Доаѓа едно мало детенце кај другарка ми на гости и седи нешо за банкување збореше демек баци ме ау и шо и текна вика мама му го бацува дудето на тато родителиве незгодно ги фати детево пусто незз шо ги издаде .....
Пред некое време седиме со син ми кој има 4 години и ме прашува дали е вистина дека штркот ги носи бебинјата(така му кажала баба му) и јас почнувам да му објаснувам дека не е вистина тоа и дека он пред да се роди бил во моето стомаче, и син ми целиот зачуден ме прашува, а мами како дојдов јас во твоето стомаче ти ме изеде ли мене се изнасмејав ама малку и се збунив што да му одговорам
брат ми седи пред влезната врата, на чии стакла има шари од шестаголници. „Види,види, на вратава има hexagon!“
хаха ова како јас кога бев 5-6 години.. одиме со мајка ми и татко ми во источна Македонија (кај баба ми) и поминувавме покрај некое вештачко езеро и јас само - лелее колкав базеен и ден денес мајтапи ми прават таму кога поминуваме инаку јас понекогаш ја чувам внуката на соседите кога ќе дојде од Скопје (многу ме сака, што да се прави ), и многу бисери има кажано, ама сега само на еден можам да се сетам - си седиме ние надвор, јадиме питулици (гибаници), а во меѓувреме мајка ми цело време се шета низ дворот, и само одеднаш малата ме прашува - а од кое дрво ги скина мајка ти овие ?? и само почнувам да и кажувам дека не се од дрво, туку дека мајка ми ги направила, ама малце тврдоглава е и продолжи - е како не, јас ја видов, отиде онде кај дрвото (покажува некаде) и оттаму ни ги донесе и тоа 100% сигурна дека на дрво растат, па си реков да и ја продлабочам фантазијата малку и почнав да и кажувам како растат, каде растат... и после почна на мајка ми да и досадува да ја однеси питулици да берат
Јас имам 7 годишен брат, и сега он пишеше македонски домашно, една стихотворба и ми дава да му прегледам дали му е точно „летај, летач пи*ке мила“ ... одвај издржав пред него да не се насмеам ...
мојата мала братучетка ме изнасмеа убаво...нејзе и вика баба и додји да јадеш...и таа и вика ти тоа сакаш мене да ме здебелиш?
Брат ми преѓе ... Бисерче на дада Јас со другарка ми го седнавме меѓу нас и за на училиште го прашвавме и имало едно дете Стефан шо ги тепал женските и вика „Еее Стефан ги тепа сите женски, швалерки му се“ И мама беше во кујна и слушна му вика „Абе да не смеша ти жена со швалерка?“ и овај почна да се смеј и вика „Еми швалерките се тепат, не жените!“
Кака малиот на шоља во вц и вика ,,готоов сум,, и јас доаѓам да му го избришам дупето и тој ме прашува -мамо, а тато како си го брише дупето? а јас му велам, па тој е голем, знае како треба -а мамо, зошто неговата мама не му го брише дупето? и јас пак, и тој кога бил бебе-мал неговата мама го бришела, сега е голем и знае како треба... И тој на мене -па зошто ми велиш дека сум голем кога јас незнам дупето да си го избришам (Често кроз муабет му велам дека е голем така не треба да прави....ама ми направи шах-мат позиција ) Честопати кога сабајле ме доцни за на раб. му велам дека ќе ме кара директорот, нема да ми даде парички итн. за да побрза и она сабајле го носам во школо и ми вели - знаеш дека денес нема да доцниш на раб.? Знам, му велам и објаснувам дека така треба секој ден....и тој ми вели - Епа да му кажеш на директорот да ти даде повеќе парички сега а ти на мене да ми купиш нов пластелин -Па нели ти купив оној ден, каде е, не ти е во шкаф на школо? - му одговарам -Па Лука немаше па јас му го дадов мојот- ми вели тој -Му го позајми затоа што тој го заборавил неговиот или му го даде цел за него ? -Слушај мамо, коцките полесно се цртаат отколку што се прават со пластелин, така јас немав пластелин и цртав коцки
еве го нашиот прв бисер. син ми да не види чаша и некој да пие нешто, одма ја зема неговата чаша со вода и прави џеее....беее.(живели)!!!!! ќе го забораев ова... мм седи на компјутер и син ми го трга за рака и му вели, тате опа, и мм станва, а тој лепо фино си се качва на стол и си гиба на компјутер, прво го гиба глувчето, па го пушта гласот од звучникок и го зема микрофонот и си кажва нешто.
Еве еден „бисер“ на братучед ми кога беше мал. „Јас сум многу голем, но, но, но, но ,но, сепак сум мал“. Само не разбирам зошто толку пати рече „но“.
Бев да го видам внук ми и после цел час пеење Елко, Елко му велам: Абе седи одмори се малку, дојди раскажи ми што правите во градинка . Ми седнува во скут и вика: Денес правевеме дедо маз, па ја касевме елката со убави алпиони, ставивме и убави силалички, и тето, многу убаво светат , по некое време беснеење доаѓа и ми вели: а тето знаеш ли ти дека јас почнав да јадам сута лупа (супа лута) Ѕверче мало ме изнасмеа..
Прво одделени сме и учиме во билингвална паралелка.Англискиот ни оди супер, ама францускиот го мешаме помалку. Пред некој ден ги учевме боите и бидејќи малку потешко ни оди на француски, пробав да ја научам да ги запомни по асоцијации. Црвената на француски е РУЖ и за да ја запомни полесно и реков: „Сине, ќе се сетш на она што мама го става на лицето со четка кога се шминка, знаеш она црвеното сине, руж?“ Таа паметно ме гледа со очичките и почнуваме, ајде, како се вика онаа боја, како се вика оваа и повторно стигаме до црвената: Јас: Ајде М, како се вика на француски црвена? М: Јас: Ајде знам дека знаеш, сети се! М: Јас: Абе ајде, како требаше да ја запомниш, како ти кажа мама? М: Јас: Сети се, како беше она што мама го става на лицето? М: (со насмевка од шестка до шестка) Да беееееееее, ПУДРААААА!!!
Кој ке ме насмее, ако не братчето Кога одиме на школо сакаме многу да изгледаме убаво, и најбитниот детал да ставиме малку парфем. Едно утро сам се шприцал цело време и го облековме му ставивме шал и го пративме на школо. Неговата учителка го пофалила дека многу убаво мириса и тој и рекол : Фала многу учителке ама изгледа многу сум ставил од парфемот и од шалот се угушив
Папагалчињата ги сместив во ходникот кај влезната врата и денес го донесоа внук ми на гости и со првото влегување на врата ми вели: Леле тетоо колку убави пингвини имаш
Ахххх денес прв работен ден после 9 месеци трудничко Го замарав поголемиот син 3 г и 8 мес дека ќе одам на раб ( додека спиеше бебушот саат ипол го гњавев) да не не бара ,да го чува бебушот... Дојде баба му јас се спремив,седнаа да ручаат и му викам сине ај да те баци мама уште сега и одам ба работа,а тој ми вика : не,ти дај ми вода и шибај.... Јас вака И на татко му пред да си легне му рекол оваа мама цел ден е на раб а рече ќе дојде кога ќе се стемни...
Ахххх денес прв работен ден после 9 месеци трудничко Го замарав поголемиот син 3 г и 8 мес дека ќе одам на раб ( додека спиеше бебушот саат ипол го гњавев) да не не бара ,да го чува бебушот... Дојде баба му јас се спремив,седнаа да ручаат и му викам сине ај да те баци мама уште сега и одам ба работа,а тој ми вика : не,ти дај ми вода и шибај.... Јас вака И на татко му пред да си легне му рекол оваа мама цел ден е на раб а рече ќе дојде кога ќе се стемни...