Се беше по книга најдобрите ембриончиња вратени и на крајот ниска бета... причина зошто нерасте ембриончето а се имплантирало немаше... едноставно така требало да биде но следниот пат верувај ќе имаме бебуши
A ispituvase li tiroidna I skrien seker so insulinemija? Tiroidnata I insulinot znaat da ja poremetuvaat ovulacijata ili da vlijaat mnogu vo rana bremenost. Vo ciklusot koga zabremeniv prv pat I zavrsi so spontan pravev skrien seker so insulinemija I izleze na granica. Citajki mnogu po forumi iskustva, vovedov metformin I istiot mesec zabremeniv. Ovoj pat so sreken kraj. Daj Boze pobrzo da go najdes odgovorot I resenieto
Колку е убаво да се слушнат вакви успешни приказни.Навистина даваат надеж.Имам и јас исто два мутирани гена, ама затоа сум покриена со терпија. Дај Боже да биде така мила.Толку многу сакам да ми се случи тоа, што не ме изморија толку многу инвитрата колку самата желба за бебе Многу ти благодарам на мислењето.Тироида имам испитано и засега ја држам под контрола под 2.Скриен шеќер сеуште немам испитано, па може следно да го направам тоа.
Која терапија? Мене со мтхфр ми рекоа метилирана фолна да почнам 6 месеци пред да планирам бременост, со позитивниот тест плус почнав на пијам метилиран Б12 и Б6 + клексани.
Да, јас исто пијам метилирана фолна во комбинација со метилкобаламин б12, ама дека одам со инвитро неколку дена пред и после трансфер пијам аспирин и примам клексани.на таа терпија мислев.
Хомозигот за мтхр фактор и предиспозиции за тромбоза : Аспирин секој 2ден и метилирана од 1000мг (терапија од трансфузиолпг)а кога сум во постапка аспиринот секој ден и плус клексани уште пред трансфер... за метилкобалмин можам но и неморам па обично пред постапка земам но понекогаш заборавам искрено [Мислењево не е за во темава ама да ви реплицирам за инфо]
Здраво, пред 6 месеци имав биохемиска бременост и спонтан бетата беше 3100 а плод не се гледаше, за некој ден се јавија силни болки и прокрварев на работа, после една недела добив. Мислам дека сега ми се случува истото тестот покажа бледа линија но видлива пред два дена денес правев пак и се појави истата линија не е ни малку потемна. Болки имав многу силни нокеска. Гинекологот не дава никаква опција вика дека не постои начин да се спречи упорно инсистира за инвитро. Освен брисеви и торч се беше уредно друго не предлага за испитување, ми рече да чекам за крв до идната недела а за ехо на крај од месецов, со толку напредна медицина тоа е се што може да се направи?? Или изборот на гинеколог е лош?
Јас после таков одговор пред 3 години не се појавив кај матичната, кога ми рече не треба да испиташ ништо. Обрати се ти кај специјалист за инвитро, па ќе ти каже што да испиташ. Не значи дека одма ќе правиш инвитро. Тироидна, пролактин, хормони од 2 до 5 ден, амх - резерви на јајце клетки, генетски мутации за тромбофилија, витамин д. Кај мене се ова излезе проблем, и поминаа 3 години без природна бременост. Сега со инвитро успеа исто по неколку обиди. Не знам кој ден ти е правен тестот ама крај на месец е доцна да те види мислам. Барем да ти даде утрогестан да ставаш вагиналети.
За жал, навистина не може ништо да се направи. Кога вредноста на бетата не расте, значи дека има проблем со ембрионот и таков со никаква терапија не се задржува. Ако бетата расте, линијата на тестот секој ден ќе е потемна, е тогаш вреди да се проба со прогестеронска поддршка. Очигледно остануваш бремена спонтано. Колку инвитро ќе го реши проблемот, не знам, бидејќи и со одличен квалитет да е ембрионот, шансите за износување на бременоста се 50%. Единствено ако му се направи генетско тестирање пред трансфер. Моја препорака, да направиш испитувања за можните причинители за повторувачки спонтани и како што ми кажа мојот гинеколог мене, повеќе здрава храна, помалку стрес.
Не крварам за бета ми рече да чекам до идната недела затоа што последна менструација беше на 02.7 и вика дека за се е многу рано иако тестот бил позитивен
Тестот го правев на 33 и 35 ден обично добивам на 35 дена, а на крај на месец затоа што ќе биде на одмор две недели а до тогаш бидејќи прашав што јас треба да преземам ми рече ништо освен фолна. Пред ова инсистираше веднаш за инвитро и веднаш за проодност на канали, што не ми е баш логично затоа што ако нема проодност не би ни останувала бремена, дефинитивно треба да се смени и да се консултира само специјалист.
Пред 3 дена бета хцг ми беше 399, денес 240. Во овие три дена немав никакво крварење ниту болки и грчеви во стомакот. Ве молам за помош пошто докторката не ми се јавува.
Da Немав ништо, др ми кажа дека мала била вредноста 400, за 3 дена пак да правам. Немав апсолутно никакви симптоми, а бетата се намалила.
Кај мене после 14 дена доцнење почна крварење... јас имав бета 70-80 после 7-8 дена доцнење. Од после ми рекоа дека бета под 100 не е добра. А кај тебе штом не се зголемува нешто не е ок..јас би се консултирала со гинеколог.