Едно детенце од комшиите, лани беше прваче и нели од прво одд. учат Англиски јазик, па кога влегувала учителката им велела ,,hello", а децата ,,hello teacher"...И го прашуваме: Јован, како ти се вика учителката? А тој ни вели - хелоу тичер Ама па оваа година научи како се вика, дури и презимето и го знае
Леле, се пресмеав денеска со сестра ми. Многу ми е смотанка на моменти, ама тоа јас таков впечаток имам, имам речено и пак ќе речам, она ти е уствари - ти мислиш по бандери се мава, а таа по жиците оди! Одиме да купиме тетратки за неа и се враќаме, а она си шлапка со едни апостолчиња, ептен ми е смешна кога оди. И ајде стасуваме да преминеме. Е сега, кај што требаше да преминеме има две улици, кои се спојуваат во една и стварно е незгодно за преминување. Ја фаќам за рака и ми вика, види дадо, нема пешачки, ќе треба две улици наеднаш да преминеме. И и викам, е да, малку незгодно за минење, нели... И онака мртва озбилна ми ја прави, да да, незгодно е, треба едно пешачко островче да направат тука. Од кај знае она што е пешачко островче, се раскинав од смеа. А ја гледаш си шлапка со апостолчиња си викаш детенце па и ти, она пешачки островчиња и кружни токови знаела.
Разликата меќу моите деца е 22 несеци.Кога се роди ќерка ми нели дома да ја искапам,а син седнал и го гледа тоа мало чудо...и ми вика -Мамо а зашто Кика нема коле (така си го викаше неговиот пенис) -Е нема-викам и не продолжив да зборувам... -А,да искочимо да му купимо едн коле па ќе ву га залепиш.Како ќе мочка она без њега???
Го сретнувам девојчето кое често доаѓа на гости кај комшиите до нас и го прашувам : Зашто бе Ане сама се шеташ ? - И ми вика Мене ме испратија да купам шеќер за ајварот . А сама одам оти си немам децко . И во тоа време татко и ја вика и она се дере : Бегај бе г*м*о некое !
внуками Ивона пред некој ден ми вели ти учиш за ФИЗИОРОТОПЕР а та мислеше на физиотерапевт хахаха слатко се изнасмејв
Внукичката моја има неполни 3 години, ама е многу гостопримлива. Си седиме со неа на терасата и си боиме, а на масата има сливи. Таа: Сакаш слива? Јас: Неќам, ти сакаш? Таа: Неќам. И продолжуваме да си боиме. По 10тина минути се врти таа, зема слива од масата и ми ја става во раката. Таа: Јади. Јас почнувам да ја јадам, нема што да и правам, и ја гледам цело време ме гледа додека јадам. Си мислам сигурно сака и таа и пак ја прашувам, таа пак ми вика дека не сака. Си ја изедов сливата и ви вика: -Фрли ја таму семката ќе ја изедат мачките. И дури тогаш ми текна дека таа ме гледала цело време за да ми каже каде семката да ја фрлам. Исто така седнува братучед ми да јаде, а таа зема со рачето му става помфрит во чинијата, му става салата и плескавица и му вика: Ајде јади. Јас паднав од смеење.
Со братчето мое ( кое има 5ипол годинки ), нон стоп ме тера да играме на буква на буква. И тој секогаш прв кажува и ке ми рече : Даде на буквата а, во собата е. И јас погодувам погодувам, абе све што можеше да има, и на крај му велам се откажувам, и тој мртов ладен : телевизор И уште нешто ми текна од претходната вечер. Братчето требаше да спие и мајка ми ми рече оди во спална со него, легнете за да го заспијам. И легнавме јас го пуштив телевизорот и во тој момент снема струја. И братчето мое кога стана, преку мене, преку нозете почна да бега, и вели - Даде ајде да бегаме ке дојде чудовиштето
Овој мојов (18 месеци), зборува по цел ден, а пред некое време почна и цели реченици да склопува. 90% од работите што ги кажува, ги кажува во брзање, па тешко ги дешифрирам, ама во принцип, скоро секој збор што може да го каже, го кажува јасно. Се заразив со Bubble Safari на ФБ, и си ја заиграв во последно време. Вчера малиов и татко му си играа, и татко му го праша што правам јас. Дојде до мене, ѕирна во компјутерот, и вели „иг(р)а ма(ј)му(н)че топка“. Има и многу други бисери, ама ова вчера беше врвот. Којзнае допрва што ќе зборува
Сабајле одиме јас,братчетка ми и мама во супермаркет.Бртучетика ми ја оставија кај нас на недела дена бидејки нејзините отидоа на приватно патувањ. и велгуваме во супермаркет и требаше да си купам улошки ,и мајка ми ме прашува од кои сакаш и јас викам од оние еври деј и бртичетак ми вика не се убави тие купи си од тие до нив оргинални и јас тие ѓи користам а тааа само има 4-три год.сите што слушнаа во супрмаркетот се изнасмејааа
Пред некое време внука ми беше кај нас. Само што дојдов на работа, не бев во тек што се случувало Си побарала господичнава пари, па немала кај да ги стави. Доаѓа кај мене, со фациче невино и така умилкувачки ми вика „Тета, дај ми чонаниче!“ Обично можам да и ги дешифрирам зборчињата, ама на овој се изначудив. Да не дојдеше татко ми, до вечерта ќе ми објаснуваше дека сакала новчаниче
Со омиленото мое мендо, пред некој ден: - Имаш најдобра другарка? - Имам! - Како ти се вика? - Кравичка! - Како? - Абе Кравичкааааа, ти кажав. (Клара инаку се вика другачката. Кларичка). - Што правевте вчера на градинката? - Учевме песна, курварче. (Куварче инаку се викала песничката) - Абе ти си била завеста (невеста)? - Не бре викам, млада сум. - Па не си баш...
Пред некое време си купив блуза со анимал принт и одам така кај мајка ми на гости подновена и ете ми го внукот пред врата. Си помуабетивме малку и му велам абе внуче, кој е ваков? (Се држам за блузата) Знајш? И тој ми вика - Весна, комшивката! Јас очекував да ми речи тигарот, леопардот а него во на комшивката хеланките паметот
Во контекст на курварчево, брат ми во градинка го учеше воспитувачка по име Каранфилка, а тој ја викаше Куранфилка
Me потсетивте на братучед ми од Прилеп. Идеме кај нив дома и сеа овој фраеров ми отвара врата а 4-5 годинки. И не ме познаа... И ми вика: -Абе која си ти ? (И ваква фаца ) -Ја му викам братучедка ти .. (и ваква фаца јас ) и му викам иди викни ја мајка ти (а татко ми , брат ми и мајка ми банда позади мене слушаат ) И по некое време го глеам се качува по скали и вика - Мамооо брачукедка ми дојде. И ја уште не сватив и ваква фаца- и после коа ми текна што кажа ваква И мајка ми ми вика - што ти е ма И јас - абе го виде ли малово, дошла брачукедка му на гости и свати мајка ми и се смееме И дојде мајка му конечно и вика ајде влезете, влезете. И не им беа послани теписи дека перени и влегуваме со патики. И се качуваме горе и јас си играм со мачето нивно и го прашувам братучед ми - абе како се вика ? И он - Капо. И јас му викам? - Капо? И мајка му од таму . Абре, дете ке научиш ли Марко да речеш и сите вакви Aбе цел бисери е, ама многу се па да не набројувам ...
Будалчето мое, ќерка ми, вчера ми вика -Ќе родам 52 деца,и ќе им речам Она ви е мајка , јас сум ви дада, и ќе бараат сите да им правиш јадење и еден куп тањири да миеш цел ден.
Ќерка ми вчера после ручек, така убаво најадена и со гооолемо меше, застанала пред мене и ми вика: - види колкаво ми е мешето, сега ќе можам да изнародам многу бебиња. Јас бев
Едно девојче малечко 1 годинка,и застана и викат: -Мужака шака,мужака ! И се чудат сега,што сака малава си помислиле на мусака она јадењено,а таа да ти барала музика. И е прашуваат,е што е тоа мужака? И таа покажала демек со рачињата,опа опаа! Е тогаш сфатиле што бара.