Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Биохемиска бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од pipi86, 20 јануари 2013.

  1. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    3.283
    Пол:
    Женски
    Јас пред да се качам на стол му викам на докторот, докторе моларна бременост е ова. Ми упати еден поглед со повраќање што го викам јас. Мислам сакаше да ме исфрли за партали, аман вика со тие ваши дијагнози, знаеш ли колку е ретка моларна, само 5 пациентки сум имал до сега. Брца ехото, оп, мола ^_^ Од тогаш си разговараме како колеги :rofl:
    Уште се чудам како мојата матична не виде, ама едно знам, моја дунда она више не гледа.
     
    На MinnieM, Joanna28, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    12ти ден од инсеминација. Проверив бета - 37,6. Што да мислам?
     
  3. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    677
    Пол:
    Женски
    Да ја повториш за два дена,и се надевам ќе биде порасната.Рана бременост не секој добива висока бројка на 12ти ден.Само не си прави стрес
     
    На snowwhite.24 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.242
    Пол:
    Женски
    Има тука успешни бремености со 40... :) Повтори за 2 дена..
     
    На snowwhite.24 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. emilijaem47

    emilijaem47 Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Дали бета 105 со добиена претходно менструација укажува на биохемиска бременост? Бетата ја проверив поради продолжено крварење веќе 12 дена. Инаку мислев дека сум добила менструација на 05.09, бев денес на преглед на ехо не се гледа ништо
     
  6. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    3.283
    Пол:
    Женски
    Штом крвариш толку време, бетава е многу ниска, затоа и не се гледа на ехо, најверојатно е биохемиска. Што викаат докторите? Мислам да провериш бета после 48 часа од првата.
     
  7. emilijaem47

    emilijaem47 Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ми рекоа за два дена пак да проверам бета. Ми рекоа најверојатно или спонтан или вонматрична не ми кажаа ништо за сигурно.
     
  8. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    3.283
    Пол:
    Женски
    Не гледам што ги асоцирало на вонматерична. Со таа бета не може да се види ништо за да установат каде настанала бременоста ама да не се правам доктор. Како и да е, следната бета ќе разјасни.
     
    На LiquidLuna и emilijaem47 им се допаѓа ова.
  9. emilijaem47

    emilijaem47 Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    А дали е потребно да примам рогам инекција бидејќи сум рх негативна? На клиника не ме прашаа за крвна група
     
    Последна измена: 16 септември 2024
  10. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.192
    Допаѓања:
    1.718
    Пол:
    Женски
    Да треба,јас и на два спонтани примав рогам.
     
  11. emilijaem47

    emilijaem47 Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    А доколку самиот организам се исчистил како би ја примала? Кај мене моментално не се знае за каква бременост се работи затоа ме оставија за два дена пак да испитам бета
     
  12. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    3.283
    Пол:
    Женски
    Ако е биохемиска нема потреба затоа што практично нема плод. Рогам се прима најкасно 24 часа после спонтан, киретажа. Биохемиска и спонтан се сосема различни работи. Ти сепак спомни си на доктор.
     
  13. emilijaem47

    emilijaem47 Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Vo ponedelnikot betata 105, denes sreda 187, sepak na eho ne gledaat deka ima nesto nitu vo nitu nadvor od matka. Izliv nemam, endometrium denes izmerija 8mm a vo ponedelnikot 10mm. Sledna kontrola vo petok veke ne znam sto da ocekuvam
     
  14. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.553
    Допаѓања:
    10.741
    Пол:
    Женски
    Бета на исто ли место правеше, и кај исти доктор ти мереа ендометриум?
    Моментално ништо не можеш да правиш освен почесто на контрола, а во матка секако ништо не може да се види, дури над 2000 бета може да се види. Почесто контроли и се надевам се ќе биде добро.
    Која недела си? Според ова некаде почеток на 4 та недела би требало да си..
     
  15. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    848
    Пол:
    Женски
    Порасната е бетата. Обично треба да се дуплира. Мене вака ми се случи со биохемиската и се сомневаа на вонматерично. После пак кога правев паѓаше. Во плодност ми викаа радувајсе да паѓа заш сам организмот ќе го исфрли. Немој да се плашиш, тоа е мое искуство, што немора да значи дека така ќе е и кај тебе. Со лесно мила, не паничи, ќе провериш за 2 дена.
    А колку ти касни и дали бетата ја правеше во исто време? Зашто мене во плодност цело време ми потенцираа да не е помалку од 48ч многу им значело...
     
  16. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    848
    Пол:
    Женски
    Да, и тоа е битно да е на исто место
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.553
    Допаѓања:
    10.741
    Пол:
    Женски
    А за бетата како не разбрав, ако денес ја правам и после да има најмалку 48 часа поминато за следна, така ли?

    Искрено со бета ништо не разбирам, знам дека нели да е дуплирана , ама доктор ми кажа за тоа не се држи стриктно пошто не е секогаш така. И сега сум цела во прашалници. Како демек битно е да расте, само да не опага.

    Со прва бременост ни бета, ни ништо па имав најубава бременост на свет. Сега уште не знам што не се испита (facepalm)
     
    На ShtruMfeticka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    848
    Пол:
    Женски
    Денес ја правиш во 10 сабајле, и да ја повториш во петок во 10,11 сабајле. Да не е пред 10
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  19. emilijaem47

    emilijaem47 Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Првиот пат бетата ја проверив во Синлаб а вториот пат на Гак. Прегледите се исто така од различни доктори. Чудното е што не ми доцни, пред 13 дена добив, барем јас мислев дека е менструација. Ми траеше 6-7 дена, два дена прекин и после пак почнав да крварам. Од вчера на периоди имам само кафеав исцедок.
     
  20. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    848
    Пол:
    Женски
    На исти места обично тие работи се следат ама ајде ќе видиш во петок пак. Јас би правела пак бета во петок ама во гак, без разлика дали ќе имам препорака или не, што се вика на своја глава чисто за споредба
     
    На emilijaem47 му/ѝ се допаѓа ова.