Веќе има теми за хемија и математика, па се одлучив да отворам тема за мојот омилен предмет - биологијата. Освен биологијата, ми се допаѓаат и нејзините подгранки како што се биохемијата, молекуларната биологија, генетиката, анатомијата и слично. Најмногу ми се допаѓаат темите за човекот, неговите животни процеси од кои најинтересни ми се размножувањето, дишењето, излачувањето и движењето. Ги сакам и темите за вирусите и микроорганизмите. Всушност, мислам дека скоро се од биологијата ми е интересно и за мене блиско. А и биологијата го проучува се она што се случува околу нас и во нас, како функционираме ние а и целиот жив свет околу нас. Во оваа тема можеме да зборуваме за биологијата, дали ви се допаѓа, како ви оди, што оцена имате по биологија.. како и за нејзините подгранки и ако нешто ве интересира можете да ме прашате и ако знам ќе ви кажам.
Мене во средно ми беше омилен предмет. Кога и да ме прашаа моите што учиш? ја викав Биологија, зашто стварно само тоа учев , и константно имав 5-ка . Со љубов си учев Биологија, и баш бев горда што на секое тестче си вадев 5-че
Биологија беше предмет што најмногу го учев, ама буквално.Во 3та година си отварав книгите и тетратките од 1ва и 2ра за да повторам, да ги поврзам убаво работите.Немаше параграф и скица од цела книга што не ги знаев, не се шалам. Сето ова не беше од моја преголема љубов кон биологија, туку заради многу строгата професорка. Спојлер Кој учел во Корчагин знае Ама затоа и ден денес да ме прашате нешто одма можам да ви одговорам. Најинтересно за учење ми беше генетика, ептен го сакав тоа.Најдосадни ми беа растенијата
Мојот омилен предмет Секоја тема, се што е поврзано со биологијата го сакам, ама баш се. Никогаш не ми е тешко да учам биологија, а и мојте размислувања се да се запишам на факултет поврзан со биологијата( иако незнам кој е по поврзан). Се мислам меѓу фармација и биохемиско - физиолошка насока на ПМФ ( се недавам некоја феминка заљубена во биологијата како мене ќе ми каже што е подобро, поповрзано)
^ jас сум на пмф биологија, биохемиско физиолошка насока, и морам да признаам дека е доста тешко, иако имам завршено медицина сепак треба мн труд бидејќи професорите мн бараат, ама сепак на крај се исплати. додека за тој на фармација не знам има доста од мојот клас што отидоа таму и викаат дека им е полесно, ама мислам дека е таму со 3 год
Сега во трета година анатомијата ја учам со задоволство, не заради оценка туку поради тоа што сакам медицина.. ама растенијата во втора беа pain in the ass, ја пуштив корења дур да ги научам. Инаку, каква работа следи доколку студирам на Молекуларна биологија?
Па со оглед на тоа дека сум на биологија ( биохемиско физиолошка насока ), не можам да кажам ништо друго освен дека си го обожавам факултетот Биологијата е предмет којшто те привлекува и те тера да истражуваш, област која нема граници. Сите оние коишто сакаат природни науки, мислам дека не може да не ја сакаат биологијата Сите гранки на биологијата ги сакам, но за растенија не е баш моја омилена тема
Јас па највеќе не ја сакам. Не знам, уште од мала имам створено некоја одбивност кон предметов ( не е до наставникот, значи самиот предмет како наука ) и не можам ама ич да го учам. Не знам едноставно, на пример еве физиката ми е омилен предмет пошо можам во главата да си замислам и да си го визуелирам целиот тој процес на одвивање на одредени работи, додека коа е у прашање биологијава, некако немам ни најмала идеја како тоа би изгледало. Знам нешто од нешто, ама сигурно не бидејќи сум научила од мерак
Имам учено и биохемија и анатомија Биологија е многу интересен предмет според мене и ми оди добро, најомилен ми е делот за животните
Заљубена , Со биологија е поврзана медицина, ветерина, молекуларна биологија со генетика, стрикно биологија на ПМФ е најповрзана, додека фармацијата не е блиска со биологија, туку повеќе со хемијата.
Еден од моите омилени предмети во основно. Во средно не учевме биологија. Да се пофалам, за едно полугодије 5 5ки редив. Едното го добив само за еден збор што го реков. Кога ќе учевме за нешто за кое сум видела документарец, јас ќе предавав. Наставникот имаше некои тегли, со секакви морски животни. Интересно ми беше да ги гледам. Работев и проекти, и никогаш не ме мрзеше, дури сама работев.
А по завршувањето на биохемиско физиолошка насока кои работни места се отвараат, што можам да работам? бтв ти пишав ЛП ама незнам дали ти е стигната бидејќи нешто не ми се во ред пораките, ти ја испратив пораката а се уште вели дека се испраќа Ако може да ми одговориш, или некој друг што знае
Биологијата ми е еден од најдосадните предмети. Петки имам но со сила учам и дефинитивно ми треба ного време додека да научам.Ако лекциите по останатите предмети ги прочитувам по 2 пати за лекциити по биологија ми треба 4 И не гледам ништо интересно во овој премет што ке ми привлече внимание за да седнам со мерак да учам.
Од оваа година биологијата ми е изборен предмет. Инаку го учам веќе 7 години. Како наука ме привлекува. Но некои одделни гранки од биологијата не ме привлекуваат како биохемија, биофизика, генетика . Дали неможам да го сфатам, дали тој период кога го учев ова ич не обратив внимание, незнам. Сега оваа година со мерак ја учам биологијата. Ова сега што го учиме ни е чиста физиологија. Е оваа гранка ме привлекува и со разбирање ја учам. Не ми е потребно повеќе од 3 пати читање да ја запомтам. Предходно со слушање на часот. Толку преубаво се објаснува, што неможеш а да не слушаш.
Биологија секогаш имав петки, ај што учев, ама и ептен интересно ми беше. Некаков чуден склоп на љубов гаам и кон јазиците и кон природните науки Во основно имав ептен откачена наставничка од која многу научив и едно нешто што ми се чини никогаш нема да го заборавам е дека: Клетка е основна структурна и функционална единка на сите живи суштества. Бре секој час по милион пати ја повторувавме дефиницијава! Биологија, според мене е нешто што МОРА не само да постои како предмет на училиште, туку и да се ЗНАЕ. Срамота е луѓе, некои уште не знаат на која страна им е срцето. Едитирам за да дополнам нешто на што ме потсети Убавичка: иако репродукција кај човекот се учи дури во осмо одделение, репродуктивните органи се единственото нешто за чија локација учениците се информирани уште од петто
Taka e Hipica se soglasuvam.Jas od neodamna sum profesorka po biologija i smetam deka sekoj mora da ima nekoi osnovni znaenja, a ne organite na svoeto telo da gi baraat na pogresni strani
Ајде штом толку учите биологија ќе ве замолам да ми помогнете... 1.Кои организми имаат морфолошки диференцирано јадро? за избор се ставени: вируси, бактерии, протоза или габи. 2.Која органела е одговорна за биосинтеза на протеините? 3.Од што се изградени хлоропластите? 4.Структура на Амино-киселина? 5.Органели одговорни за дишење и складирање на енергија во вид на АТР се: _________ ?
1. И протозоата и габите (поради што и двете спаѓаат во царство на виши протисти и имаат еукариотски тип на клетка т.е. морфолошки диференцирано јадро) 2. рибозоми 3. Хлоропластите се исградени од двојна мембрана наречена строма која се дели на внатрешна и надворешна. внатрешната образува сплескани мембрани наречени тилакоиди наредени едни врз други. Во мембраната е сместен зелениот пигмент хлорофил. H 4. амино група NH2 - C - COOH - карбоксилна група R - радикал Спојлер H и R треба да се над и под С, со единечна врска ама овде не можев така да ги направам за последното да ме убиеш не ми текнува :/... се надевам ти помогнав иако се пишани по сеќавање 5.