Ви благодарам многу! Веќе кога се подаде некој што растура биологија од срце би ве замолила уште за ова да ми помогнете доколку знаете: 1.Јаглехидратите се органски или неоргански материи? 2. Простите масти се изградени од __________ и _________ 3. Неорганските материи __________ и _________ имаат _________ значење во клетката.
1.Јаглехидратите се органски материи. 2.Простите липиди се изградени масти кои се наречени триглицериди. А сега горе има две црти, незнам каков би бил одговорот на друг начин. 3.Не ми текиња .
1 Tи кажа Керолин. 2 Простите масти се изградени од алкохол глицерол и заситени или незаситени масни киселини. 3. Aбе види неоргански материи ти се електролитите (јони) кои што се најбитни и инорганскиот фосфор Pi и тие имаат есенцијално, битно, огромно значење за клетката. Дај нешто ако не ти е јасно ќе ти објаснам, прашај Не вака само сувопарни одговори да ти даваме
Не е работава за јасно или не јасно. Овие прашања на тестот не ми се одговорени и ми кажа ќе ме допраша уште за овие за петка Па се гребам сега за да ги научам на памет и да си осигурам оцена
Си барам одговори конкретно на прашањава и паралелно си читам, секако. Може така да ми направи. Инаку лани обожавав боиологија и во основно. Ама оваа година ми се падна една терсене професорка.. Си влага, седнува, дреме 40 минути и во 41вата минута ќе стане ќе си напише нешто на табла. Тестот не ни го најави, само ни кажа дека треба да учиме 60 страни кои не ни беа објаснети а учебникот е пишуван како за на оној факултетот за биологијава
Отсекогаш сум ја сакала биологијата, интересен предмет ми беше, имав петки, а и редовно го учев, уште од 5-то, ми се сменаја 2 наставници во текот на 4 години ..кај едниот врвев послесно. Кај другата малце потешко али ок беше. Дефиницијата за клетка ќе ја памтам цел мој живот, секој час ја повторвавме Средно 3 години имав еден ист професор, ехх колку ми фали сега во 4-та, срцка е Оваа година не сум во тек баш со биологијата, али ќе ја средам, има време. Учете ја биологијата, многу интересна наука е.
Биологија... Па интересен предмет... можам да кажам. Го учам редовно и го разбирам можеби затоа што сум по животните и растенијата ПА И ПОРАДИ НАСТАВНИЧКАТА ЕЕ
COollLady се согласувам со тебе и јас ја сакам биолобијата но наставницката ми е малку антипатична но сепак наставник си е наставник.
Во основно многу ја сакав Биологијата и ми беше многу интересна ама сега оние царства,алги, габи,нивни латински имиња преку глава ми имаат дојдено и многу ми се здодевни.Се надевам дека ова полугодие ќе има нешто поинтересно оти дефинитивно ќе се откажам од љубовта спрема Биологијата
на мене не ми омилен предмет отими ама многу не го сакам и можам да кажам дека ми е едн од најдосадните инече 5 имаах
Не го сакав овој предмет и никогаш не сум го сакала, а не сум го ни мразела, само не ме привлекувал Сеа фала богу немам биологија
Same! Да не си прва година средно случајно? Габите ајде де, можев некако да ги запамтам поинтересни ми беа ама алгите ми беа смрт.. а па тоа латинските имиња што требаше да се знаат у пичку матер веќе. Ама зашто после добив кец за алги, да знаете се како сум научила и со латински имиња и со се. Па четворче си добив на крај. Еве уште ги памтам латинските имиња на алгите, Chlorophyta, Phaeophyta, Euglenophyta па претставниците, ехее.
Не знам дали е најсоодветно место за да прашам, но ако не ви е проблем, ве молам некој што се разбира од биологија нека ми пише ЛП, ми треба мала помош.
Ниту ја сакам, ниту таа ме сака. Ја учам затоа што морам, имам 5ка, но не ми е по ќеиф. Посебно годинава. Во основно и до лани некако ја варев, годинава ништо не разбирам. Професорот зборува, објаснува, не е до него, до мене е: не ги разбирам работите, не можам да ги поврзам, нејасни се. А тој може до утре да зборува, нема да го сфатам. Така што, тоа во прва што го учите е гола вода за она што доаѓа во втора...
Прва година беше интересно, бар мене ми беше.Учев не затоа што морав, туку затоа што сакав.Лесни се тие, бар мене ми беа(алгите, габите, печурките).Ама оваа година не се мирисаме баш со предметов.Ах пуста генетико, и ти и тој Мендел у пеколот да горите.