Биографските филмови се неизбежен дел од кинематографијата. Лично мене многу ми се допаѓа оваа категорија. Препорачајте. Споделете го вашиот омилен филм од овој калибар. Дајте мала рецензија за истиот...
Control. Филм за животот на Ian Curtis од Joy Division. Проследен со музиката од бендот, историјата на бендот и тоа колку е истата поврзана со неговата приватност, колку влијае на него Joy Division, и колкав дел од себеси залага во музиката. Одличен филм, мене многу ми се допадна.
The Basketball Diaries биографски филм за Jim Carroll кој уште на 15 годишна воздраст се сретнува со дрогата, сексот, алкохолот, кражбата и се откажува од својот сон да биде кошаркар.Предобар филм кој ќе те остави без зборови.
„Живот во розево“ - биографски филм за познатата шансоњерка Едит Пиаф. Доколку сте љубители на европскиот филм ќе ви се допадне.
The Hurricane (1999 film) - Ураганот Филм за боксерот Рубин Картер - Ураганот, кој е неправедно осуден за тројно убиство. Главна улога Дензел Вашингтон. The Pianist (2002) - Пијанистот Филм за музичар, кој благодарение на својот талент успева да преживее во војната. Главна улога Едриен Броди.
The Iron Lady (2011) - овој филм би требало да го репризирам, Мерил Стрип се надмина себеси во улогата на Маргарет Тачер, толку што не бев сигурна која од двете личности ја гледам, навистина извонредна трансформација вредна за сите признанија. Bohemian Rhapsody (2018 ), за Фреди Меркјури и групата Квин. Филмот е малку насочен кон тинејџерската публика, но се на се паметно склопена приказна каде секое делче добива смисла. Еден од најдобрите и најпопуларните филмови на минатата деценија, насловен според автобиографската песна на Фреди.
Омилен жанр, има доста добри биографски филмови, еве неколку од омилените кои стварно вреди да се одвои време Woman in gold Станува збор за еврејка која успеала да побегне од ужасот во Германија, потекнува од богато семејство, после долги години ќе се бори да ја земе назад прекрасната слика од нејзина тетка која била заплетена. A beautiful mind Оскаровски филм за еден математичар, прекрасна сторија. catch me if you can филм за фалсификатор на чекови кои ќе направи превара со милиони долари и агент од ФБИ кој постојано го брка. king’s speech уште еден оскаровски филм за кралот Џорџ татко на принцезите Маргарет и Елизабета, крал со говорна маана кој неочекувано е приморан да го превземе тронот по абдицирањето на неговиот брат. goodfellas еден од најдобрите мафијашки филмови на сите времиња со одлична екипа на актери. untouchable Француски филм со посебна сторија, едно необично и топло пријателство, филм за различностите кои ќе се спојат на неверојатен начин
Го гледав неодамна новиот biopic за Витни Хјустон, I Wanna Dance With Somebody. https://www.imdb.com/title/tt12193804/ Глумицава ја имам гледано во повеќе серии и никогаш не ми оставила којзнае каков впечаток. Овде ме изненади, ми се допадна во улогата на Витни Хјустон. Донесе некоја ведрина на екранот. А филмот онака, некоја златна средина ми беше, просечен. Не се обиделе да го направат поуникатен, немаше нешто што би го издвоило. Песните и гласот на Витни си го направија своето. Други кои високо котираат на мојата листа се Darkest Hour со Гери Олдман (фантастична трансформација и одлична улога). И Amadeus. Навидум личи на доста долг филм, но така маестрално направен, што ниту една минута не е досадна.
What's Love Got to Do with It (1993) Од порано сакав да го предложам, ама заборавав и ете, така се погоди. Според книгата на Тина Тарнер, нејзината автобиографија oд 80-те. Многу убаво филмче, заедно со Боемска рапсодија ми се омилени филмови за познати музичари.