Најново му е тоа што песната „Ав, ав, Шарко лае“ си ја пее „Ав, ав чоколадо“ Не знам, може му е полесно така или нешто си игра. А цела песна ја знае и ја пее убаво, само ова чоколадово не знам кај го најде
Вчера на Тв оди онаа новогодишна реклама од Кока Кола со Дедо Мраз (нели дедо мраз остава подарок и со камионот оди даље). И го прашувам -Кој е тоа на ТВ? -Дедо Мраз-одговара тој -А што прави Дедо Мраз?- го прашувам -Вози камион - ми одговори И нормално останав без текст ** Порано кога нешто сакаше да му купам (не дека нема туку од беснила негови) често велев ,,немам сега парички, кога ќе имам ќе ти купам,,. Оној ден одиме дома и го гледа комшивката и му вели ,,леле колку убава јакна имаш, нова ти е а? ,, а тој мртов ладен одговара ,,не ми е нова (а нова му е), стара ми е, за нова немаме пари,,. Таман да влеземе во куќата и тој се врти и накај комшивката ,,а ти знаеш дека и чизмите ми се стари и дека и за тоа немаме пари,, После ова не верувам дека комшивката нешто ќе го праша
Брат ми кога сме биде мали и сме биле во Маврово и кога сме се шетале за враќање секогаш викал - Ајде да се вратиме во котелот
Вчера братучетками доаѓа и ми вика нас ни се расипа компјутерот и викам од што ма и она вика па од свински грип
Малиот се нервира кога му викам мочко. Почна да плаче. Па така од мочко, преминав на плачко. Се смири и ми вика. Ти шото (зошто) мене викаш мокчо? Викај мене пачко. Ја не сум мокчо.
кога се роди керка ми половина главата и беше со косиче ама како мов а половина скроз гола и син ми во една ситуација одникаде му истекна и го прашува татко му -тато а кога ке и направиш коса на ----? се погледнавме и незнаевме како и што да му одговориме
Ваков бисер не сте сретнале... Ќерка ми е прваче и учиме да пишуваме. Прееска и` викам-земи ливче и напиши што ќе ти речам тато да ни купи...пишувај- Д3(де три капки), тоалет. Толку. Еве видете го ливчето како напиша, со солзи сме се смееле со мм ...срце на мама Злато на мама, па по две букви ги поделила
Hие веке два месеци имаме мачка и ја чуваме надвор,до лизгачка врата,малава наша нон стоп стоеше на вратава за да ја гледа мачката што правела. И јас ја прашувам A мачето што прави? и малава ми одговара Mаче прајт бала. И секогаш кога ке ја прашавме исто ни одговараше и ние си мислиме што е тоа бала? Cега пред некој ден имаше некој нејзин цртан со балет и таа почна вика бала бала и така дознавме дека мачката правела балет односно мачкава скока како ненормална на врата и си игра со опашката Oва од вчера,исто така со мачката. Jас земав да ги ставам алиштата да се сушат надвор и ја земав неа надвор,за да игра со мачката,а јадењето од мачкава(бисквити) и стојат надвор. Mалава зема да и тура в чинија и и вели Jади маче фрутс(овошје) а тие мирисаат на риба и јас си продолжив со работа и дојде и зела две-три бисквити и ми вели Can I eat this?Smells nice! Cе шокирав и почнав да се смеам,морав да го споделам
ова е мој бисер....јас ко бев мала,негде 6-7 години незнав од шо точно е составена баклавата си имав некоја замисла во главчето и одиме на гости со мојте и оп пред бегање ни дават баклава на сите и јас ко од топ - мамо бе.....кај се видело благо вакво внатре со мелено месо полно значи сум мислела на оревот,пошто многу ситно сецкан и жената ваква абе врв.....врв сум била со ова за баклавата и ден денес ме зафркават за то.....баклава со мелено месо
Ова од сабајле. Денес земаат пакетчиња во градинка и се сликаат со дедо мраз. Уште во 6 е станат и очи ококорени пред ТВ и Мајмун Џорџ. Го носам накај градинка и ми вели- -Мамо, ме лажеш, денес нема да дојде Дедо Мраз? -вели тој -Не те лажам, мама знаеш дека не лаже, ќе дојде. - му одговарам -Нема снег денес и нема да дојде - повишува тон Таман да влезе во училната се врти накај мене и ме прашува -Имаш, парички? -Ќе земам, што сакаш? - го прашувам -Да му купиш санка на Дедо Мраз зашто неговата е скршена и Ирвасот да го однесеш на лекар да му дадат сирупче, го боли ноџето за да дојде денес во нашата градинка се смеев цел пат до раб. (сигурно децата им се качиле на глава на учителките со прашување и тие така им велеле)
Внука ми, која има 4 години, си е доста голем гурман и паметот и е нон-стоп во јадење. И сега пред некој ден кога ја прашале што сака Дедо Мраз да и стави во пакетчето за Нова Година, оваа им рекла: - Сакам смоки, чоколадо, бомбони, салама, павлака... Лудо дете.
Внуката моја, кукла најубава ја прашале што сака Дедо Мраз да и донесе на Нова Година и рекла: "Не сакам ништо од Дедо Мраз, тато ќе ми купи"
xaxaxax ме изнасмеавте!!!Еве и од мене две примерчиња...за змија вика дива,а знае дека се вика змија туку така он сака да му се вика.Исто така сега ја учиме коледе леде па стигнуваме кај делот ке колеме теле и он (2год и 4 месеци)пее со нож...и никако да го скокне тој дел.
Сестра ми лудница деновиве, како некое духче од филмовите е, само оди по мене и ми кажува смешки. Сега спие кај мене во соба, откако си дојдов од СК, и некако не и се спие денеска, размрдана, распретана, 2 речиси не е заспана... И ме прашува што пишувам, со кој си пишувам, а јас скроз друго пишувам, не си муабетам, имам работа, и ми вика, ,,Оф, не ми одговараш, ај воа ќе си го гледам на тв,, коа, Бриџит Џоунс фанала гледа. Прееска зела и си тропка, и викам што правиш, ми вика ,,Си тропкам полесно да заспијам,,. Вчера го гледавме Lоve actually, јас скроз заборавив дека има сцена со двајца кога снимаат порно филм , а нејќеше да го исклучам кога ми текна, и и реков дека така сликаат портрети, уметност. И ми вика, ,,Види види, овој ја масира оваа и прави склекови, права уметност,,. А исто од филмот, кога тој мажот и подари златно ланче на љубовницата, а ЦД на жена му, и ми вика ,,Зошто му се налути жената?,, и и објаснувам ово оно, дека не е убаво да се изневерува, вака така... ми вика ,,Ама и ич не е убаво разни поклони на жената и на љубовницата да им купиш, требаше исти да одбере,,. Рикнав, а се лути ако и се смеам. Морам да редактирам - Само што ме праша што е тоа адвокатска комора. Солзи ми потекоа.
Посабајлечки сум се развреднела низ дома-чистам,а ќерка ми лази по мене.Едно време се доближувам накај штекерите ,а она како што лазеше застана и ми вика НЕ ИШ(џиш-јас така и викам за струја) потоа ја земала кесата со марамиците за чистење и со нејзе ја брише масата.Ја прашувам Чистиш? Ми вика ДА
Внукот на дечко ми се вика Марко,а кога ќе го прашаш како се вика вели Како. Или пак да му покажеш негова слика и да прашаш кој е на сликата пак вели Како и покажува со рачето на него. Сонце.