Мм кој е по татко италијан решил да го подучува малиот италијански (тоа малку што и самиот го знае ), ќе му ја направиме главата каша попара со јазиците ама ај нели полесно учат додека се мали И така сабајлево се разбудил и нестрплив да сподели што го научил татко му доаѓа во спална и вика на цел глас во 6 саат сабајле :mama mia bellissima, mama mia bellissima, mama mia bellissima Нешто се греби мм само не знам за што Друго бисерче на кое и не сум баш горда Во последно време кога и да го праша некој како се вика син ми им одговара- тика Еднаш, два пати така одговара и го прашувам и јас како се викаш, малиов ми одговара - тика зелена ,тоа јас дека нонстоп му викам као нагалено тиква зелена си помислил дека тоа му е име Ово како статусот на фб, до 8 години мислев дека се викам биди мирен, само моево дете си мисли дека се вика тиква зелена Ќе бидам екстра внимателна од сега какви надимаци му наденувам на малиот
Јас кога бев мала, мајка ми спремаше за моите родендени по 3-4 дена претходно. Значи месишта, салати, руски, кифлички, печени кикирики дома и сл. И еднаш на еден роденден, сум застанала на вратата од дневна и сум ги гледала, гледала, гледала гостите и во еден момент сум ги ставила рацете на половина и на цел глас: Како не ви е срам! Мајка ми 3 дена спремаше јадење, вие изедовте се наеднаш! Леле можам да замислам кој резил било тоа за моите (мајка ми уште го раскажува тоа) И многу беше јако кога брат ми на отприлика мислам беше 4 години дотрча од мајка ми и ја праша што е тоа е*ење
летово бев во село кај баба ми и отидов на гости кај братучетка ми малата и земала ми ја мазни косата (дека долга коса имам ) и ми вика леле лее,каква коса имаш ко на Вељан од Стојмирка и јас се чудам кој е тој па сега Вељан, и ајде се шетаме и ми вика еии ене го Вељан, и јас се вртам и што да видам Вељан да ти бил коњот на комшивката.....
како мала на 2-3 годишна возраст сум ја гледала мајка ми нели како пере на раце и јас ни две ни три сум земала крпа и прашак со раката и во бц шоља сум перела хахахахахахахахахах
Како ми расте мешето така и керка ми ја припрамаме дека ке пристигне нов член во семејството ,и веке и се јасни мн работи ,почна да му зборува на бебето да не ја клоца мама да биде мирно,па прашува кога веке ке излезе ,и така денес јас опружена на кревет и керка ми ме гледа и ми вика „мамо а зошто ти ке родуваш уствари бебе„ јас неколку секунди останав без одговор и мм ме извади и вика па за да си имаш ти друштво а она ладнокрвно за да го тепам исто така пред некој ден мм ме слика и кога ја видов сликата му викам бришија огромна сум не можам да се гледам , а он зошто де ако нека е и ја прикачи на фб а керка ми прати ситуација и ми се приближи почнува да ме гали и ми вика мамо колку си убавка ослабната си малку
бев мала и бевма на гости кај едни пријатели и они имаа бебе и посто мене тоа време се баба не чуваше што ке науцам ако не глупост некоја и бебево се насмеа а јас микам -пукнало па се смее(нака на паланечки диалект усте ме зезаат за тоа пукнало па се смее
Ехее,кога сум била јас мала,бисери колку сакаш. Сме биле на гости кај прабаба ми,јас и мајка ми,и прабаба ми почнала на шала да ја гушка мајка ми и да вика,моја е,моја е мајка ти,не ти ја давам. А јас сум ја тегнела на другата страна и сум викала дека е моја мајка,и дека ја сакам најмногу на свет. И на крај малку сум се замислила и сум и рекла: Па ти си стара,поминало времето кога била твоја,сега е моја. Се убиле од смеење двете... Друго,мајка ми ме однела кај неа на работа,и сега да ме запознае со една нејзина(малце пополничка колешка ). И колешкава рекла здраво,јас сум таа и почнала некои муабети да ми прави,од типот на дали одиш во градинка и слично... и после ме прашала дали одам на балет,и ја сум рекла да,и она рекла и јас сакам да бидам балерина како тебе. И јас сум и рекла ти неможеш да бидеш балерина,дебела си Мајка ми во земја пропаднала... срамота
Некои зборчиња на малата на соседите Чефкалица - Хевталица Перница - Прница Кечап - Чекап Мобилен - Обилен
Имам прва братучетка, 2 години и пред некој ден бевме на роденден кај поголемата и нели подарок и си викам јас ќе купам за малово чоколадо да не биде без ич. И не ја очекував нејзината реакција ама ме изнасмеа до солзи. И и го подавам чоколадото и таа си се оближа со јазичето неколку пати и вика аааа чоколадце Цел роденден после тоа така ми правесе со јазичето
сестра ми малата петелот и се качува на кокошката и таа мамо маа петелот ќе ја утепа кокошката лееле отиде коковчето и го брка и гледа еден коњ во нива и вика даде го гледаш коњот што работи во нива и јас да епа тој коњ само за работа е или може и да се јава ? и прашањето даде Што е тело?
Малиот од сестра ми. Кога ќе се налути, плаче (мислам вришти ), го крева рачето и така целиот лут почнува да ги реди сите во собата: -Тебе те нетам (не те сакам). Тебе те нетам. Тебе те нетам... Завршува на крај со рачето кај него. - И тебе те нетам!
Внука ми ми вика ,,кај ти е дечкото, што не го донесе и него да видиме дали е слаб или дебел,,. И врвот, седам кај другарка ми, а таа отиде во купатило и внук и застанал на врата и се дере ,,тетооо излези побргу, ме стега пушкава, не можам да држам више, ќе пукам,,
Легнати со малава, читаме книга и во моментот кога го слушам мм како влегува во ВЦ, ми текнува дека нешто треба да го потсетам,и почнувам да викам: - Цукиииииииииииииии, цукииииии! малава ме гледа, и таа да не остани покусо, почна: ЦУУУУУУУУКИИИИИИИИ, ЦУУУУУУУКИИИИИ!! Ја гледам бледо, и и` викам: Мама, јас по тате викам....ти? - По Цуки Седи на шоља (тогаш има најмногу инспирација за дрндање) и ми имитира нешто ко цицање. Мене во моментот ми заличе на имитација на коњче ( ) и и` викам: За коњчето збориш мама? НЕЕЕ! И пак истото. Викам Е па извини мама,ама не знам за што ми збориш,и кутро дете, со судни маки, за да ја разберам, ми вели: Мајмон. Ааааааа,ми се пали сијаличката - Да, го гледавме бебето мајмун како цица од мајка му во ЗОО, и викам Дааааааа, бебето цицаше од мама! Ми се врти и ми вели: Мама мајмон! Ааааа, како бе ќерко јас мајмун??? Па ако сум јас мајмун, тогаш ти си бебе мајмун, така?? Се мисли,се мисли, и ми вели: Не, мама Моира... Не и` се даваше мајмунче да е
Со син ми седевме, гледавме цртан филм и одеднаш го осетив идниот ми син како глушец да ми претрчува низ стомакот , се фатив махинално за стомакот и малиот ми вика: Мама боли мешото, бубам, не боли мешото Јас му одговарам: Не ме боли мешето, бебушот трча Син ми се наведнува и му вика на мешото: Бебе мирен, не трчај, панеш....полека, оди Можеби не ме слуша мене кога му викам да не трча, да оди, важно уште од сега го учи братчето како треба
Внук ми, 4 годинки,кога ме прашува нешто јас викам "a?" и он "не а, молам" ! Седиме така, и тој паметен, почна по сите женски во собата "имаш ци*ки, и ти имаш, и ти имаш..." Еднаш па, гледам со него, некој си документарец за Моцарт, него не му беше интересно, али го запамти името Моцарт и дека тој починал. После 5 минути ми вика "Моцарт умрел од нездрава болест"
Секоја реченица на ќерка ми започнува со „Јас сакам...“ и кога ќе посака нешто невозможно, обично татко и и вели: - И ја сакам авион с‘с приколицу ! И си седиме вечерва дома, а таа иде од детската соба и му вика: -Тато, ти ја исполнив желбата. Во рацете носи цртеж, а ние паднавме од смеење. Му нацртала авион со приколка. Еве го документирано: