Бев на преглед, за жал се губи плодот. Значи имало бременост, но според падот а хцг докторката кажа дека ќе дојде до прокрварување и нема натаму да се развива плод. Зошто паднал хцг не се знае, природна селекција. Се друго беше развиено како што треба.
Природна селекција, и мене така ми кажаа. Следниот месец останав бремена и сега си играм со 20 месечно синче
Zdravo feminki!i jas u Maj mesec imaf biohemisku bremenost.beta mi bese 64,1 i doktorka rece nastavi so terapija za sedam dena poftori beta uste ednas i togas mi padna beta na 1 bef nogo unistena sega pak idemo na treto invitro ovoj pat se nadevam pozitivno do kraj
Не се разбирам во ова, во понеделник ќе испитам бета, последен мензис имав на 28 август, после доцнење 1 ден, 3 ден негативни тестови, на 5 ден бледа црта. Се чувствувам како секој момент ќе добијам, плус истите психички симптоми пред добивање раздразливост, нервоза без причина, напнатост Од прилика колку би требало да биде бета на 7,8 дена доцнење? Не сакам да правам тест дома пак затоа што ми скисна овие месеци од тестови. Не сум испаничена ако добијам сега, подобро сега отколку подоцна, само да знам што да очекувам во понеделник, секако ќе одам на приватен, мојата матична само вели чекај а сакам ради мене да си проверам
Минимум 300 би требало да е. Кога бев бремена, исто ме болеше стомакот како секој момент да ќе добијам. Разбирам дека ти е смачено, но би требало тест домашен да направиш, да видиш дали цртата ќе е појако обоена од првичниот. Со среќа
Го имам тестот, утре можеби ќе го пробам, ако не директ кај доктор во понеделник. Некако се чувствувам и анксиозно како кога сум во овулација или ПМС а сега очигледно не знам во што сум Ти благодарам
Искуство за крварењето/менструацијата после биохемиска бременост? Имав позитивен тест уште неколку дена пред термин за добивање, на 4ти ден од каснење прокрварев. Отидов на ГАК сред ноќ, бета беше 56, на ехо има само задебелен ендометриум, имам закажано на матичен гинеколог за 2 дена, ми рекоа таман таму за контрола бидејќи во моментот нема што да се прави (на немање плод и ниска бета нема поента за терапија). Од вчера почна како стандард менструација, ама како проаѓа денот станува полошо. Крварењето е обилно, ама не повеќе од претходни менструации, ама има и парчиња низ крвта, никогаш не сум имала волкави, преку 2см на повеќе пати. Проследено со јаки менструални болки. Очекував поспецифична менструација, ама до сега никогаш не ми била вака напорна физички. Има потреба да одам на преглед утре, или да си го чекам закажаниот термин за задутре? Не сакам да дигам паники непотребно ако е нормално со ваква симптоматологија да биде крварењето.
Јас после 1 недела каснење имав околу 80 бета. Среќата ми траеше 7-10 дена кога прокрварев и тогаш бетата беше околу 35. Мислам дека 10 тина дена крварев, пообилно од вообичаена менструација. Немав некои јаки болки, а на гак ми спомнаа ако имам поголеми болки и зголемено крварење да одам за некои капки да ми дала матичната. Мислам најдобро да се слушнеш со матичен гинеколог па ќе ти каже. П.с. следниот месец останав бремена,успешно до крај.
Не знам колку беше кај мене претходно биохемиска бременост заради високата бета, меѓутоа докторката ми ја води како таква затоа што немаше плод во матка. На еден ден доцнење, позитивен тест со многу бледа линија. По 9 дена преглед, бета 2000+, плод во матка не се виде. За 3 дена, бета падната на 500+. После нови 3 дена, бетата околу 100, тука веќе ми почна крварење, кое траеше 10 дена. Со оглед на тоа што немав претходно болни циклуси, ова беше со поголеми болки првите 2-3 дена. По завршувањето, нов циклус добив на 35ти ден. Сепак, не ја исклучувам можноста лабораториските резултати да беа грешни, бидејќи бројките за бета се превисоки
Uporno sakav vtora bremenost na 40 godini. Pred godina i pol spontan. So ginekologot se dogovoriv da primam terapija prvo bromergon, pa poradi nedostatok na pazarot dostinex. I sto se slucuva, posleden ciklus na 24.06...juli nisto okolu plodnite denovi, se nesto guzva. Prokrvarev malce na 16,17.07 ama promena na klima pa mislev ke si dojde normalno na 28 den. Kasnese, prarvev test negativen. Pa odmori navamu, natamu i odam na pregled odma posle varkanje kaj ginekologot i vika bremena 5 nedela. proverka na hcg 1364. Izmesteni plodni denovi, namesto na 28 ke sum dobiela na 35 dena. Toa e toa, super i pocnuvam so dabroston, utrogestan, aspirin 100 i kleksani (plis vitamini standard) i kontola na 22.08. Arno ama otidov na pregled kaj maticnata posle dve nedeli od prva konstatacija kaj privatniot i vika ima bremenost ama 5,5 nedeli e. Da vidime dali ke razviva plod. Uzas, oko ne sklopiv cela vecer, bolki vo stomakot... ocekuvam da prokrvaram sekoj moment... privatniot ginekolog na odmor do 22.08. A mi se losese do vcera. Sega ne znam dali se razvival plodot ama loso eho... losenjeto e od lekarstavata ili navistina ima plod ama maticniot ne videl. Da pravam hcg ili da cekam do ponedelnik? Koj kraj da go fatam?
Ако си од Скопје оди во некоја од приватните ќе те видат на подобро ехо и ќе ти кажат дали бета треба да провериш, за да бидеш мирна, да знаеш на што си.
Благодарам, се мсилев каде да одам после работа дека се изнададов пари за лекови, прегледи, се на приватно... Еве веќе ме боли и половината и болки во јајниците
Те разбирам потполно, што е било до тебе се си направила, има некои работи што не се до нас. Можеби се е во ред, кај многу се јавуваат предменструални болки во прво тромесечие, стискам палци се да е добро
И јас имав биохемиска кога се обидувавме за бебе. Првите месеци. Не се стресирав толку затоа што бевме на почеток со обидите. Дека се разочарав, да малку, се растажив, ама си реков така требало. Полошо е спонтан абортус да се случеше подоцна, потешко ќе ми беше.
Еве да напишам што се случи. Ја дочекав докторката да се врати од одмор со надеж дека се ќе биде во ред. Имав моменти кога многу ми се лошеше, осеќав поинтензивно мириси и гадење. Што значи сеуште ги имав сите симптоми за бременост, ги имам и сега. Телото произведува хормони за бременост. Меѓутоа прегледот покажа дека во сакусот не се развил ембрион.Медицински се нарекувал blighted ovum pregnancy (бременост со измачена јајце клетка). Баш ја прашав докторката дали станува збор за биохемиска бременост, ми рече не - друго е - бременоста настапила, детектирана е преку тестови и на ехо, само поради грешка во зачнувањето дали со јајце клетката или сперматозоидот не дошло до развивање на ембрион. Го пишувам ова да пренесам искуство, ама да не даде Господ на никој. Нареден чекор сега е абортус дали природно или со апчиња или киретажа. Ја прекинав цела терапија за поддржување на бременоста и ќе чекам како ќе се одвива работата. Ви благодарам на поддршката, пишав кога ми беше најтешко. Ми доаѓаше од кожа да си излезам затоа што не знаев кој пат да го фатам. Емотивно сега ... не боли како првиот пат затоа што не ми се ни веруваше што се случува, зачнато беше надвор од моите пресметки за плодни денов и не се дадов некако да се препуштам на ситуацијата поради претходниот спонтан. Благодарам уште еднаш и посакувам секоја бременост да ви е по книга. Иначе колку аптеките се снабдени со лекови за поддржување на бременоста сега (уствари увозот на лекови), за разлика од пред 5 или 1,5 година е друга тема, УЖАСИИ, ништо не можев да најдам, ниту бромергон, достинекс, дабростон, утрогестан... дури ни апчињата за абортус ги нема сега.
Zenski sto posle biohemiska bremenost? Dali da se ceka za obidi da se pauzira ili da se ispituva nesto ? Vitamini minerali sto ke preporacate. Ginekogolot mi kaza ne se pazete ne se stresiraj na sekoj moze da se sluci megutoa sum mn nasekirana emotivno za nikade. Dali nekoj posle biohemiska rodilo zdravo bebe? Sekakvi soveti iskustva mi se dobredojdeni
Нормално дека сме родиле здрави деца. Биохемиска бременост не е некаква болест или пореметување,едноставно така требало да биде. Продолживме со обиди и другиот месец останав бремена со нормална бременост.
Здраво Денеска добив на 37ми ден од циклус и мислам дека сум имала хемиска бременост. Како би можела ова да го потврдам?