Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бисерчиња

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 29 јули 2011.

  1. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Внук ми видел пајажинка и рекол
    Мами апо мети-Мами страшилото (пајажината) измети го :D
    Дај коко-Дај ми јајце :D .Се видел во огледало и си велеле ииииии Бебетооо :D.Се шеткаме и вели Сакам меко и му велам ее сега нема меко и тоа тажничко и се мисли,мисли и вели а вода? :D Жедно си беше детенцето :D .
     
    На bittersweet, Annath, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. owi

    owi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    123
    Брат ми стана од спиење и го гледа на масата неговото шарено јајце скршено.
    Леле кога си отвории очињата О.О и вика : Леле со вас ја нервен слоН ќе добијам :@
     
    На Amona, SV1911, Hipster и 12 други им се допаѓа ова.
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Најново од вчера.
    Јадевме торта и ќерка ми прва го смафта парчето за секунда и очигледно сакаше уште и вика-кој сака пендрек нека каже. :^) Јас сакам, има уште некој.
    И мене ми светна дека уствари сака репете и прснав да се смеам. Домашниве не сфатија што сака детево да каже и почнаа да ја прашуваат зошто сака пендрек.
    Кога им кажав што сака, се јавија уште доброволци за пендрек :D :D
     
    На Amona, Girl-Rabbit, SV1911 и 20 други им се допаѓа ова.
  4. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    За таков пендрек и јас сум ,,,
    Инаку внука ми моја кога и викаме од каде и е дечкото?! Вели дека и е од „Долно Дупени“, а јас ја зафркавам да не е од „Прдејци“ .. и таа мнн мнн се нервира..

    ПОстарата внука кога беше на 2 годнини кај нас на гости и направи беља и Брат ми и вика :
    „На кого си толку глупа?!“
    А таа ни 2 ни 3 одма из пушке одговара :
    „На ДЕДО!!! “:lol: :rofl: :lol:
    така да дедо и беше многу лут мислеше дека ние ја учиме.
     
    На Amona, CuteEva, aaaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    20.886
    Од мене како мала
    Правиме колективно ајвар цела фамилија во проширен состав, и јас се пљаскав во тоа пиперките а возрасните ги лупат и прават муабет за беспарицата, за тешките времиња итн. И јас
    - Па да треба и јас и брачеда ми (инаку на иста возраст - тогашно некои 5 год) да си најдеме некоја работа и да работиме. На пример јавна куќа.....(кој знае шо сум мислела белата куќа, јавна куќа :tmi: )

    Од внука ми
    - Бабо ај види тука какво е ова - и покажува на баба и нешто со ситни букви напишано
    Баба и и вели- Е ами ништо не можам да видам, овие очиве не ми гледат убаво
    и тааа- ееее бабо ти па ич не си очигледна.................
    :D
    :D
    :D
     
    На SV1911, ilipili, Sara123 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    20.886

    Кога сме кај репете...мојот сопруг кога бил мал си мислел дека репете е месо со пире. :D
     
  7. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Вчера син ми седи до мене и трeбаше да видиме нешто на компјутер.Отварам јас интернет и ми вика:

    ,,Мамо ти стално ли отвараш на ЧКРОМ?Јас на експлорер си отварам."

    Молам?Сватив одма дека мисли на google chrome.

    Супер му оди англискиов,иако понекогаш знае да ме изненади со понекој ЧКРОМ. :rofl:
     
    На Amona, Markusa2, Sara123 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Еве неколку бисерчиња од брат ми:
    Нели-лели
    Двоглед-воглед
    Проба-прова :rofl:
     
    На ilipili и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  9. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Mene sin mi (2god I 10meseci) ubavo me izbruka
    Imame bebe 2 meseci,kunot dojde na povojnica,go cepka pogolemiot,mu vika sto imas tuka?(go cepka kaj kokoto)
    Maliov mu vika koko imam I tato ima koko ,golemo,crno kako petel,strasno
    Neznaev dali da se smejam dali da placam,propadnav vo zemja
    Mu zabraniv na mazmi da vrsat mala nuzda zaedno :)
     
    На Amona, Markusa2, Gea и 15 други им се допаѓа ова.
  10. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    хахахахахахаххаха ме изнасмеа со постов, царче мало :*
     
    На Amona, figgiMK и SimonaTino им се допаѓа ова.
  11. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Беше кај нас вчера внукичката мала и ја зедов со мене во продавница ми се јадеше нешто благичко и и велам дојди ќе ти купам чоколадо, веднаш скокна радосна. Отидовме во продавница и и велам што сакаш вика инде ајце и јас си се чудам што е тоа :?: и така си шетаме по равтовите со надеж дека ќе најдеме инде ајце и по едно време го здогледа и си го зеде тоа што го сакаше. Па таа цело време сакала киндер јајце бре како не ми текна. :D

    И тоа не е се. Одиме да платиме и пред касата таа ми вели дадо дадо никоноч и јас си мислам ова е пак некое нејзино уметничко име и си чекам на ред да си наплатам. И таман доаѓам на ред сфаќам дека со себе не сум го понела новчаникот. :o Зборовите ми застанаа во грло :x каква брука си помислив. Во тој момент малата ме фајќа за рака погледнувам долу и што да видам новчаникот во нејзините рачиња. :D Таа цело време никоночот никоночот сакала да каже дека ми паднал новчаникот. :D
     
    На SV1911, Sara123, ilipili и 4 други им се допаѓа ова.
  12. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    338
    На братучед ми што е 5 години, хит ми е. Интересен ми е дека на лицето му се познаваат искрени чуства.

    го седнувам на кафе со мене и друштво и го прашуваат
    -Пиеш ли пиво?
    -Порано пиев ама сега не :) (ама дури жална фаца прави)
    -Аааа па добро ти навреме си го откажал. А зошто не пиеш?
    -Мајка ми не ми дава (и пак жално гледа)
    -А татко ти ти дава ли?
    -Ееее тато ми даваа (и весел демек ете голем сум и јас штом ми дава)

    Влегле со вујна ми во златара да ми купат мене нешто и се напнал сакам ова сакам она и вујна ми за да го смири му рекла ’’Слушај во златара се прдаваат работи само за женски’’. И се смирил некое време и после му текнало :!: ‘‘ Е па ај да купиме и на Мартина нешто‘‘ (мартина е симпатијата од градинка).

    Истава ситуација почнува да ни ја раскажува вујна ми ама фраерот се срами и почна да ја тепа ’’мамо ма мамо не кажувај не кажувај ’’. Мајка му добро вика не кажувам ништо на никој. И во моментот се смирува и богледнува нагоре и под мустак така заљубено си се смее :D

    Му викам пред некој ден
    -Женска имаш ли?
    -Немам
    -А да ти ја редам Михаела?
    - А таа се помочува ли?

    :rofl: А тој пред некој ден му кажал на татко му оти некоја му е симпатија и овој му рекол ‘‘мала е бе таа уште се помочува‘‘ :D И детето одма помочувањето го зема како прв услов за некоја да му биде женска :D
     
    На Girl-Rabbit, SV1911, Markusa2 и 23 други им се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Во последните 2-3 недели ми порасна стомакот и син ми стана опседнат со него :lol:
    Прво прашуваше зошто ми толкав мешото, му објаснив нели дека бебето расте, после тоа следува прашање како влегло и од каде ќе излезе, за влегување нешто го изматкав а за излегување му реков дека од пупакот ќе излезе :angel:

    Последниве дена пак е опседнат со тоа кога ќе излезе бебето и му реков дека кога ќе порасне он до кукот мој ќе излезе бебето, само што му реков така го снема малиот.
    Се врати после 5 минути со еден пар штикли мои, ги стави пред мене, му помогнав да се качи на нив да видам што му истекнало и син ми чука на стомакот како на врата и ѕирка во пупакот и вика:
    Ајде бебе излези, пораснав јас :rofl:

    Сум се смејала со солзи што од што ми беше смешно, што од гордост како му текнува така да се снаоѓа бебушот мој паметен :inlove:
     
    На macor24, Amona, Girl-Rabbit и 53 други им се допаѓа ова.
  14. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    802
    пред некој ден јадам јас тулумба и внука ми тука до мене стои и ме гледа и чека да и дадам и јас и викам
    Што е бе тета ти падна шеќерот и она ми вика Да
    касна малку и ете ја после една минута доаѓа пред мене и ми вика Пана токоло :D
     
    На Amona, ilipili, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Мојата другарка :D која има 4 години пред некој ден убаво ме изнасма.

    Таа: Јас нема да се мажам
    Јас: Зошто ма?
    Таа: Епа така, не сакам да си ја оставам мама

    Ја прашувам што сака да биде кога ќе порасне и ми вели: Ти знаеш ли што ми е мене школото ма? Ќе продавам на пазар алишта, влечки и сеееее...

    И имаат еден црн мачор и јас и велам ич не ви е убав. И таа ми вели е ако де ние секако ќе го умреме :D :D
     
    На Girl-Rabbit, Arianna, De-lovely и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    ја шетам братучедка ми во количка и комшивката и вика пу пу машала ама си убава да не те урочам, и малово и вика не користи србизми те молам :rofl: :rofl:
     
    На Amona, SV1911, Ketrin.Moon и 8 други им се допаѓа ова.
  17. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Внук ми од братучеда ми има 5 години, пред некој ден бев кај нив на гости и сите гледаме телевизија, се појавува онаа рекламата на добра вода со дечињата (тие сами по себе се бисерчиња :lol: )
    На што мириса водата, мириса како вода, не мириса како зграда на пример. :rofl:
    Сите се смееме и јас велам, е на што мириса зградата, и овој вели: На манџа бе тета! :rofl:
     
    На Amona, ilipili, Sara123 и 9 други им се допаѓа ова.
  18. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    hahaahahahahahaahah
     
  19. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Кутро дете истрауматизирано од мирисите кога ги запржуваат манџите. :D Јас дури тогаш сфатив што значи рекламата. :D
     
    На Amona, Sara123 и ikame им се допаѓа ова.
  20. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Последново од внук ми.
    Требаше да седи кај нас 2-3 дена и мајка му го спремила. Му ставила некои алишта, омилената играчка во ранец и одам јас да го земам. Му велам да ми го даде ранецот, пошто троа потежок, го гледам дека се напиња да го носи и тоа ми вика: -Не тета, ти си женско. Ти имаш менструација. :!:
    После ме прашува што е менструација. :|
    Лудо дете. :D
     
    На Amona, SV1911, ilipili и 9 други им се допаѓа ова.