Во последниот муабет за пирамидите, јас држам мини-предавање... И така фараоните ги балсамирале... чекај, а вие знаете што е балсамирање? Големото ми се врголи - Јас знам! - Е што е? - Тоа кога ги мотале во тоалетна хартија, од горе до долу. Срцка мила. А малечкото упорно ми објаснува за Бермудскиот триаголник, арно ама слушнала-недослушнала... - И таму знаеш во големата вода, има едно лошо место, само лоши работи се случуваат... си имало еден човек, си пиел кафе, и одеднаш (ова драматично го објаснува, со очи филџани) - човекот исчезнал, а кафето - останало во водата. Па сега си имаме интерна смешка низ дома. Татко ми ми вика, ќе ти дадам поклон во плико за роденден, ама заглавило кај Бермудскиот триаголник, плико - има, парите - исчезнале.
Летно време беше и ај у трева дедо ми го стави базентот и го уклучи бољерот да стави вода и одеднаш помалата братучедка вика:Мамо дај ми ги копанките и ние се чудиме што и значи тоа и тета ја прашува копани сакаш?она пак не копанките после ја прашува пуканки ли? она цела изнервирана вика копанкитее и така погаѓавме и на крај тоа да ти значело купаќи Си разговарам со помалиот братучед нешто и ми вика ејј утре треба да купиме сто кила грами сол Си седам у двор и дека капијата ни е отворена целосно и братучедите си се возат со точак и застанаа со мене да ми прават друштво и поминува една жена и братучедка ми му вика ________ ќе ја претркаме жената? и тргнаа да ја претркуваат хахаха Си седам на тараса и го слушам братучед ми како си збори:Леле одвај чекам да пораснам за да можам да претркувам
На масичката во дневна имаше кесичка со маршмелоу и јас помини замини си лапнував по едно, по некое време стана и син ми да види што јаде мама, стани, падни стигна до масата и си зема едно од кесата. Си стои така малиот и си јаде од кесата, поминувам да си земам и јас, ја грабна кесата и ми вика: -Мое Се заврте после кон татко му го гледа и за да го разбери и тој му вика: -Mine Се прснавме од смеење со мм, синот ни се наљути дека му се смееме и со кесата стегната во раце се отетерави во неговата соба Детето ми e ем полиглот, ем циција
Седиме денес на ручек и син ми почнува да се жали како тетките што работат во кујна на децата им викале -Повели злато ,а на него му рекле само -Повели. Ние му објаснуваме дека е многу добро што им викаат и повели,а тој со баш ваква фацка ни вика -Ааа повели,па злато е повредно да ти рече
Еве едно мое бисеече како мала: -Брат ми и сестра ми излегувале и му вакаат на тако ми,нели тато дај пари. И ми викаат мене:дАла ти ќе излегуваш?А јас мала и им викам да.И они а пари колку ќе земеш?И јас 10 НОВЧАНИЦИ!Хахахахаха
Мене како малечка кога ќе ми даделе хартија за да цртам и кога ќе ме прашале : А ти Бубби што ќе црташ? сум одговарала: сега јас ќе цртам машки и женски девојчиња како ли сум ги цртала машките девојчиња не знам
Вчера и читам книга на ќерка ми и затоа што беше касно и реков дека денес читаме само една книга. Она се сложи и јас си ја прочитав книгава, ја затвроив книгата и мислев да изгаснам светло и да си легнеме. Ама малава итрица моја ми вика: мамо, јас некако не ја разбрав книгата, ќе може уште еднаш да ми ја прочиташ?! и се смее, ама онака скришно. Леле, итрица мала, затоа што и реков дека само една книга ќе читам, сакаше да ме прејде со : јас не ја разбрав, ај уште еднаш!!! се смеев до солзи!!!
Ќерка ми викендов - мм во Тинекс и вика: зарем не ти е срам тоа да го правиш? а малава: аа не, вчера ми беше!!!! јас доле на земја до солзи се смеев!!
Си пишувам со сестра ми на чет... И цело време ми пишува со големи букви, па ја прашувам зошто ми пишува со големи букви. И онака сиротко-збунетко ми одговара, нели, без смајлиња без ништо , мртва сериозна, со големи букви - НЕ ЗНАМ МИ СЕ НАМЕСТИ НЕШТО. Се отепав од смеа. Ај и кажав да притисне капс лок, па по некое време ми пишува - кјдлјкфјкд уф, ете, успеав. Којзнае колку се дандалосала кога ги наместила само големи, па не прашува како да смени, да не ја карам, си тера така. По десет минути ми вика: -Ај чек 1 мин. (баш овака напишано)... и чекам јас, мислам дека е во ВЦ или слично, и се враќа и ми вика, еве ме, и ги криев и и ги враќав на баба гаќите.
Внуката во Австралија има обичај што и да и облечат да соблекува и да седи на гаќи и маица. И братучедка ми и рекла: Кога ќе одеш на школо сите деца ќе ти се смејат оти се соблачаш. И после некое реме ја видела како седе у двор у тревата и плаче. Братучедка ми ја прашала што и е, и она „Ја идам у школо, мене сите мушки ми се смејат на голио г‘з“ Леле кога ми кажаа, патос бев
Шетаат неколку малечки дечиња кученце со синџирче. Кученцето и тоа мало и немирно, па им разбегуваше на сите страни и едно од девојчињава му вика: Куче, вака ли се шета?!
Денес на гробишта. Задушница нели... И едно детенце вика: - А со што отишла баба на небото? Незнам како ја постави точно реченицата. Можеби рече со што се возела до горе, незнам точно. Ама слатко ме насмеа.
Koga bevme mali so sestra mi (jas 6/7godini, taa 3/4 ) otidovme kaj nas bratuced na rodenden (toj da imase 9/10godini) Sedevme sto sedevme, sobrani cela familija i doaga momentot koga se duvaat svekite i se deli torta.. Sestra mi e najmala vo cela familija i sekogas pa i do den denesen site ja razgaluvame i taa prva se prasuva za se ) I doaga tetka mi so parce torta vo raka i i vika : Ajde malo probaj ja tortata i kazi dali ti se sviga pa da im podelam na drugite gosti ) I go zima sestra mi laziceto probuva, i pred site gosti tuka, na cel glas vika : Pa da ti kazam teto, maku ubaa, maku neubaa (malku ubava,malku ne ubava)..Tetka mi potona vo zemja a site nie cela familija slatko se iznasmeavme.. Denes koga i da odime nekade na rodenden, site vikame : Tortata bese maku ubaa, maku ne ubaa )) Druga situacija : vnuk od bratuced, imase okolu 4/5 godini, go donesoa kaj baba mi i dedo mi vo selo.. I sedime site familijarno na terasa, vnuk mi vo centarot na vnimanieto, si igrame i koga od edna strana doaga stado ovci...I bratuced mi (tatko mu) go prasuva : Sine sto e ova? I toj na cel glas : Lele kolku slonoviiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiii )) Dusicka nikogas nemal videno ovca i mu zalicelo na slon, od crtanite sto gi gledal... [mod-kirilica:uqe7zjnn][/mod-kirilica:uqe7zjnn]
Јас: Леле ама убави патики имаш ти, од кај ти се? Братучед ми: (покажува на патичињата) Ваа-мама, ваа-тато. Јас: Толку си слатко бе образите ќе ти ги изручам! Братучед ми: аа после ја немам уста, шо јадам? после јас тебе јадам газ*т нема ти шо да какаш !