1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бисерчиња

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 29 јули 2011.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.013
    Допаѓања:
    136.146
    Во оваа тема може да пишуваме за „бисерчињата“ на нашите најмили, односно нешто што кажале или направиле, а не' насмеало до солзи.
     
    На SimonaTino, sabatini, MonnaSi и 2 други им се допаѓа ова.
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.900
    Пол:
    Женски
    Еве од мене најново, вечерва...се спремаме за одмор и ја легнувам да поспие, јас мислам заспала..а таа се врти и ми вика- немој случајно да си ме зафркнала и да не ме разбудиш-дете бе, се секира да не ја оставиме :D
    Друга интересна ситуација...одиме кај моите на гости, пред да стигнеме кај нив застанавме на 3-4 места, мм имаше нешто работа и јас веќе почнувам да чурам...и така возејќи мм ми вика-чекај да застанеме ]барем кафе да купиме да не одиме со празни раце...јас веќе видно изнервирана :@ -какво кафе-мафе, вози веќе еднаш...само што сигнавме, уште не се поздравивме, излегува од кола и и` вика на мајка ми-бабо, бабо, татко ми рече да застанеме кафе да купиме, а оваа мајка ми не го пушти- :o :tmi: ме откуца бе, издајца :$
    Не ми текнува друго, ако се сетам пак ќе пишам. :)
     
    На ilipili, macence4, pamelche и 28 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
    Ех, кога ја видов темата ми текна на глупостите на мене и на сестра ми...
    Тетка ми секогаш кажува како сум ја издавала кога пушела. Ќе иде таа со мене кај една другарка, а баба ми и мајка и на другарката ќе бидат кај нас. И се зезнала другарката да ми рече да не кажувам дома дека пушеле и јас... едно влегување дома: "Бабо, не пушеа, само по 2".
    Или исто така, кога пушеле обично треселе пепелта во такви конусчиња од хартија, за да не ги приметат дека пушат. И сме си седеле еднаш во дневна и сум зела јас грисина од маса и сум и рекла на тетка ми: "Тете, ај направи ми и на мене такво за да пушам".
    А на сестра ми се сеќавам. Таа мразеше да ја гушкаат, да ја допираат, многу се нервираше. А многу мразеше и неред. И се сеќавам еднаш си седам јас и си гледам телевизија, а на неа и се слоши нешто и се скри во едно ќоше и повраќаше. И одма трчи кај мама и вика: "Мамо, јас направив се ом (лом)"
     
    На My.Cloud, LUNA.girl, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.013
    Допаѓања:
    136.146
    Моите се на одмор, па немам многу инспирација сега, инаку секој ден има по нешто.

    Навечер се трудам да ги легнам до 9 најдоцна, ама ако станале подоцна не им се спие, и тогаш цело време бараат нешто колку да се најдат на муабет, особено вода. А јас не сакам да им се мотам пред очи, зошто цело време ме прашуваат нешто, само колку да не спијат, а да бидам искрена понекогаш и едвај се качувам до горе ако сум премногу уморна. И така јас си најдов идеално решение - ќерка ми си зема вода и за неа и за брат и, кој се уште спие во креветче со ограда, па не може сам да стане и да си земе.

    Арно ама еден ден тој претерал со барање вода, а неа и се спиело бидејќи многу рано беше станата. И едно време ми вика од горе: „Мамо, дај дојди више, прибери си го детево, 100 пати станав да му дадам вода!“ :D
    Ептен се унезгодив од ситуацијава :D

    Ми текна уште една слична ситуација. Ќерката ми е најстара од сите деца во друштво, и знае дека сите треба да ги чува. А многу е одговорна, и стварно ги чува супер, во смисла ако се качуваат по скали ги држи за рака, ги анимира, ако некое почне да прави глупости му вика да престане, а ако не престане одма доаѓа да каже дека има проблем.
    Еднаш бевме собрани, и освен тие 3-4 деца на пријатели со кои стандардно се дружиме дојде уште едно. А таа го гледа и вика: „Лелеее, сега уште едно дете имам за чување“ :D .
    И викам: „Е добро бе ќерко, ќе ти качиме дневница, не е проблем.“
     
    На Eli23, Gosh, krofnicka27 и 27 други им се допаѓа ова.
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    На пракса во болница јас и другар ми ги редиме инфузиите во магацин облечени со мантили и една стара жена ми се обраќа мене Докторке тука ли се чека за кај докторот? Јас зачудена му одговарам со да, а другар ми надополнува седнети си Госпожа хахаха сега ќе ве примиме и си седна жената да чека :D :D :D
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  6. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Братучед ми кога беше помал седеше кај нас и требаше со кола да идеме негде и кога се запна детево сооблакајка те наплавиме, сооблакајка те наплавиме. Мајка ми му вика ќути не збори така и детево пак.
    И мајка ми му вика го*ца да ручаш. И он вика не сакаш го*ца да ручаш (така викаше за се, со Ш на крај наместо со М), и ние му викаме зошто не сакаш, он вика многу се мусни те ми се слоши. :rofl: :rofl: :rofl: Ние се превртевме од смеење :rofl: .

    Друг пат се шетавме низ населба и гледаме автобус и викам ај да не идеме пешки ке се качиме за до дома. И му викам трчај, викај да не чека, ке ни избега. И детево трча ме тегне и вика чекај, чичко чекај. И стигнуваме до автобус и детево уште вика :D . И јас му викам добро добро го фативме не викај веке :D .
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.027
    Допаѓања:
    4.530
    Пол:
    Женски
    Внука ми пред некое време таман да побара нешто од нејзините тие и викаат
    -Ке купиме ако даде Мара пари. Не купуваме Мара не дава пари ( мара е името на газдарицата кај што работат)
    Пред некој ден газдарицата ги викнала итно братот и снаата на работа за некои сметки па тие ја земале и малата. И пошто и паднало незгодно на жената зошто ги викнала надвор од работното време ја зела внука ми додека тие работат таа да ја занимава. И рекла газдарицата на внука ми
    -Сашка сакаш ли да одиме на продавница сладолед да ти купам?
    А оваа рекла
    -Нее нема сладолед Мара не дава пари :D :D :rofl: :rofl:
    Братот и снаата слушнале од канцеларијата и срам им било да излезат

    Еве и една моја. Во забавиште имавме приредба а јас бев мноогу талентирано и интелегентно дете (додуша многу немирно). Требаше да ја играме Снежана и таа учителката мене ми даде два реда од некое смотано џуџе а на една друга роднина што и е намерно или ненамерно и ја даде Снежана да ја игра. Таа улога е многу голема за едно девојче од забавиште а плус роднината нејзина што беше и остана глупа ко сајла. А јас пуста желба за Снежана од пробите цел текст на Снежана го научив. Почнува приредбата. Еден микрофон за Снежана еден за џуџињата да си го менуваат. И на сред претстава Снежана го заборава текстот. И тука влегува силна матна Кикирикче преправена во џуџе го зимам другиот микрофон и на цел глас се дерам
    -Како поминавте денес на работа е текстот мори Сањоо ама така и треба и на тебе и на учителката што оти си и внука таква убава улога ти дава, а не гледа оти си глупа да ја научиш :D
    Цела сала родители аплауз од сите страни :clap: јас се чувствував ко ѕвезда а мајка ми сирота од срам излезе надвор. Ај она излезе ама учителката после пред родителите срам и беше да се покажи :@
    Така ти е учителке да кога си имаш работа со КИКИРИКА
     
    На DS10, Gosh, krofnicka27 и 43 други им се допаѓа ова.
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.013
    Допаѓања:
    136.146
    Шетаме еден ден на Водно со децата, и од таму се подаваат три крави. Малиот мој, кој и не беше така мал, тогаш имаше речиси 3 години ги гледа и возбудено почнува да вика: „Лелееее мамо колку големи кучиња!“
     
    На Sannelaa, ilipili, WinnieThePooh и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.177
    Допаѓања:
    23.118
    Пол:
    Женски
    Е баш интересна тема..
    Пред некој ден во Охрид на плажа имаше родители со малечко дете, и му вика Мамо мене ми се јади, а воедно врвеше една жена шо продаваше Крофни и ја викнаја жената и таја му вика на малото: Шо сакаш да има во крофната? и то му вика Кечап :) ..мајка му и татко му да се мочат од смеа..ние со другарките не можевме да застаниме од смееење! :lol: :lol: :lol: :rofl:
     
    На Sannelaa, Bitter-Sweet, tina-63 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Јас сеуште немам деца, ама затоа имам внук (од сестра ми), Филип кој мислам дека вреди за 1000000 деца. Многу е немирен и темпераментен, нема газе да седне, а и многу знае да не насмее. Еве неколку случки...

    КОга прави бељи, нема од нас д никого страв, па мора да го плашиме со нешто. Јас немам со што, па му викам ќе ти го викнам циганов што живи под мене да те земе и да те однесе кај децата негови што се многу прљави и мирисаат. И за едно чудо се заплаши. И слагаме еднаш по скали, го среќаваме соседот од доле. И тој му вика на Филип колку си пораснал, и тргна да го штипне. А Филип па почна да плаче и да ми вика -Тетооо не ме давај на циганов молим те мириса...а зашто е овој циган??? Јас секако се усрамив, на дете мора некој тоа да му го каже за да го рече. ;)

    Обожава да пее, па со што ќе најде глуми пеач. Пее со лажици, со телефони, пенкала... со што не, а омилена песна му е Е море куме златен, курот ти изгорееее...

    ИНаку еве некои и од неговите глупави фрази кои ги учи не знам од каде: Глупава жено, Пичке досадна, место жити мене вика Жити тебе, Да ми го јадеш кукот дрвен... и уште мноооооогу други
    :D
     
    На Amona, Bitter-Sweet, lolitoo и 2 други им се допаѓа ова.
  11. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Ја видов темата и ми текна не мои случки и на брат ми.
    Прво моите...
    Јас сум била некои 3-4 години и сме биле кумови на некои луѓе и не викнале на некој слава. Ама јас бев како трупче и многу си ручкав месце. Тањирот што имало месо снемало и јас сум почнала да викам „Кумата шака мешо/месо,кумата шака мешо/месо“. Ова ми го имаат кажувано бидејки не се сеќавам.

    За некој мој роденден ми ја направиле тортата „Грета Гарбо“ и што имам слики тортата е како шарена топка и кукла на средината. И јас славеничката и излегувам на тараса и ги гледам комшиите и и сум и викала ми направија торта „Е*ен Габон“ и ракцијата на другите била ваква :rofl: :rofl: :rofl: и ми викале кажи уште еднаш ај уште еднаш, ама па и јас едно време не сум и кажувала. Една комшика и ден денес се шали за ова моја случка :$

    Ова на брат ми.
    Една вечер седиме, а мајка ми се качи на горнио спрат мислам алишта да ставе да се перат, ама беше приквечер. Брат ми отвара вртата и се дере „Мамооооооооооооо, мамоооооооооо, мамоооооооооо ма“ , а мајка ми не го слушнала и тој пак истото а јас и татко ми и вујко ми му викаме не викај сеа ќе спадне и он пак (има едно гласче шо ќе ти ги пукне ушите) и на татко ми веќе му се смачи.....
    Брат ми : „Мамоооооо“
    Татко ми: „Мачкиии“
    Брат ми: „Мачките спијат“ и тука падна смеењето :D
     
    На Amona, Bitter-Sweet, ilipili и 7 други им се допаѓа ова.
  12. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Одма кога ја видов темава ми текна на бисерчињата на внук ми (ги има мноооогу :D )
    Имаше 3-4 години тогаш. Беше со татко ми надвор да си игра. Играле, се шетале со татко ми и потоа седнале на клупа да се одмори. И таков е внук ми, да го пратиш на пуст остров, 100 другари ќе најде одма. Уште од мало знаеше да прозбори на било кого надвор, и да се заигра со него. И како што седеле, поминувала некоја средовечна жена, и овој ни две ни три, ја поздравил со едно „добар ден“. И женава застанала почнала муабет да тера со малиов наш :D И за некое време му паднало незгодно на татко ми, и му рекол „Дете, ај доста, не досадувај повеќе на тетката.“ И малиов „ама дедо, она не е тетка, она е БАБА!!“ :D И тука татко ми сирот не знаел на која страна да се заврти. А женава си се свртела си отишла. И дома кога дојде да раскаже што се случило се уште си стоеше цврсто на ставот дека она е баба, пошто во години била отприлика колку баба му стара, и дека за него не може да биде тетка, туку само баба :D
     
    На Bitter-Sweet, ilipili, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Офф читајки ми текна на една глупост т.е. бисер за кој за малце не изедов ќотек...


    Мала бев, некои 5-6 години како во сон се сеќавам, ама мајка ми потврдува дека случката била вака.
    Мајка ми гледала некои емисии, онакви народњначки, со такви песни и сл. и тогаш групата Биоритам мислам дека биле, извадиле песна за Розита.
    Текстот идел вака „Еј комшике бре Розике дај да ти га ставу, моето шеширче еј на твоју главу...“, а јас ѓавол дете ко за беља сум го запматила. И немаше да биде смешно да немавме комшика Розика, на која тој период и почина мажот. Дојде еден ден, или мајка ми пошла кај неа незнам сигурно, битно пиеле кафе неколку комшики собрани и изразувале сочуство и женава нажалена правеле муабет, јас сум пеела нешто на страна, и било непријатно на мајка ми и ми рекла да престанам, а женава како за беља ме замолила да и запеам нешто демек подобро и било.
    И јас сум наместила една фаца спој на овие две :!: :wasntme: , демек пазете сега и сум се раздрала на цел глас „Еј комшике бре Розике дај да ти га ставу...“ мајка ми ме прекинала во старт ама веќе јас сум се раздрала, лута ме однесе дома и среќа што татко ми беше дома иначе ...


    А внук ми кога беше помал ми го сврте овој муабет...
    -Најубава имаш дечко :?: ?
    -Имам . ;)
    -Како се вика?
    -Е не ти кажувам :P
    -А чекај малце, Најубава ти само еден дечко имаш?
    -Да. Зошто?
    -Па зошто еден? Зошто немаш тројца, и ќе си ги менуваш кога ќе те изнервира еден, ќе одиш кај друг, тој кога ќе ти здосади кај трет...И така сите ќе ги заебаваш ти, а тие ако се глупави нека те сакаат пак.
    -А Бојане не е убаво така...
    -Како да не, не било убаво, ти Најубава си многу смотана тетка, само еден дечко, кој има ма само еден дечко, само ти и никој друг, не си ми тетка ако си вака глупава ;).
     
    На Amona, Bitter-Sweet, tina-63 и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Оооо бисерчиња еден куп, на внука ми од братучетка.
    Ах тоа прцле колку го сакам а колку е само разгракано и зборлесто уште од ептен мали години (сега има 4), што некогаш се чудам од кај и текнуваат некои работи.

    Ја носев во зоолошка еднаш, поодамна, кога беа тазе поскапени таксистите, и иако не сме далеку од зоолошката си реков, ајде со мало дете, нема да се мавтам по улицине, и викнав такси. Лотус. Стигнуваме на лице место, го прашувам човекот колку да платам, ми кажува 120 денари, и еве ти ја госпоѓицава, како полека ноншалантно уз излегување и без воопшто да го погледне таксистот истресува со шмизл рака на страна
    - Ах ради вас ли го поскапеа таксито ц ц ц ужас!....
    :D
    Си викам ох Боже, ајде дете искачај од кола - во страв да не лупне уште нешто сочно. А во суштина беше во право, што да и правиш.
    Истиот ден, одиме накај парк, затоа што и ветив дека ќе одиме на вовчето и дека ќе и купам шеќерна волна. Разбирај мене ми се пријало шеќерна волна :) Одејќи натака стои дечко на веспа со шеќерна волна во раката, ама онака тешко фраериште и чека да се упали зелена на семафор, мене ми падна смешна глетката ама внука ми друго примети -
    - Еј Пирамида, што е ова што држи детево во рака?
    - Шеќерна волна срце.
    - Е што е тоа?
    - Епа благо е, се јаде, ќе видиш сега таква ќе ти купам.
    - Ау нејќум бре! Јас розеви пердуви не јадам! :^)

    И уште еднаш, истиот ден договорени со братучетка ми да се најдеме и да ручаме заедно. Седнуваме ние трите во ДМ, си нарачуваме јадење и пиење, внука ми си нарачува сок, ни ги носи пијачките келнерот и и го подава сокот. И внука ми разочарана зошто само она нема стаклена чаша, му вика
    - Дечко а чаша?
    Братучетка ми и вика - ама еве ти сламка, не му здодевај на човекот.
    Келнерот слуша, се врти и и вика - сакаш чаша срце? Сега ќе ти донесам, нема проблем.
    Во меѓувреме ние пак и повторуваме и ја убедуваме дека не и е потребна чаша. Не гледа со тоа очите големи и во последен момент крева професионално рака и се дере на цел глас низ цела кафана
    - Дечкоооо! Не мора чаша, ок е!

    Врв на денот беше при крај кога и се приоде на голема нужда и ни се раскенка дека сакала да си оди дома. Братучетка ми и вика - оди најди го келнерот и кажи му да ни донесе сметка.
    Се растрча низ тоа масите што се надвор, нели и место да му пријде, како што го здогледа го пушти мегафонот меѓу сите луѓе
    - Дечкоооо! Ај донеси ни онаму сметка те молам зошто мене ептен ми се кака не можам веќе да издржам. Ај молим те!

    Цела кафана кога прсна да се смее :D

    Мојата внука лејдис енд џентлмен.
     
    На Amona, Girl-Rabbit, tina-63 и 52 други им се допаѓа ова.
  15. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јас ќе ви кажам за мене, кога сум била мала. Имам спомнато негде низ темиве понемирно детиште, потемпераментно и погласно немало.

    Знам сум имала негде 4-5 години, и сме биле на одмор. И јас само по долен купач сум се шеткала тогаш, многу нормално. Инаку сме биле со наши роднини, јас имам прва братучеда што е постара од мене 6 години. И мајка ми знам многу се лути кога излегуваме од вода и не сменуваме купачи, само мрчи за тоа и така фино лепо ние после секое капење мора да се пресоблечеме. И сега ме пратија во соблекувалната мене со братучеда ми, а соблекувалната не е сосема до земја, туку има оставено мал дел за да може да се види според нозете дали е зафатена или не. Ама јас, сум се заинаетила дека несакам други да идат со мене, дека мора самата да одам и сум влегла внатре. Братучеда ми вика тебе се ти се гледа, долниот дел од соблекувалната до ребра ти е, се надолу се гледа, ама ти битно во соблекувална си. :D :D И вика се собира ред пред соблекувалнава, ме прашуваат луѓе девојче слободно ли е, таа враќа не не, зафатено е. И вика братучеда ми излегуваш ти одвнатре. еден пампур човек, 3 педи, и сите очекуваат да излези уште некој возрасен, ама само ти си излегуваш, фино лепо ме фаќаш под рака и ми викаш ајде. :emo: Е не 8)

    Знам нешто повозрасна кога сум била, негде 6-7 години сме биле повторно на плажа и некој човек што лежел до нас си ја оставил цигарата, и јас од нигде никаде, сум станала сум му ја затрупала со песок и со ваква фаца
    [​IMG]
    сум му рекла, добро господине вие знаете ли колку се штетни цигарите или не? И сум си се вратила на лежалка сум си седнала со скрстени нозе и сум и рекла на мајка ми, ти не ме гледај така, ти ми викаш дека несмеам да се распушам, повторно со истата фаца :D Мајка ми вика се извинивме 10 пати кај човекот среќа се погоди некој стабилен иначе вика расправија ќе требаше на сред плажа да правиме. Од стално сум била хард кор човече 8)

    А братучеда ми знам, кога била помала ги видела нејзините кај што си бркаат работа, тие не ја виделе, мислеле дека спие и таа и се јавила на баба ми и и рекла, бабо бабо, оној татко ми ја тепа мајка ми, цел врз неа легнал а таа плачи, дојди да ја спасиме. Баба ми па и рекла добро бабе оди ти легни си, остави ги нив големи се. Братучеда ми упорна правда да брка, ама па бабо па не е фер, тој е многу поголем од неа ќе ја смачка. И видела не видела баба ми, дошла, па ја заспале некако.

    Ама од мене понемирно детиште во нашава фамилија немало дефинитивно. Јас рекордот го водам :D
     
    На sesilija, MarchelineAmaru, fromAudreyWithLove и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Кога бев помала, 2-3 години, со баба ми сме биле кај една комшивка со понада за бебето. Уште пред да одиме мене мајка ми ме „попеала“ дома дека треба да ја слушам баба, да сум мирна и да седам до неа, дека ако не послужат со нешто и ако сакам од тоа да и кажам на баба и таа ќе ми дадела. Баба ми на тоа ( како и обично) се надоврзала и почнала да ми појаснува - „ Ако сакаш нешто да ти извадам ќе ми речеш - дај ми бабо кифличе, дај ми бабо саламче, и јас ќе ти дадам“. Мама ме дотерала и сме отишле. Само што сме стигнале таму, сме се поздравиле, честитки, ова-она, сме седнале и не поминале неколку минути кога јас ко од пушка - „ Дај ми бабо кифличе, дај ми бабо саламче“, а на масата ништо, дури ни што ќе пиеме не стигнале да не прашаат. Баба ми поцрвенела, другата жена-исто и видела-не видела, извадила на масата, па ми дале.

    Имам едно внуче од братучед, 6 години има, и од септември ќе оди на училиште во прво одд. Пролетта ги имале викнато од училиштето да одат на тестирање, па го однесле и него. Тој е многу занесен по компјутерот и многу често „игра“ некои игри. Кога отишле таму го прашале да им нацрта нешто и овој зел, начкртал нешто, некои хиероглифи и им го дал листот. Тие тестаторките зачудени што е ова, дека некој нацртал сонце, некој цвеќе, некој нешто друго, го прашале што е, а овој им рекол - Game over! Демек тоа што го напишал било game over.
     
    На WarriorAngel, LollipOp16, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Имам братучеда ептен зборлеста и нема срам од никој. Кога беше помала доаѓаат кај нас на именден и си седна на маса со сите возрасни а баш тогаш дојде и една пријателка на мајка ми која имаше мнооогу големи подочници. И настапува братучетка ми на сцена-ја гледа упорно жената, погледот не го трга од неа цело време, жената се заврте и се насмевна. На братучетка ми не и текнува да се заврте на друга страна. И конечно и го поставува прашањето кое долго ја мачи Зошто очите ти се толку страшни, жената и одговара Еми такви ми се , а братучетка ми на тоа Како Дракула си.
    Кој знае жената како се има усрамено, а за мајка ми да не зборувам. Веднаш ја однесе во друга соба и цела вечер не и дадоа да излезе :D

    Еднаш одиме со неа на гости во едни луѓе и влегуваме во дневна, а луѓето предтоа најверојатно спиеле таму и креветот беше растурен и оваа -Лелеее овде какво е растурено!

    Да не одиш нигде со неа, обавезно ќе те усрами. :D
     
    На Asparagus, Bunny05, MarchelineAmaru и 2 други им се допаѓа ова.
  18. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    :mp:
    :sun:мамо што правиш?

    јас: еве сонце гледам филм. ти добра си?

    :sun: па не баш....знаеш мамо, ти треба мене да ми бидеш лута

    јас: зошто сине?

    :sun: епааа, знаеш мамо дека не ја читам лектирата

    јас: епа штом е така ќе ти бидам лута

    :sun: ааа мамооо нели ти ќе дојдеш за викендов, па си мислеееев.....ако може да ми бидеш лута после тоа, а???

    :)
     
    На Ana.Jones, Elenuskaa, WinnieThePooh и 10 други им се допаѓа ова.
  19. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Читајки ги бисерчињата на вашите дечиња, внучиња и брачедчиња, па и ваши, се сетив на еден мој.
    Колку години имав не знам, ама бев мала. Шетавме со мама и со една нејзина пријателка. И тие жени како жени се зезаа нешто и пријателката и вели на мама:
    Е мор Биљо, да си најдам некој стар ама богат маж, онака пред умирање, да ми препишит мене се одма го оставам онај мојон...
    И јас на тоа, мртва ладна, велам:
    Не мора да бараш тетко Елено, ене дедо ми земи го.
     
    На Amona, flowersss, Masnickaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  20. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    78
    пошто син ми е уште мал за кажвање смешни работи ај нешто од брачед ми ко беше мал.
    бевме излезени сите по чаршијата ама брачед ми многу немирен и само му досадвеше на сите со ред.и само седи мирен седи мирен само тоа му се повторвеше.и шо му текна застана мирен да е.
    и му вели на татко му и сега шо да праам вака мирен????и тетин ми занесен во муабетот му вели оди фати некоја женска.....и овај ни 5 ни 6 оди до некоја си секси цурица и штрап за газето ја фајка.таа изненадена нели се вртит и брачед ми се дерит на цел глас татооооо сега шо да прам!!!!!!!!!!!! :D :D :D
     
    На krofnicka27, AnGel.fire, Elenuskaa и 12 други им се допаѓа ова.