Многу сакам да студирам биологија ама хемија воопшто не ми оди Планирам на матура да полагам македонски јазик,англиски јазик,биологија и ми фали уште 1 предмет ! Кој би можела да го изберам а да не е хемија,математика или физика ... ??? или тешка работа.... И кога се студира биологија први 2 години се студира општо од биологија па во 3-та се бира насока т.е некоја гранка од биологија или ????
Може некој да ми помогне околу прашањево? -Од што е изграден изводниот мочен канал? Ви благодарам однапред..
Мочниот меур е шуплив, растеглив (еластичен) орган кој е дел од уринарниот систем кај човекот. Сместен е во долниот дел на абдоменот, над простатата, а пред задното црево. Функцијата на мочниот меур е да ја собира и складира мочта, која се екскретира од бубрезите. Ескретираната мочка од бубрезите минувајќи низ горните мочни канали (уретери) влегува во мочниот меур. Мочта од мочниот меур се исфрла надвор минувајќи низ надворешниот мочен канал при актот на мочањето.
Moeto mislenje za biologijata e deka e supet predmet, voopshto ne e tezhok ..interesen i privlekuva vnimanie poshto se raboti za ona sho ne opkruzhuva
Замолувам некој кој ги знае предметите од молекуларна биологија да ги напише ! Бидејќи планирам да студирам молекуларна ама не знам кои точно предмети ги има , на некоја од странициве прочитав имало многу математика ?
Оваа година нема да има примање на студенти са студирање молекуларна биологија..... А инаку еве ти ги предметите http://ib.pmf.ukim.edu.mk/MolekularnaBiologija.html
Ахам, сега тоа никој не може да знае за наредна година. Ќе го чекаш конкурсот наредна година, па ако имаш среќа може ќе има
Читам на fakulteti.mk не е безбеден ПМФ ? Сега има ли обезбедување каква е ситуацијата ? Почнав да се предомислувам за запишување на институтот по биологија
Ми бил интересен предмет ама и тичерот интересна Милчето целата смешки беше, иначе Биологија учев само во основно и си имав 5 ки . Во групи седевме по 5 деца имавме презентации сами предававме лекции, носевме дрвени боички и прецртувавме од учебник бубрези органи гравчиња и ги боевме.. некогаш не тераше даа носиме кромиди и после тоа цела училница комора па налет тоа со кромиди се гаѓавме ех интересно ни беше .. ..
Биологијата не ми беше баш омилена. Единствено во втора година средно ја учев затоа што сакав. Во прва и во трета година ја учев затоа што морав.
Мразам биологија Многу ми е тешка, и да не ја имавме оваа наставничка што ни е сега, сигурно ќе имав 2 или 3 Наставничката е закон Денеска требаше да правиме тест ама го одложивме за во петок.