Внук ми по телефон му велам шо прајш бе сонце и то гедам и шо гледаш -то топките . Пијам кафе и то вели топи и јас се чудам шо сака и со прстето во кафето вели топи ади и тогаш ми светна дека кафе сакал . Играме надвор и вика голкото ,голкото јас се чудам пак и оди кон топката и со ќеф вика голкотооооо .Легенда е малиот.
Шетаме со мајка ми и син ми и поминувавме покрај мост ... и син ми ја гледа рекета и виле “ лееееееее мама види море“ хахаха А сега е во Охрид на одмор со баба му и дедо му и за езерото вели река 100 пати да му кажам што е река а што море тој ќе си тера по свое
Внуката од девер ми, до сега по име ме викаше, а сега и е интересно па знае и Нина да ми рече. И ја закачаат, и ја прашуваат, зошто ти Snow-Queen ja викаш Нина? - Па зошто е трудна
Слична ситуација со внук ми. Имав неколку другарки кај мене на кафе. Ги истражува некое време и им вика: -Ти имаш ци*ки, и ти имаш, и ти имаш, а ти па баш и немаш.
Моево дете е полно со бисерчиња, мислам за него ја измислија изрекава, само во сон не збори инаку уста не затвара цел ден Сум спомнала дека детево ми е така малку нарцисче, не е до мене I swear , така си е родено Пред некој ден местев слики од новиов бебуш во албум и ја гледа сликата од 4д што е и ми вика: Што е ово? Јас му одговарам дека е бебето во мешото, ме гледа, направи една фацичка намрштена и ми вика: Лелеееее ама ти е какано (се што не е убаво е какано) бебево Му објаснувам дека бебето е убаво (иако навистина личи на марсовец ) и дека сите бебиња така изгледаат па дека и он така изгледал во мешото, му го вадам албумот негов да си ја види и он сликата, дека исто изгледал како сега бебушот. Ја гледа сликата негова, ме гледа мене и ми вика: Не јас на сликата, јас сум УБАВ Во саботата им беше на внуците мои роденден им направив капкејкс, едните со розево за принцезата а другите сини за дечкото, ги оставив на маса и отидов да се пресоблечам за да одиме, за тоа време син ми се качил на масата и изгризал 4,5 Го прашувам што прави, зошто сите ги гризнал по еднаш место една цела да си земе???? Крева рамениците, нито не правам, барам која е најубава да ја изедам
Другарка со малиот беше во Охрид за викенд и го прашувам да ми каже како си поминал. Одговорот: (Се молат Охриѓанките да не се лутат + малиот е премногу педантен не сака воопшто да биде извалкан) - Тоа Олидот ич не биљ убав. Има ногууууу пешок и ми егуваше во ноџињата и какани ми беа ногуууууу. Има ногууууу тода ама таа тодата ногуууу љадна, пу мајката беее ми шмрзна тулето!
Еве ви еден мој бисер, воедно и доказ дека сум била прилично ... истакната плавуша пред три-четиринаесет години. Уште бев во забавиште и мислам дека учевме нешто околу тоа дека луѓето можат да живеат во куќа или стан, на определена адреса и со определен телефонски број и некои муабети од тој тип. Потоа сите си ја кажувавме улицата на која живееме и имавме некоја дискусија која и баш не ми е нешто свежа низ меморијава. Со девојчето кое се дружев тогаш бевме тотално фасцинирани од тоа како всушност можат да постојат толку многу имиња на улици - од едната страна едно име, од другата друго и сето тоа на една иста улица !? Девојчето живееше на „Вера Циривири - Трена“, а јас да речеме, на улица „Вардарска“ и откако го кажав името на мојата улица, другарка ми ми упати еден поглед ... - М, зар твојата улица нема презиме !? А јас, просто не знаев што да кажам и си стоев така молкум, се натажив си мислиш се случило нешто фатално - мојата улица нема презиме. На враќање, ко од пушка го прашав татко ми : - Тато, оти нашата улица нема презиме, улицата на К. има, зошто нашата нема, како ќе ја најдат (а кој треба да ја најде бре дете) !? И тука почнаа објаснувањата, како и што означува името на нашата улица, па откако заврши со муабетот, татко ми само ме праша - А сега јасно ти е зошто? - и на тоа плавушава силна - Да, на нашата улица не ѝ треба презиме, можат да ја најдат и без него. Уште не ми е јасно како сум си го претставувала тоа дека „можат/не можат да ја најдат“. Очигледно сум била убедена дека на секое име му треба презиме - логично, нели ?
Ах, сега ми текна и на ова. Брат ми имаше 4-5 години кога се породи тетка ми. Одиме кај нив на гости за прв пат да го видиме малото. Брат ми го гледа бебето, целиот така збунет и ја прашува тетка ми: - Добро тето ова бебе сега од каде излезе? И тетка ми му одговара: - Па од стомакот мој излезе. И тој и вика: - Ааааа, затоа ти беше толку голем. Се чудев јас што ти е, а ти си имала бебе. Си се изнасмеавме на ова, ама нему му се свртеле некои мисли во глава и оди кај татко ми и му вика: - Тато, ти знаеш дека тетка ми родила бебе? Татко ми му одговара: - Да сине знам, затоа дојдовме нели да го видиме бебето. Го гледа тој татко ми, го пипка за стомак (а татко ми има голем мешлак ) и налутено му вика: - Добро бе тато, ти планираш више да родиш? До кога мислиш да те чекаме? Милам дека тогаш ќе се онесвестевме од смеење.
Братучедка ми кога имаше 3,4 години,се изгреба со нешто,и вика по мене: Брзооо залепи ми фломастер!! Спојлер Ханзаплас да и залепам
Седиме во соба со другарките и кај мене беше внук ми и сега доаѓа и застанува пред другарка ми и ја гледа ја гледа таа му вика дојди седни и тој само не кај тебе, оди кај друга не кај тебе доаѓа пред мене и ми вика кај тебе никако не сакам да си направам уште едно вакво(и покажува на ногата а тоа модринка паднавме заедно од стол ) и ми вика не си ми сигурна оди кај другава еее ти имаш поголемо столце до тебе ќе седам и седнува 5 минутки и одеднаш стана: - Аиии кај сум се запикал јасс во зенцко друство се удира по чело и излезе Гледаше потоа фудбал со татко ми Па срамота било со зенцки
Денеска братучед ми ме насмеа до солзи. Седевме надвор и тука беше татко му и пиеше пиво. И сега го прашуваат што пие татко ти ? и ова на сет глас се дере пиче џа џивче ( пивце за живце) абе сите тука се газевме од смеење. И потоа го однесов на продавница и мажот ми вика џеми токо ја патам ( земи си чоколадо јас ќе го платам) После пак беа со татко му на продавница и продавачката го прашува каде одите со татко ти, и ова му вика еве ночам ја тато паџа ( еве го носам тато на плажа ) абе прснавме од смеење, а мажево има само 2 годинки
Морав да го споделам овој бисер од мене. Кога бев мала некаде 4 години ме носеле во зоолошка, и така сум одела и сум ги разгледувала животните и сум јадела смоки. Но кесичката ми се скинала и како што одев така ми паѓале смоки без јас да приметам. И еден паун почнал да оди по мене односно по смоките, и јас почнав да бегам а тој по мене, се бркаме така некое време и на крај јас се уморив, се вртам и велам : мрш мори магарицо...Луѓе неможете да замислите кое смеење паднало, ама ето шта чес, не сум разбирала
имав една комшика која доста долго живееше кај мене у населба и има мало дете машко и така на еден мој роденден доаѓа она и малово и сеа ја у соба нешо на фб проверувам а оно мирно на креветот си седи и ме гледа...и мене жал ми падна шо само го остаив и му викам шо е даде? сакаш сокче? и он ми вика нее и после го гледам така незнам шо да му речам и му викам ај да идеме да играме со топчето и он само се избацува не даде не иди пушти мене голите тетки да ги гедам... незнаев за шо се работи.... али можев да претпоставам
Му викам на комшија еден (8 години има) преку ограда да и однесе на мајка му нешто, како поштарче ни е малиот. И ми излегува сестричката негова (6 години): Таа : Кој викаш ма? Јас : Брат ти го викам. Таа : Аааа. Ама не се вика он име , Бато се вика он. Истово девојче, си седам со мачето во скут и ја гледам ме ѕирка од нивниот двор. Претходно ја имам слушнато како му вика на мачето, па претпоставив дека сака да го погали. И го носам пред неа, а малава се оддалечува и вели: Мене баба не ми дава да го чепкам мачето. А, зошто? Па, дека има бубашваби.
На син ми му се хит колите. Опседнат е со на тато колата, на дедо колата, на чичо колата, на тетка... колата итн. И сега најново научил како се викаат некои од колите, односно која марка се. и дедо му има Пежо и не вика пежо' , туку пе'жо ( со македонски акцент) и во еден момент се збуни и место да каже пе'жо, кажа дека дедо му имал кола тошо . Пред некој ден мм го зима малиот, излеват надвор на улица, во сокакот и кај комшиите го понудиле чипс. Сите знаеле дека е зачинат чипсот и троа налутнувал, ама нашиов мал малку стрвен е и набутал во устaта повеќе отколку може. И почнал да плаче: Татоооо ме болат забитеее (од што го излутил чипсот)
Најнов хит!!! Одамна се убедуваме дека чување животни во стан, не доаѓа в предвид, најмногу поради самиот факт дека сум алергична на пердуви и животинска длака и дека кај и да е деновиве ќе пристигне и бебето. Малечката е огромен љубител на животни и душичка, нацртала риба на лист хартија, ја исекла и ја ставила во пластично шише со вода. Ја видел мажот ми и се сожалил, ја фатил за рака и дома се вратија со аквариум и риба и ветување дека тие ќе се грижат за неа. По два дена, купија и папагал и го однесоа кај свекрва ми да го чува. Е сега зор е папагалот да се донесе дома, ама ние никако не попуштаме и во една жустра расправа излезе и овој бисер од неа: Ќерка ми: Тато бееееееее, донеси го папагалчето домааааааа, не сакам да е кај бабаааа!!!!! Мм: Абе ти кажав не може, мама е алергична на пердуви! Ќерка ми: Па тогаш купи ми маче или кученце или зајачееееее, те молам татоооооо! Мм: Абе не можеме ни тоа да чуваме, мама е алергична на влакна! И таа умно го гледа, како тој ноншалантно се истргнува на троседот, само во шорцеви, без мајца и му вика: -Тато, види колку влакна имаш, сигурно мама е алергична и на тебе! Крај, значи паднавме од смеење. Која логика, а?
за мојата внука си седиме онака дома кај нас и доајга мм (кој не сме се виделе 2дена) и влегува он и уште кај вратата ми вика сама си и јас со внукава и влегува и ме бакнува бакнува а Oна гледа гледа и слушам јас доајга некој и почнувам тема демек збориме нешто,влегува тато и она наеднаш -овие двајца се бакмува и бакнува долго а јас само ги гледам лелеее будалче едно
Пред некој ден дојде малата умница на гости. И си седнале со мајка ми, кокодакаат... -Абе Бубичко, од каде ти се школките? И мајка ми и` вика - Си ги купив од продавница. - Аааааа, значи вештачки ти се.