Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бисерчиња

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 29 јули 2011.

  1. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    Братучед ми има 5годинки и негови бисерчиња има многу еве еден што ми текна во моментов..
    Седиме на плажа и фраеров е главен нели и прави моабет со некој дечко кој не го ни познава и почнува да му набројува на што се му личел,а иначе он(братучед ми) е совршенство ии дечково му вика А ти што си бе? и братучед ми со озбилна фаца и скрстени раце му се обраќа:Јас не сум БЕ! ;)
    на дада тој паметен :D
     
    На princess11ska му/ѝ се допаѓа ова.
  2. littlemix

    littlemix Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Гледав фудбал иии дојде братучетка ми ии седеше едно време ама се виде дека и е досадно и вика:Зашто судијава трча? :D А еднаш дојде кај мене во соба и дека имам постер од Џастин Бибер ии вика а што е овој? И јас вика пејач и она вика па зашто е пејач зашто не е кошаркар,сакам да биде кошаркар...хахаххаха :D
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Морам да го кажам „невербалниот“ бисер на ќерка ми (пошто се` уште не зборува).

    Ептен е обожавател на цркви, и да не види крст (на пат, на слика, на рид, небитно) одма почнува да се крсти. Додуша, се крсти и на аптека, ама небитно е тоа во моментов...

    Во станот во Охрид имаме икона на Св.Петка на ѕид, и некни ми покажува со рацете да ја кренам, за да ја види. Ја кренав, си ја погледа, си се насмевна, се прекрсти и се наведна да ја баци. И викам Добро мама, готово?
    И девојкава, од нигде никаде ОП - „Да пукни“ и прави на иконата!! Дури укапирав што е.....

    [​IMG]
     
    На GirlRose, SV1911, evali и 51 други им се допаѓа ова.
  4. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    601
    Сестра ми го однела внук ни кај некое детенце на негова возраст да си играат заедно. А внук ми има две години и сеуште носи пелени додека тоа другарчето негово не носи веќе. И мајка му му викала на внук ми "Aуу, зарем не ти е срам сеуште да носиш пелени", а внук ми на тоа "Не, носам панталони одозгора" :D
     
    На kravce, Moira, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.304
    Пол:
    Женски
    Леле ме пукна од смеа.....Ќерка ти е царица...... :rofl:
     
    На Natka87, Moira, Glossy-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Бевме кај една другарка ама таму имаше и едно мало детенце со мајка му.И бидејќи нема ни братче ни сестриче ние му викаме:
    -Ајде нека ти купат мајка ти и татко ти братче или сестриче речи им.
    -И тој ќе им речам.
    И после кога си одеа за дома тој наместо кон негова куќа тргна право по патот.
    И мајка му му' вика: Каде таму сине каде ќе одиме?
    Детенцево:Да купиме даде мамo :lol: :lol: :lol:
     
    На Amona, kravce, Moira и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Пред некој ден пред врата се обувам и ќе излегувам. Поминуваат две-три девојчиња, комшичиња, појма немам прво, второ одделение се, и озборуваат некои други поголеми девојчиња. Едната од нив кога се избаци: аааа ги знам тие, тие се четврто одделение, вчера ги гледам опнале ташни преку рамења, се напрчиле, се шетаат (и прави со раката замав во шмизл стил да си ја тргне косата од лицето). Јас и Каролин само си разменивме :^) -фаци и прснавме. Опасни се дечиштава :D .
     
  8. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден, излеговме со другарка ми, во населба.
    И видовме едно детенце, 3-4 годинки, си ја качува количката по скали. И ај да му помогнеме демек да ја качи..
    - Каде живееш?
    - Дооома. ;(
    Ее, сега ме просветли, викам. Комшиче, ама од кај да те знам, кај ти е домата тебе. :wasntme:
    Среќа некој од нејзините се симна, и ја зема количката. Иначе ќе ја однесевме во друго дома. :D
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    201
    Со едно малечко детенце муабетов
    Како се викаш? ХхХХ
    Како се вика татко ти? ХхххХ
    Мајка ти како се вика? МАМА
    Каде живееш? Дома
    А каде ти е домата? Далекууу
    хахахахаха
     
  10. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    17.780
    Пол:
    Женски
    едно девојче во комшии не беше мирно и мајкаму му вика доста веќе џигериве ми ги изеде,и девојчево вика: мори не ти ги јадам твоите, моите ќе си ги јадам :D
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    17.780
    Пол:
    Женски
    едно девојче во комшии не беше мирно и мајкаму му вика доста веќе џигериве ми ги изеде,и девојчево вика: мори не ти ги јадам твоите моите ќе си ги јадам
     
    На Sara123, I.want.to.sleep, Beatriche19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Седиме кај братучедка ми пред некој ден и доаѓа нејзината комшивка со дете околу 2 години
    и дете ко дете незнае да седи мирно трча ваму, таму, а мајка му кутрата цела време вика по него
    немој таму, немој ваму :D
    едно време падна детево
    стана и вика:
    Ооо пана детето, ништо, мене не бое гаето :rofl: :rofl:
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Пред 2 дена Била мајка ми на гости кај Внука ми ...
    играле што играле и дошло време за да се оди дома и
    В: Каде Бабо Ео ?
    м:па дома, треба да одам!
    В:зошто да одиш?
    ***не дозволила и да зине и одма продолжила**
    В:Ајде оди да не плаче ВУЈНА ми по свекрва и!!
    :rofl: :lol: :rofl: :lol: :rofl:
    ***Инаку мнн ја сака снашка ми и срце и душа дава за неа !!***
     
  14. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    ми беше денес на гости малецкиот братучет...и ај да го однесам во мојата соба да си поиграме малку...имам наредено мечиња во собата, и има 3 врзани за креветот...се запна за едно жолто зајче, врзано беше, и си викам кој ќе го одврзува сега..ќе му дадам друго жолто зајче, слично на врзаното...го земам другото и му викам ..остави го тоа, врзано е, еве друго исто такво.. ама не, кај ќе го убедам дека е исто, нема шанси...ме натера да го одврзам...вика ..не е ито, ова поубаво, хххх сака ова заче.. :D


    и кога си одеа, вика колата правела ..куч куч.. кога ќе ја отклучат со тоа копчето на клучот :D ;)
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Бевме кај баба на гости и таму има едно мало детенце, моето братучедче, името му е Стефан, но јас и тато го викаме Тефик.
    Јас: Тефик, кај си бре ти?
    тој: ти се утам на тебе. :|
    јас: зошто бе тефик?
    тој: јас не сум тефик јас сум Тефо!
    сите: :rofl: хахах
     
    На ilipili и JoelleSweet им се допаѓа ова.
  16. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Внука ми вчера кај нас на гости, 3 и пол години има, ама поке од мене збора :D
    Мајка ми му вика, сакаш ле да ти купат браатче, шубо ќе си играте, Некам му вели ќе го фрлам од тераса :D , и ние се смеевме.
    И Ај сеа ќе бегат и влегват в кола и му вика на мајка ми, ај чао и не си купвам братче и се смеј :D
    Се помочавме од смеа :D

    А друго бисерче биле в продавница со мајка му и продавачката носела фустан
    И му рекла откај ти е фустанот, и оваја си го купив, да ти кажам право ич не ти е убав :D

    Децаа :rofl:
     
    На ilipili, nela.oh, KittyT и 5 други им се допаѓа ова.
  17. milinna

    milinna Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    27
    Една пријателка на мајка ми дојде со детенцето,три годинки то, и на сестра ми телефонот токинг том му го пушти. И му вика малиот на том: на тебе ти зболуваамм! И нели тоа повторува: на тебе ти зболуваамм!
    И малиот уште погласно: Ама нееее,јаш на тебе ти зболуваааммм!!!! И тоа пак му повторува и тој се нервира и се дере ли се дере! Цел комшилук се изнасмеа! :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Поминува едно комшиско девојче покрај нашата куќа, ама затрчана цела. И мајка ми ја прашува: "Кај ќе одиш?" А таа во брзање и одговата: "Кај дедо Љуба и баба Љубе."- и си продолжува надолу.
     
  19. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Јас кога сум била мала,шетал попот за да крсти вода и сум истрчала по него,замислете миниче :D ,сум го тргнал за мантија и сум му рекла Чичо ти додис кај нас ? И тој дошол кај нас дома и на мајка ми сум му рекла-мамо,мамо јас донесов достин со палто :rofl: Таа зачудена кога го видела се зачудила и го оставила попот да крсти вода :D .
    Од комшивчето-му беше роденден полнеше 6 години и му велам Ќе ми дајш мене торта? -Тој мене не и јас оти?-Тој ами не ја праев јас,мајка ми ја праеше,нејзе треба да ја прашам,па та ако речи добро ќе ти дам :D Абе срцка.И му велам оти не ме викна на роденден-тој ами ти си голема ќе ти беше досадно со нас ,ти не знајш да си играш фудбал и криенка :D
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас кога сум била мала сум била полна со глупости. Мирна сум била, мајка ми вика даме оставиш цел ден ќе си цртам. И еднаш морале да одат на погреб на прадедо ми, и ме оставиле кај една комшивка, на тетка ми другарка. ама беа тие тогаш девојки со тетка ми, се соберат сите и мене ме носат со нив. Си муабетат за дечковци ова-она а јас само слуашм и прибирам информации. И така ме оставиле кај неа, таа ми дала пенкалце и лист да си цртам и како што си лежела до мене заспала. И јас цело време сум си цртала, ама по нејзе. Кога станала цела била пенкало.
    Инаку секогаш сум имала по 5-6 дечковци. Еден-2 вистински, а другите кој и да сретнам по телевизија. Еднаш се јавила тетка ми од Скопје додека студирала и јас сум и рекла, тете, сега имам 5 дечковци. А зошто 5? Па му го ласкинав на Бил Клинтон оти мама лече оти е тал. И еднаш кај комшиите дошле 2ца браќа, моја генерација. И јас одам кај тетка ми и и викам: Тетко имам 2ца нови дечковци. И прашува таа како така. Епа отидов кај тие двајцата таму иги прашав кој сакам да мии биде дечко и тие и двајцата кренаа рака. Ама малечка тука, ни 4 годинки сум немела.
    Многу сум зборела. Имавме еден комшија шегаџија огромен. Познат беше по шегите надалеку. И ме научи да викам дека домашни животни се мама, тато баба и дедо, а диви се тетка, тетин, вујна, вујче... И кога во градинка прашала учителката, јас тоа сум и го кажала.
    Исто така ме научи да го викам стало магале и секогаш кога му речев така ми купуваше чоколадо. и еднаш свадба, сватови а он кум. И јас излегувам на балкон од дома и му викам: Стало магале. Дај ми сега чоколадо.
    Седнале тетка ми и таа другарката нејзина кај неа дома, и нормално и јас со нив, а баба ми и мајка и нејзина кај нас. И тие запалиле по една цигара додека јас сум си играла и и текнало на другарката на тетка му да ми каже да не кажувам дека пушеле. И само што сме стигнале дома, јас уште од вратата, како од пушка: Бабо, не пушеа тие, само по 2.
    Има уште многу, ама нема смисла да ги кажувам сега. Утре ќе ја барам касетата од радио што ме снимале како пеам. Ќе си ја пуштам и ќе си се смеам. Ако можам да ја најдам де...
     
    На SV1911 и kravce им се допаѓа ова.