Сакам да се запишам на општа медицина но математиката ич не ми оди.Дали коритите математика кај овој предмет биостатика со медицинска информатика ?
http://www.medf.ukim.edu.mk/upload/dok/2594_881995159.pdf Се надевам линков ќе ти помогне. Тука ти пишува се за предметот, распоредот, оценувањето по овој предмет итн.
Ич не му ја мисли. Проста математика е то, со формула се решава задачата. И мене математиката ич не ми одеше, ама статистика 10ка имам. 2 часа ти е учење пред колоквиум
На мене буквално не ми оде ич ама ич.Само таблицата,собирање и одземање знам .Што мислиш за една 6 треба ли задачи ?
Предметот е боза, мене ми беше супер интересен . Има малку теорија и по некоја задачка, ама се е преку неколку формули кои лесно се учат. Ако одиш на вежби и ги следиш, нема да ти биде воопшто тешко. Многу зависи и асс, ако се труди да ви разјасни нема да имате проблеми. Јас немам слушнато некој до сега да заглави на предметот или да го остави факултетот поради него. Од математичките функции освен собирање и одземање не ти треба друго , плус нас ни дозволуваа да користиме и дигитрон Во суштина, освен формулите, кои не беа повеќе од 5 на колоквиум,ништо друго не ти треба. На испит бевме усно, само теорија.
Двата колоквиума се само задачи, ама се е преку формула и многу е просто и едноставно. Без гајле, статистика е ништо во споредба со одредени предмети.