Тест не направи? И јас добив со 11 дена доцнење овој месец, ама имав 2 негативни тестови, од друго ми доцнело.
Имам не редовни циклуси обично добивам на 35- 37 дена,но се обидувам да забременам. Но, денес штом добив забележав голем исцедок како парче (клеточно парче) многу се исплашив и сега не знам дали сум имала хемиска бременост. Секако планирав да правам тест после 37ми ден ако ми доцнеше :/
Нормално е со толкави циклуси да имаш парчиња. Јас сум имала парчиња големи колку сапун.. засирена крв е тоа. И јас на 38ми ден добив овој месец, а минатиот па на 28ми ден. Толку бев истоштена што на слики ме примети другарка, бледа крпа... ама катастрофа бев, крварење со парчиња... и да знаеш нема ништо да ти смени. Дај боже нареден циклус да не добиеш
Здраво, да ве прашам дали царскиот рез во претходната бременост го зголемува ризикот за спонтан абортус или биохемиска бременост во наредната бременост?
Пред некое време прашуваше исто ти одговаравме сега пак.Незз што е проблемот ама ти кажавме повеќе луѓе дека нема врска царски со настанување следна бременост.
Здраво женски .. на 6ти април позитивен тест дома истиот ден направено хцг 120,25. Циклус требаше да (не) дојде на 9ти април, на 11ти април (вчера) ептен малку на бришење кафејаво отидов кај матичната не се виде ништо здебелен ендометриум 15мм уредни јајници вон матерично не се виде ништо ми рече дома да мирувам до 20ти и да се видиме на ехо, ја прашав дали да правам хцг ми рече нема потреба но за да се смирам направив и добив резултат 38,05 се слупнав со матичната ми рече да одмарам дека ќе се видиме на 20ти недај боже порано ако прокрварам. Од вчера одмарам постојано немам болки никакви и само од пред 1саат кафејаво на бришеее. Сакам мислење сепск мислам дека чим хцг е намалено џабе лежам и ќе ми дојде за 2-3дена и ќе биде биохемиска за жал .. дали кога ќе ми пробие (се надевам ќе се случи тоа зашто очигледно е многу паднато хцг) и заврши може уште овој месец да пробуваме пак или мора да чекаме нареден циклус? Извинете на долгиот пост и фала ви
После крварењето ако се е исчистено ќе можете пак обиди истиот месец. Земи си тестови за овулација за да можеш да ја фатиш овулацијата. И јас имав како тебе и точно според аликција ми беа плодни денови
Кај мене ништо не се виде на ехо .. сепак ќе мора пак да идам после циклус на ехо? Јас по апликација средам два пати бев кај матичната да видам и од тогаш ми е исти ден и така се водам. Тестови има кај нас?
Zdravo. Najverojatno imav biohemiska bremenost. Dali koga vi dojde menstruacijata vi beshe premnogu bolna? Me istoshtuva, a bolkata e strashno nenormalna...
Poseti ginekolog ako bolkata ti e strasno nenormalna ko sto vikas i napravi beta da vidis dali stanuvalo zbor za bremenost
Многу болна и многу обилна. За неполни 3 дена скроз се исчисти матката, а обично имам менструација по барем 6-7 дена.
Мојата не беше болна ама имаше некоја болка што константно траеше со тоа што мене ми каснеше и на крај убаво прокрварев и траеше 7 дена со тоа што обичен циклус ми траеше 3 дена
Здраво женски јсс дакам да прашам имав биохемиска бременост на 13мај после крварење правев хцг од 120 беше паднато на 3.3. На ехо докторкста ми кажа дека не е исчистено скроз има нешто минимално но дека нема потреба од ништо ќе се исчисти со следен циклус да стагнираме со односи цел месец и чим ми заврши да идам на ехо да ме види но дека можно е да ми касни додека се средат хормоните од самата биохемиска бременост.. еве веќе сме 25ти јас сеуште немам добиено а и немам никаков симптом. Ме фаќа страв некако дали некој бил во слична ситуација срав ми е да не се направи некој проблем .. совет ве молам ме фаќаат паники веќе ..
Мене сите тестови ми беа негативни во петокот пак направив имав 2 линии, едната беше мн бледа. Истиот ден хцг направив ми беше 83 а на ехо ништо не се гледаше. Утредента имав нешто ко кафеаво отидов во плодност таму бетата ми беше 63 .ми рекоја тестот да го повториме во понеделник, бетата беше 23, ме гледаше др. Таше рече дека е биохемиска. Денеска еве имам крварење и некој болки па сеа страв ме фаќа да не е вонматерично зашто на ехо ништо не се гледаше ни во ни вон матка. Дали е нормално ова што ми се дршава