Zenski da ve prasam nesto...Dosega imam 3 biohemiski bremenosti...Sto treba da ispitam za ponatamu da ne mi se slucuva toa...
Јас имав две. До сега иман испитано: хормони, брисеви, торч, хла типизација, фактори на хемостаза, генски мутации, кариотип, витамин д и хомоцистен. Од ова све имам само мутација мтхфрА1298а. Пијам метилирана фолна веќе. Правев и хитероскопија, отстранив септум. Никогаш не се знае од што се биохемиските, па убаво е да се ппоработи и на квалитетот на јајце клетките преку суплементи и поздрави навики. Се надеваме на најдобро.
Lele jas od toa nisto nemam ispitano samo brisivi, hormoni i papa test. Kazi mi toa samoincijativno li go ispituvase...inaku i mene mi davaat impryl da pijam so metilirana folna...
Да, повеќето самоиницијативно, ама имам и ок матичен. Бев и на специјалист и од таму ме пратија на некои работи. Супер се имрилот, продолжи. Не може никогаш да сме сигурни во точната причина за спонтани, посебно биохемиските ама на она што може да се влијае и поправи - испитај го обавезно.
Zdravo, ve molam za informacija - koga prv pat ve gledaa na eho? Jas na 10ti den od transfer imam 86 beta.. sledno beta na 14ti den.. megjutoa mi kazaa prvo eho posle 2 nedeli.. neli e toa docna? Dali moze na 14ti den da se vidi nesto?
Таман си е за две недели како што ти рекле, тогаш ке си 6 недела, ке можете и срцева акција да чуете. Јас на прво ехо бев во 7 недела.
Fala ti mnogy. E sega me sekira ova so biohemiska.. dali e mozno sega na 14ti den (den koga redovno treba da dobijam) da se namali beta hcg? Ova da e vsusnost biohemiska? Sega vekje strav me fakja..
Не читај такви работи, не знам зошто и си коментирала тука. При биохемијска бременост вредноста на бета хцг се намалува, а кај тебе расне. Нема потреба да се грижиш. Гали меше и уживај
здраво на сите. нова сум на форумот. Овој месец имав многу чудна ситуација и се сомневам дека биохемиска бременост постоеше. Добивам редовно на 28 или 29 ден, последна менструација добив на 16.01. на 22 ден од циклус имав бледо кафеав исцедок, не беше густ ниту лигав туку како воденикав. Бев 100% сигурна дека се работи за бременост, градите ми беа отечени, брадавиците ми станаа потемни. На 26 ден од циклус почна да ми пробива цел ден имав на бришење розево, а денес на 27 ден добив малку пообилно од вообичаено но со интензивна црвена боја. Прашањето што ме мачи е дали навистина се работеше за бременост? Инаку немаме никакви проблеми, хормони во ред, редовна овулација следена на лекар, сопругот има одлични резултати од спермограм. Се извинувам за долгиот пост.
Прошлиот месец имав биохемиска, а овој месец ми касни 5 дена па ме интересира дали е нормално?? Почнав да се загрижувам бидејќи до сега никогаш не ми каснело, дури знаело и порано да ми дојде!!!
Здраво, само што имав биохемиска бременост со второ инвитро со замрзнати бластоцисти.Толку многу се израдував кога ги видов двете црти на 10 ден на трансфер за на 13 ти ден веќе да ги нема, а бета на 12ти ден само 18.Ембрионите беа со многу добар квалитет бластоцисти аа, скоро се имам испитано од генетски мутации, хла, антитела, димери и се во ред, а бев покриена и со терапија(клексани).Ме интерисира дали некој имал искуство со биохемиска, што се презема по истата?и дали имало успешна бременост, инвитро после биохемиска?
Нема нешто помистериозно од тоа за жал. Јас две ги поминав, не бев со ин витро - природно, ама исто барав одговори. И јас ги направ сите испитувања и единствениот одговор беше дека може се должи на септумот, односно имплатација на ембрионот на него, во оревод лоша имплатација. Тука секако е и генетиката, едноставно природна селекција. За секој случај испитав и кариотип. Пречеста појава е мила, јас за втората ич не се ни позамарав, како да сум добила. Е дека е ин витро кај тебе, верувам дека е доста потешко. Во мојата приказна, после отстранување на септумот - сега сум 32ра недела. Ти посакувам наредна успешна бременост. Не сум искусна во ивф приказната, но мислам дека добар знак што настанала бременост
Мене ми се случи пред месец дена биохемиска, ама не со ин витро тоа се случува кога ќе забремениш и по природен пат..тоа е позитивно, можеш да имаш надеж дека ќе си имаш бебче. Јас работам на тоа па ќе чекам што ќе биде нареден месец среќноо
Многу ти благодарам, се надевам следниот пат ќе биде успешно и кај мене.Навистина е многу тешко кога мислиш дека конечно ти се случила најубавата работа за после два дена да сфатиш дека нема ништо од тоа.Ќе треба и јас да испитам кариотип а може да направам и хистероскопија.
Фала ти многу, ми даде утеха.Ме исплаши тоа што може да се должи на генетиката односно во хромозомскиот состав на ембрионите, и навистина незнам што значи тоа, дали се однесува само на тие конкретни ембриони што не се имплантирале или и на следните.Навистина премногу размислувам и се замарам.Среќно и на тебе, па кога ќе имаш убава вест сподели, баш ќе му дадеш надеж.
Единствено уште дијаг.хистероскопија со скречинг би ти препорачала но секако во консултација со докторот(иста ситуација поминав и докторот дури се зачуди како е можно но нема правила тоа е тоа) Така да главата горе и следен пат со близнаци
Фала ти мила, баш утре сум на преглед и мислев да предложам за хистероскопија и скречинг.Исто вчера кога се слушнав со докторот беше изненаден за ова што се случи, ама тоа е.Имаше и ти биохемиска? Дај Боже сите што го поминуваме овој пат да успееме што побрзо
Јас се можно сум имала, и мисед, и спонтан и биохемиска.. Мислам дека причината кај мене беа мутациите на два мтхфр гена. После сите патешествија имам жив и здрав син и сум 8 месец бремена Посакувам нареден пат се да биде во ред.