Не ми објаснија ни мене убаво, као почнува имплантација, и почнува да се лачи бета ха це ге, но не се имплантира добро и бетата паѓа. Рекоа дека често се случува тоа дури и при природно забременување. Ако може некоја членка да ни објасни подобро. И јас сум целата во прашалници
И мене ми се има случено био-хемиска, мислам дека плодот не се имплантира добро, или како што често нарекуваат “се испушта” и затоа бетата паѓа, а потоа доаѓа и циклусот, обично со мало доцнење. Тој циклус знае да биде и пообилен од вообичаено но, ништо страшно. Зависно од организмот, може и следните неколку циклуси да не дојдат баш на време, ама и не мора да значи. Кај мене доцнеа следните неколку по 10-15 дена. Во секој случај не е нешто за загрижување, иако не е сеедно.
Јас добив веднаш по прекин на терапија и циклусот ми беше мн мн мн пообилен од вообичаеното, нареден циклус ми доцнеше 10 дена, сега се надевам ке бидам ок, мораме да одиме напред така да штом ти рекле ке се исчИсти со циклус нема гајле, ке помине, жал ми е
Јас ја цитирав Ета, затоа што она пишуваше на истата тема, па да објаснам што знам. Инаку, мене ми се случи пред година и пол, не сега. Не го имаш прочитано постот.
Јас па мислев дека и двете ве цитирав, ама недоразбирање јас имав спонтан пред 2 месеци и исто сакав да помогнам како и да е сите ке бидеме мамички еден ден ***Знам дека ти немаше сега биохемиска
Можеби ми е глупаво прашањето, ама дали може да сум имала биохемиска бременост, а јас да не знам. Овој месец имав симптоми на бременост од кои најизразен беше ептен силни болки во градите, а исто така ме болеа и првиот пат кога бев бремена, бидејќи пред добивање никогаш не ме болеле градите, барем не вака. Добив менструација 2 дена порано, стомакот не ме болеше пред да ми дојде, а обично многу ме боли и редовна ми е порано не ми доаѓа. Тест не направив,си велев ќе направам кога ќе ми доцни и поради тоа не знам дали така се поклопило или можеби била биохемиска бременост.Дали може докторот некако да утврди, страв ми е бидејќи сум крвна група А - па да не треба да примам инекција. Ако знае некој да ми каже.
Можно е, биохемиската бременост најчесто поминува незабележана. Но исто така е можно и да си имала само хормонални промени. А за утврдување, некој поискусен нека каже, ама мислам дека гинеколог или преку крвно испитување може да се утврди. А за инекција, зошто би примала? Технички, биохемиската бременост не е вистинска бременост, туку оплоден зигот што не се прикачил на ѕидот на матката.
Ти благодарам. Најбитно ми беше за инекција да не треба случајно да се прими. Можеби е и до психата, воопшто да не се работи за биохемиска, ама истите симптоми ги имав и првата бременост која се заврши со спонтан, без болки во јајници, а со таква изразена болка во гради и осетливост не сум добивала менструација.
Не знам јас, искрено, сигурно има некој поинформиран да каже, ама мислам дека не треба да придаваш значење, штом си добила. А и биохемиската обично со задоцнета менструација иде, не со подранета. Хаос е времето, ни збрлавеле хормоните
Здраво девојки До пред некој ден прашував за симптоми за бременост сега влошки не ми стигаат.. Вакво нешто сум немала до сега, добив точно на датумот кога требаше, ама мн ми е обилна менс изнемоштена сум дури се онесвестив.. А симптоми на бременост имав исти како за предходната бременост(неуспешна за жал ) Башка женска интуиција никад не лаже, ме разбирате Според читањето ми личи на биохемиска бременост. Прашањето ми е дали треба да одам на преглед после ова да се консултирам со лекар или немора?? Редовни контроли имав досега и таман добивме зелено светло од докторот ете што ме снајде..
Терај, со среќа нареден месец, немаш потреба да одиш на лекар. Можно е само да ти бил ПМС-от појак овој месец. Не очајувајте одма и не си претпоставувајте веднаш дека било неуспешна бременост. Ако ти е обилна во смисла неколку часа постојано да менуваш влошки тогаш правец на лекар, во спротивно, нема потреба.
Нема потреба од лекар. Само ке си се исчисти тоа иако нема кој знае што да се чисти . Природна селекција е тоа . Пред две години имав биохемиска бременост. Исто како секое добивање ми беше ...
Овие 2 дена ми е обилна 1пакетче влошки потрошив.. Денеска ми е трет ден може послабо е ама пак не е како обично. Барем менструацијата си ја знам каква ми е, вакво нешто прв пат ми се случува.. Ке видам до утре како ке е.. Фала ти во секој случај. А после тоа нема потреба од чекање 3 месеци во смисла да се нормализира матката? Би пошла кај докторот за да прашам што како, ама преку глава ми е дојдено и од него се за некои консултации, испитувања одиме кај него неможам повеќе..
Нема потреба да чекаш. Фрли се на работа Колку што се секавам мене ми имаат кажано дека само јајце клетката е оплодена, организмот не ја прифака и ја исфрла пред да се закачи и да почне да се развива. Јас да не направев мнг рано тест немаше ни да знам дека сум имала 'бременост'. Tи направи тест или само претпоставуваш дека имало бременост?
Штом ти се намалила немаш потреба да одиш. И не си ставај на памет дека била биохемиска, додатни стресови си правиш. Многу жени имаат биохемиска без да се свесни за тоа. 70% од жените имале биохемиска пред да родат прв пат. Биохемиска бременост ти е само оплодена јајце клетка која не успеала да се закачи за матката, значи нешто што се случува многу многу често. Во однос на претерано обилна менструација, ако крвариш повеќе од 7 дена или ако често мораш да менуваш продукти на секој час-2 тогаш треба да посетиш лекар. Ако ти е на грижа, отиди, ама помалку читање за глупости и повеќе работење на случајот. Никакво чекање не треба.
Моја претпоставка зошто приметив необична менс и ко што спомнав си ги препознав симптомите.. Нема врска тоа е со господ напред нареден месец.. Фала ти на информациите Е тоа е, во право си. Психата ми е пореметена, уште читањето глупости ми фалеше.. Фала ти премногу
Јас после тоа ради своја глава не можев година дена да останам бремена. Опушти се не се опроварувај со глупости .