчитам автобиографијата на Маркез, премногу е обемна, и многу влегува во детали, богато и сложено, не е за секој ден, туку бара потполна читачка концентрација.

    Воедно, предложете некоја добра биографија на македонски јазик.
    Јас ретко налетувам на истите. :)
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Има една интересна едиција во издание на Топер која вклучува романизирани биографии на познати уметници. Јас ги прочитав Мулен Руж (за Лотрек) и Жед за живот (за Ван Гог), а колку што знам има уште неколку книги во едицијата. Сакав да го прочитам и романот за Микеланџело но не успеав да го најдам.

    Двете што ги прочитав се интересни. Секако, не се чисти факти и ништо не кажува за уметникот повеќе од неговото сопствено дело, но вака романизирани приказни некако ја доближуваат личноста повеќе. Ова сега го видов на веб страната на Топер и ме заинтересира, ќе го побарам: http://toper.com.mk/toper-izdanija-1/be ... ratot.html
     
  5. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    16.767
    Кога читам книги онака, он љубопитност ја прочитам и биографијата. Инаку на книгата „Првата љубов во розевата улица“ многуме насмеа во биографијата писателната имаше напишано родена таа и таа година по сеуште непознати причини. :D
     
  6. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Читам биографии само кога треба да раскажам некоја лектира и затоа морам и да напишам биографија за писателот.
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Дечки темава е за Биографија како литературен жанр, не се мисли на краткиот текст од последната страница на романите што се чита нормално покрај делото.

    Нели? :?:
     
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Би требало. :) Стив Џобс како што знам не напишал книга.
     
  9. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Често читам биографии. Интересни ми се! :)
     
  10. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Знае некој каде во Скопје можам да ја најдам Биографијата на Стив Џобс ама на англиски ?