^ја прашав наставничката и ми кажа дека соединително е исто како и сврзно ама во човечкиот организам нема соединително тоа што го пиша е одживотинско ткиво...сепак фала ти!
Многу сакам да учам биологија.Интересен предмет е и за се ни треба во животот.Од овој предмет научив многу нешта во животот...
Ооооф биологијааа -_- јас билогија од 5то немам учено континуирано пошто таква наставничка си имав и сеа во 1г мн слабо памтам билогија никако тие зборови во глава не ми влегуваат и неможам некои работи да поврзам а да не зборам за некои сложени процеси..инаку сеа за тромесечије ке си иам 4ка
Леле колку сум мрзела и уште мрзам биологија. По досаден и глуп предмет немам видено!! Биологија секогаш 3 редев и си бев горда (тоа ми беше како 5), зашто не ми се свиѓаше да учам, се нервирав! И сега човек да ме праша нешто појма немам да му одговорам во по стручните работи (мислам знам како дишеме фала богу и такви работи, ама по стручните катастрофа). Ама сега ми е многу смешно кога се сеќавам на тие периоди, толку плачења, толку работа, толку глупости...ЕДНОСТАВНО МРЗЕВ, МРЗЕВВВ И ШТЕ МРЗАМММ!
Мене ми е интересен и убав предмет.Ја сакам биологијата веројатно затоа што сум љубопитна за природата и за организмите.Не ми е тешко да научам и да ги поврзам работите,значи не ме мрзи да учам. 5-ка имам.
Девојки, ај ако сакате објаснете ја структурната организација на ДНА бидејки во учебникот ништо не може да се сфати, ептен е затупено.
^ќе се обидам да ти објаснам, колку што сум научила во последните години. Mолекулата на ДНА во природа се наоѓа во форма на двоен хеликс,односно,создадена е од две испреплетени полинуклеотидни низи.Полинуклеотидните низи се составени од многу нуклеотиди кои всушност претставуваат остаток на фосфорна киселина, пентозен шеќен во дна-дезоксирибоза, и азотни бази. Остатокот на фосфорна киселина се наоѓа на едниот крај на нуклеотидот,а азотната база на другиот крај. Двете низи меѓусебе се поврзани со слаби водородни врски кои ги поврзуваат азотните бази, значи, редоследот на првата низа го условува редоследот на азотните бази во втората низа. Ако во првата низа во молекулата на ДНА на определено место се наоѓа цитозин,тогаш мора на истото место на втората низа да се наоѓа гванинот. Нели,според принцип на комплементарност, аденин се поврзува со тимин а, цитозин со гванин. Ако имам некоја грешка,или не сум го сфатила прашањето добро,некој слободно нека ме поправи.
Ако разбираш англиски погледни го видеото. Многу е едноставно опишано, и девојката над мене ти опиша убаво, ако не разбираш пак, пиши ЛП. http://www.youtube.com/watch?v=zwibgNGe4aY
Треба да правам презентација за кожа но на интернет колку што успеав да видам има само на википедија една страничка, некако не е доволно, ако имате некој друг извор на информации ќе ве замолам да ми пуштите линк
Сега дури гледам дека сте ми вратиле Иначе, видов на интернет, т.е најдов полесно објаснето и го препишав во тетратка така и го учев. Исто и за РНА Ви благодарам многу што се потрудивте
И јас со ова се замарам Ах тој материјал по биологија за 2 година, ах таа генетика, многу е тешко бе Еве ти ги одговорите 1. Структурните гени ја определуваат структурата на протеините, а регулаторните гени ја регулираат функцијата на структурните гени. 2. Алели се различни варијанти на еден ген.
Се учи до трета година После во четврта мислам дека нема.Е сега зависи од смерот мислам дека има во некој смер каде што е изборен предмет,или незнам можеби грешам
Ке може некој по опширно да ми објасни за клеточно и белодробно дишење? И ако може некој линк од страна за 8 одделени е опширно објаснето, дека во книга нема ништо...