Прочепкав низ темите не видов вакво нешто, па пошто гледам многумина во темата за Сваровски накитот се имаат изјаснето дека повеќе сакаат бисери, еве тема каде што може да обрнеме внимание на бисерот. Покрај постирање на слики би било добро и ако се развие некоја дискусија за одржувањето на ваквиот накит, како да се препознае вистински бисер, кои се најквалитетни, најбарани и сл. Според мене бисерниот накит е многу софистициран додаток. Не го прифаќам она мислење дека е само за повозрасни жени, туку мислам дека многу нежно и елегантно може да делува и кај млади девојки зависно од тоа каков е моделот, како се носи и комбинира. Природните бисери настануваат на тој начин што во внатрешноста на бисерната школка навлегува некое страно тело (тоа обично е песок), а школката со цел да се заштити песокот го обвива со седефеста материја. Денес поради големата побарувачка бисерите најчесто се произведуваат во индустриски бисерни школки т.е. тоа се култивирани бисери. Принципот е ист само што страното тело не е песок (туку дел од матијата на школка донор, но не ме фаќајте за збор не сум најсигурна). На овие бисери им е зголемена трајноста поради што не постои нешто што ќе почне со текот на времето да го разјадува од внатре. Што се однесува до боите постојат повеќе, почнувајќи од белата, кремаста, розева, некои нијанси помеѓу, па се до црната. Но бисерот никогаш не е потполно црн, туку секогаш се прелива во некоја нијанса на сино,зелено, виолетово. Овие бисери и се најскапи и најбарани. Исто така постојат и повеќе форми на бисери. Најбараната и најскапата е сферичната форма, потоа бисерите со крушковидна форма или форма на капка и на крај со најмала цена се оние коишто имаат асиметричен изглед. Што се однесува до тоа како да препознаете вистински бисер. Вистинските бисери кога ќе ги допрете се ладни, меѓутоа кога ќе ги ставите на вас набрзо постигнуваат топлина како вашата телесна. Потоа добро познатиот тест со забите. Бисерот се поминува по работ на забите и се осеќа неговата мекост и конзистенција. Ако делува премногу мазни тогаш најверојатно се работи за лажен бисер. Текстурата треба да биде како „песоклива“ или „sandy“. ИСтото правило важи и за тоа кога ќе триете два бисера еден со друг. Ете така, јас малку поголем вовед дадов Повелете споделете некоја слика или информација што ќе ни биде од корист
за темата, зо имам една забелешка, зошто не е спомнат Охритскиот бисер? сепак по него сме препознатливи. "Талеви е најпознатото семејство што се занимава со изработка на Охридски Бисери, традиција од 80 години. Презимето Талеви е синоним за уникатни, природни бисери. Бизнисот се пренесува од колено на колено, само од татко на син. Охридските бисери се многу ценети и барани во светот. Тие се изработуваат од седеф и од школки, кои Талеви ги набавуваат од странство. Секое зрно бисер тие го изработуваат рачно, за што издаваат сертификати. Пред да почне со работа,Талев ги става зрната бисер на чепкалки и ги реди на дрвена штица долга еден метар. Секое зрно се премачкува со специјална емулзија, која е семејна тајна. Работиме само со природни материјали. Дури и четчето со кое ги премачкувам бисерите е изработено од влакна од верверичка или од коњ. А емулзијата ја има истата формула што ја купиле татко ми и стрико ми во далечната 1924 година – вели Климент Талев. Секој бисер се мачка пет до шест пати, а од едно до друго мачкање треба да поминат најмалку 45 минути до еден час, за добро да се исушат. Талев вели дека не е препорачливо бисерите да се нижат истиот ден кога се направени, туку е најдобро тоа да се прави следниот ден."
Лавли ги сака бисерите, и бисерите ја сакаат лавли. Немам многу бисерен накит, и тој што го имам е лажен. Би сакала да си купам вистински бисери. Ова ми е многу женствено и мислам дека секоја дама треба да го поседува.
Убави ми се бисерите, ми делуваат многу отмено и елегантно! Но не ги носам премногу т.е порано ич во последно време почнав почесто и да купувам и да носам Ми имаат кажано дека бисери значеле солзи! Не дека верувам на вакви рекла казала, но не ги носам пречесто. Особено прав виситнски бисер имам еден дома само, и тоа на мајка ми е. Има моментално една алка со мали бисерчиња која ми е најомилена сега, па си ја носам најмногу од сите бисерни. т.е оваа Ама не од природни бисери, нормално. Сакам ваков ѓердан како на Керолајн многу, ама премногу и не мора да се толку големи. Ама сакам
Бисерот е како jeansот никогаш нема да излезе од мода. Таа елеганција и грациозност што ја дава е прекрасно нешто.
имам еден прав бисер.. мислам штета е да си од охрид а да го немаш друго се е фејк хаха ама ретко го носам!
Од бисерен накит сега за сега имам само обетки. И мислам дека тие ми се доволни за возраста. Не би требала да носам премногу скапоцени работи на мене, знаете какво време е сега.
уф уф уф ги обожавам бисерите, кога бев невеста маж ми го натерав до Охрид да отидиме да ми си купам бисерен накит, да го најдам кабелот од апаратот, ке ги сликам и ке ви ги ставам тука да ги видите какви се моите бисерчиња А дали сте знаеле дека оригиналните бисери не треба да стоат во затворена кутивка, туку требало да бидат отворени за да дишат мене така ми кажаа во продавницата кај што ги купив и за тоа така и ми стоат отворени.
Огромен љубител сум на бисерен накит, мислам дека е, и секогаш ќе биде класика. Онака дамски изглед се добива со бисерот. Имам дома неколку ланчиња, обетки, алки и си ги носам претжно за нешто посвечено, за некоја пригода. Во последно време и за вечерни излегувања.
Ги обожавам бисерите.Едноставни и елегантни.Ми одат со повеќе комбинацији,пример и на обична фармерки и мачка со сако би одговарало.Неодамна си се почастив со еден бисерен ѓердан
Обожавам бисери иако се симбол на тага. (што не мора да значи) Вистинските бисери кај мене дома се на мајка ми. До сеа не сум ги имала на мене Имам мои (невистински) бисери, кои шо се бели, а одамна се канам да си купам црни, и никако да стигнам да го напраам тоа.
Сакам бисери..никогаш не излегвет од мода и мојт многу интересно да се комбинираат.. имам 2 бисерни ланчиња и едни обетчиња шо ми се посебно драги зш ми се поклон
Сакам да купам бисерен накит од Risteski. Знаете ли како се движат цените и дали се оригинал? Благодарам однапред