Мала бета е нормално дека нема да се види ништо. Штом паѓа бета ќе се исчистиш. Само кога ќе ти заврши повторно отиди и ако имаш шанси пак да пробаш месецот за бременост пробувај доколку се е исчистено
Бетата треба да биде минимум над 1000 за да се види нешто на ехо така да немаш гајле, а за вонматерична бетата не се намалува напротив си е нормална како да си нормално трудна.
Мојата прогноза е веќе биохемиска. Во шок сум сеуште не можам да си поверувам, толку долго мислев дека сум бремена. Бетата ми беше 92 па за една недела 113. Лоша прогноза, како што кажав. Ќе испитам пак за некој ден, да види гинекологот кој ми се следни чекори. Ме интересира кога сте добиле после биохемиска, да очекувам за брзо? После тоа добивањето е нормално ако до сега било или? Не ни знам ни дали ми е биохемиска, во мисла ми е да не е вонматерична, иако на ехо ништо не виде... Доколку е вонматерична, кои се следни чекори, мора операција за чистење или?
После биохемиска не добив менструација туку позитивен тест Со единствен,непланиран обид за правење бебе.
Јас имав некои 5 дена доцнење и си добив регулар видоа дека сум се исчистила и пак останав исти месец трудна и еве 16та недела сум
Фала женски, јас се секирам бидејќи мене еве 12ти ден ми доцни а немам ниту крварење ниту ништо, а ете бетата не расте очекувано
Јас после биохемиска добив наредниот месец на дата. Ама кај мене беше се пребрзо, ми каснеше некое време, па прокрварев сомнително и направив бета 13.. Инаку, после биохемиска гинекологот ми има кажано дека има големи шанси за бременост уште нареден циклус
Јас после биохемиска ми каснеше 54дена и бев на гинеколог ми даде да пијам 10дена примолут нор. Зависи до организам. Еве сега добив пред два дена и бев денес да правам хормони искочија супер среда сум на контрола ако е се во ред се пуштаме во акција пак
Mene mi docnese 10 dena pred da prokrvaram i sfatam deka e biohemiska, betata mi bese pod 5. Naredniot ciklus pak 3-4 dena mi docnese i od togas e redovna.
Здраво женски пишав и во вонматерична еве и овде.. март биохемиска еве и овој месец исто. Бета 142 па падна на 120 па 42 па 2.4 е сега пред два дена. прашањето ми е имам константни како жарења на десна страна која е како нелагодност незнам како да ја опишам. Од денес дури како жарење и тапа болка накај кук, бут и опашката.. дали некој бил со вакви некој симптоми после биохемиска бидејќи вака минатиот пат не ми беше со вакво жарење и нелагоднисти. Да напоменам крварење веќе 2ва дена немам би кафејаво ни ништо на ехо не сум била матичната ми е на однор во понеделник ќе закажам за да идам негде приватно да ме видат. Извинете на долгиот пост
Ако е недај боже вонматерично би крварела многу и би имала ненормални болки. Ова од други искуства ,свое немам на оваа тема. Бетата е падната ,веројатно е се океј и ке добиеш. Според мене најдобронамерно да си почнеш со детални испитувања ,зошто се случуваат биохемиските едно по друго.
Zdravo devojki posledna menst 23.5 na 29.05 hsg pravev Na 1 juli slabo krvarenje na 3 juli bremenost bhcg 46000 Na 17 juli bhcg 2 biohemiska no nemav krvarenje Eve eden mesec kako nemam voopsto krvarenje Posle kolku vreme ste imale menstruacija posle biohemiska I dali e mozno da nemam menstruacija poradi uste postoenje na bremenost( na eho nema nisto , doktorot mi rece da cekame do kraj mesec pa da vidime sto ponataka) Vi blagodaram Mnogu srekja na site koi edvaj cekaat da vidat dve crti i da isteraat lesna bremenost do kraj
Bhcg 46.000??? Da ne e greska brojkata oti so toj br mora sakus da se vidi toa e veke negde 5 6 nedela.
Ne deka sum mn iskusna ama so tolkava brojka barem mislam sakus mozese da se vidi. A inace za krvarenjeto jas krvarev posle biohemiska vednas stom pocna da opaga. Krvarev skoro cel mesec pa posle na ist datum nareden mesec dobiv menstruacija. Konsultiraj se so dr doktor.
Во право си со 4000 бета ќе се види на ехо со 46000 далеку е од биохемиска повеќе на спонтан личи. И да имаш доцна овулација тоа нема врска со бета. Бета хцг почнува да се лачи прво во крвта па после неколку дена во мокрача. Со 46000 бета треба цел плод да има превисоки се тие бројки. Јас имав биохемиска во рок од 3 дена прокрварев и крварев 7 дена и после тоа одма настапи овулација и истиот месец пак останав бремена и сега 25та недела сум.