Дијалог меѓу мајка ми и сестра ми кога беше помала : М. Од каде е сестрати ? Н. Од ХХХХХХ ( Meстото од каде што потекнуваме) М. Од каде сум јас ? Н. Од ХХХХХХ М. Од каде си ти ? Н. Од ХХХХХХ М. А од каде е татко ти ? Н. Од на работа. Цел ден татко ми беше на работа и си помислила дека е од таму Уште ја зафркаваме за ова
Сестра ми кога се мажеше беше бремена со внука ми. Пред некој ден ја гледавме свадбата на сестра ми и зет ми и она ( 5 год има) прашува. - Мамичка зашто јас не бев на вашата свадба? и сестра ми и одговара - Ти сине беше во стомакот на мама. Продолжуваме ние гледаме и оваа и вика на сестра ми да и се јави на баба и (мајка ни). И врти сестра ми и оваа и вика... - Баб4е знаеш ти дека јас бев на свадбата на мама и тато. мајка ми: -Е како бе сине. Внука ми: - Па бев во стомакот на мама и ѕиркав од дупчето. Мајка ми: - Од кое дупче бе сине Внука ми: - Па од пупето како од кое... Се отепавме од смеење со сестра ми...
Сестра ми денеска - ,,А што си пишувате вие таму на тоа страната?,, :geek: Ме гледа дека пишувам на Фемина и дека читам, па и објаснив дека многу девојчиња пишуваат тука, за шминки, за диети, за вежбање... И ми вика ,,Ама и за тајни работи си муабетите, нели, и за дечковците, а?,, Уверена е дека имам дечко и не и кажувам, а немам уствари, кога ќе имам ќе и кажам. Прееска ми вика ,,Ич не го гњавев кучето денеска, морам да испаднам малку надвор.,, Ја гледам по пола саат, го сукаше низ дворот, го легнала и го тркала, јадно куче. Тоа па многу ја сака и цело време по неа оди. Еве ја, пак си тропка, побрзо да заспиела. Циркузиииии е, леле.
Бисер од вчера. Купивме мало прасенце и мм го донесе дома и му вика на свекор ми да ги извади тоа изнутриците (џигер, бели дробови, срце, слезинка и сл. ако ги сака за некоја чорба бидејќи ние нема да ги користиме) и малава стои од стран, гледа и само рече- дедо ова му е душата на прасето? Кутро дето што му поминао низ глава, кој знае каква слика си добило. Битно ние се изнасмеавме.
Едно девојченце од комшиите ме испонасмеа, само збори нешто, 5 годинки има Јас и викам,што правиш вака сама што се шеташ? И ми одговара:Си ја одмарам главава ... Циркузи е,иначе ова си ја одмарам главава го има слушнато од дедо и,секогаш ја шеташе,па кога ке сретнеа некој по пат ако го прашаа што прави,викаше си ја одмарам главата
Леле денес се изнасмеав со малиот уште од сабајлечки.(Има две годинки и 5 месеци) Стануваме од спиење му пуштам музика ми вика:ај мамо играј и јас нешто сум се размавтала играм детево почна да ми се смее у фаца и ми вика:како бомба си!(А бемена сум во 7 месец ) Сигурно сте го гледале клипот на you tube:la bomba со нилскиот коњ што игра? http://www.youtube.com/watch?v=tEVyDmcF ... BQ&index=1
Мајката на малото и стрина ми прават муабет за плетење и тоа од страна и вели на мајка му:Мамо,ќе ме научиш и мене да плетам и то со вакво фацулче ,а мајка му му возвраќа: Да знаев јас арно ќе беше ќе те научев ,ама и јас не знам.И тоа се мисли,се мисли и вели е добро тогаш да шијам мора да ме научиш дека ко ке пораснам кој ќе ми ги шие петличињата . Се изнасмеавме абе сонце убо
Оној ден пред да одиме на фрлање на крстот додека се спремавме со снаа ми дискутиравме колку е глупо правилото женски да не се фрлат по крстот, као ај во МК е ладно па можеби не е добро за јајниците ама тука е топло па пак не смеат да се фрлат. Внук ми постариот цело време не слушал и впивал се како мало сунѓерче, кога стигнавме почна малиот да се соблекува и го прашуваме што прави? Тој: Ќе се фрлам по крстот Ние:Како ќе се фрлаш, мал си. Тој:Па немам јајници како вас, можам да се фрлам Во тој момент се умешува еден господин и му вика на внук ми кој има долга коса (никако не дава да се шиша) само машки можат да се фрлат, внук ми му вика "машко сум, немам јајници " Господинов " Е како машко си, види колку ти е долга косата, само женски имаат долги коси" На внук ми изгледа му се здосади да се расправа со господинов и му се заврте, ги соблече бермудите и му вика " Ај види сега дали сум машко или женско Needless to say господинот го нападна како бил невоспитан а ние затоа што се изнасмеавме место да го скараме бевме исто невоспитани а тој што се меша во туѓи разговори многу е воспитан
Летото си седиме неколку другарки и малата сестра на една од другарките и месечината беше жолта и си прашувам јас полу заспана „зошто е месечинана жолта?" и добивам еден оригинален одговор од малата „ами се изгорела на плажа" штета што неможам да ги запамтам сите
Приказна што ми ја имаат кажувано моите од кога сум била малечка околу 3-4 годинки Мојот дедо, отсекогаш за секој празник наместо поклон ни давал пари и јас тогаш малечка и не сум ни знаела за парите. И на мој роденден доаѓале гости, роднини и дедо ми веќе бил седнат на масата и си мезеле нешто, арно ама во меѓувреме кој како дошол, дал по некој поклон, а дедо ништо И јас ни две ни три кога сум му викнала: Како си седнал бе ти на маса без поклон, кај е поклонот ? На човекот му останало залчето во уста, а сите се прснале од смеење, за ова и ден денес ме зафркаваат. Друга случка исто пак со дедо ми и мене Баба ми спржила урда и не седнала да јадеме. Е арно ама татко ми не бил дома, бил на работа, а мене ме имаат учено цел живот се да поделам и да планирам да има за сите дома да јадат. Јас сум се најала и како сум станал сум си го собрала и тафчето со мене. И ме погледнале баба и дедо и ме прашале каде ќе одам со тавчето? Јас нешто таму сум им кажала, ама они успеале да ми го земат и баба му кажала на дедо, нешто ко демек јади, има уште ќе спржам. За некои пет минути јас сум се вратила и кога сум видела дека нема веќе во тавчето за тато кога сум викнала: Ииииииии.... губе скапано изеде ја урдата од каде јас на дијалект ? губе сакапно на дедо ми ? Брука Следна случка со мене : Ова од времето кога се работело со чекови. Дедо ми и татко ми планирале да плаќаат сметки и делеле што за каде, нешто за мајка ми за баба ми,а јас од страна сум гледала и сум почнала да плачам. И онака они ме тешеле незнаеле што ми е и јас само кога сум рикнала: Менеееееее никој не ми дава чеккк Ови три случки се остнати до ден денес и секој ден ме потсетуваат на моите ''мудрости''
Брат ми беше многу живо и жилаво дете како мал. Просто, да не знаеш која глупост следна да ја очекуваш, а моите се навикнаа и ништо не ги изненадуваше повеќе. Најомилен бисер од него, ми е неговото однесување кога нешто ќе расипеше или скршеше. Секога доаѓаше со една ваква фаца и ме прашуваше, всушност, само ми велеше - Дадо, ова не ти треба, нели? И ми спушта во раце демолирана Барбика, „нашминкана“, Барби-мутант без рака/нога, па и глава. Хајлајт на векот, беше кога успеал некако да ја скине и откорне буквално капата на едно плишано Штрумфче. Велештрумф. И најмногу си го сакав, зашто татко ми ми го беше купил кога се научив да читам. И ми го носи мангупов, со фацава и вели - Дадо, му паднала капата на Штрумфот. Не ти треба нели? Абе што ќе ти е, мала ти е тебе види колкава глава имаш. А и топло е, не ти е жал дека на Велештрумф жешко ќе му биде? Го закрпија Велештрумф, пак има капа и читав е - си седи на полица и чмае. Ама сепак не можев да си го преболам - се убив од плачење и дерење - умре Велештруууууууууууууууумф!
Леле, ова прeд некое време го изјави малава на сестра ми Веќе неколку месеци ужива да гледа емисии за готвење , посебно Рудолф, омилен и' е (не дај Боже некој да го чепне даљинското додека го гледа, ќе потепа некого ) Ја ранела сестра ми во дневна, оваа штракала на даљинското и дошле до каналот кај што е емисијата на Алачки. И нели, емисија за готвење, очите пет банки и' се отвориле на внука ми И гледала, гледала.....за некое време се свртела накај сестра ми и и' рекла „Мамо, зашто оваа вака улепшано зборува?“ И од тогаш кога и да ја види, вика „еј, мамо, тргни ја оваа улепшанава, неубаво зборува“
Oва сега тазе баш најтазе Mалава моја ми побара седнвиче со ајвар и сирење и си седна пред телевизор да си гледа цртан bubble guppies на цртанов има едни човечиња-риби и сега си седнаа да си јадат и мегусебно се прашуваат What did you get for lunch today? или што доби за ручек денес? и си кажуваат банана,сендвич Oваа малава одговара демек неа ја прашуваат Cендвич со јајварче и сињења Kе се помочав од смеење. И сега дури го пишував мислењето и се закачило некоја семка од лебот,ме трга и ми вика имам спајдер в усте
Синоќа син ми пред легнување видно изнервиран ме прашува -Добро до кога јас ќе спијам сам во кревет ? Јас без размислување му одговорив -Додека не се ожениш. Ме погледна ѓаволесто и ми вика -Аха ,значи да си барам жена
Ја лулам вчера ќерка ми на лулашка и цело време ми вика: посилно...посилно. Веќе беше доволно висока и она пак посилно вика, а јас ја прашувам: до каде? и малава: до свемирот бе мама, до свемирот!!!
Не знам дали да го кажувам најголемиот бисер на син ми од пред некој ден, може не е за тука го бањавме пред некој ден со мм и кога го бришев и мачкав со крем, мм го прашува „кај ти е к****о?“ и малиов, мртов ладен му вика „го изеде мачката“ Инаку, тој израз го користиме кога нешто бараме и не можеме да го најдеме... па сега, тој како си поврзал... дете!
Си игра вчера ќерка ми и одеднаш се стрчува накај мене и мм и ни вика: Јас знам која му е девојка на тато? и ние као зачудени ја прашуваме која и она вика мама. Ја прашувам после што ми е мене татко и и малава моја ми вика: па тато ти е тебе чувар!
На внукичката на скајп и викам „Шо правеш ма Стефи?“ -„кој, ја ли?“ викам „ти, шо праеш“, -„ее, финти“. Се згазив
Мајка ми, прашала едно комшиче. Одела накај продавница и го прашала дали нешто да му купи... - Сакаш нешто да ти купам, од бурекчилница? - Може. - Што сакаш? - Бурек. - Со што? Со месо, сакаш? - Не. - Со сирење? - Не. - Е па, со што сакаш? - Па, со бурек.