1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бисерчиња

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 29 јули 2011.

  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Вчерашен бисер.
    Седиме во дворче со мм, а ќерка ми си вози точак на улица. Се вртам и гледам се расправа со едно детенце да ги смениле точаците, сакала неговиот точак да го вози...а тој нема помошни.
    И мм и` вика-добро бе татичко што ќе ти е сега точакот на Давид, зошто сум ти купил јас тебе точак, за да не земаш туѓи. :!:
    И дете се подзамисли малку, се бодбочи со раката како некоја тетка и вика-а бе тато што се замараш, па не ми го купи ти точакот, дедо ми ми го купи :D

    Уште ден ама од сестра ми кога беше мала.
    Гледавме "Женски оркестар" и имаше една реплика-и друго завршува на ОВ па не е бугарин.-мислам дека Ѓокица Лукаревски ја кажа.
    Бевме на гости и големите (мајка, татко, вујна, вујко...) правеа муабет колку што се сеќавам за презимињата од Источна Македонија дека завршуваат на -ОВ како демек од влијанието на соседна Бугарија.
    Сестра ми тука се вмешува како џокер у покер и вика-и друго завршува на -ОВ па не е Бугарин :!:
    И тука мајка ми и татко ми остануваат вака :o :tmi:
    смешното е што се мисли на к*рОВ
     
    На WarriorAngel, sweet25, MarchelineAmaru и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Сестра ми кога беше помала, ја карав оти не се облекува сама. И зема девојчето, што ќе прави, да се облекува. Којзнае од кај ги извадила алиштата, ги стокмила и почна. По пола саат, јас скроз заборавив дека и реков сама да се облекува. Иде расплакана и ми вика, дадо ма, гаќите се врз хулахопките или под хулахопките... :rofl:

    Сега кога бевме на одмор, ја прашувам, до кај стаса со лектирата, ја прочита ли ?! :^) И ми упати еден мачен страдалнички поглед, затоа што воопшто не сака да ги чита лектирите. Не знаеше што да каже и на крај ми вика, епа ја изгубив страната и сега не можам да ја најдам и значи не можам да ја читам. :lol:

    А најјако е овој бисер, бисериште богами. Тетка ми и тетин ми живеат со баба ми, т.е. со нејзината мајка. Пред 4-5 години, жива беше и прабаба ми, која си имаше нејзина соба. И сега, куќа како куќа, имаше место за сите, ама немаше место за посебна детска соба за братучед ми, кој тогаш имаше 3-4 години, мислам. И почина прабаба ми, па таа соба ја искористија за да му направат детска. Кога му направија, и рекол на сестра ми Ееее, гледаш, нашата баба умре и ми направија соба. Ајде сега и вашата ќе умре кај и да е па и тебе ќе ти направат башка соба. :rofl:

    Сестра ми идење дома и прашување кај баба ми - ти кога ќе умреш па да ти ја земам собата ??! :rofl: :rofl:
     
    На Gosh, tina-63, ilipili и 19 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.103
    Допаѓања:
    112.635
    Пол:
    Женски
    Кога бев некои 13-14 години со моите на одмор одиме да се видиме со пријатели. И они имаа мало девојче од некои 5-6 години и многу сакаше да ја закача мајка ми зашто имаше преубави нокти ( и ден денеска и се ) и ги лакираше со бордо лак. И наеднаш ја прашува - Тета .... имаш дечко?? и мајка ми и вика, А чичко.... што ми е ( за татко ми)?? и детево мртво ладно откачува А бе тој ти е маж ти треба дечко да си најдеш. :lol:
     
    На Amona, MarchelineAmaru и lackygirl им се допаѓа ова.
  4. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Па и не некој бисер, ама мене ми беше смешно.
    Само што дојдов сега кај мајка ми, и во двор го гледам внук ми (Бојан) со раката преврзана окулу лактот...
    И му велам: Кај си паднал бе Бојане?
    Тој: Ене онде на улица, со точакот...
    Јас: А многу си повреден?
    Тој: Неее, малце бе ;)
    А мајка му во позадина вели: Малце 5 конци :o

    И му велам: Па тоа не е малце :o
    А тој: Ај ма па и ти ко мајка ми си, леле конци, ко на куче ќе ми помине, додека ми е здрава раката, ништо не ми е, кожата и да ми падне друга ќе ми порасне :^) . Јас пак си возам точак, сакаш да ме видиш на едно?

    Многу е блесав а има само 8 години, а и сестра му беше моментот, ние збориме во двор, а таа од тераса не слуша и вели:
    -Туф, туф за пет конци, Бојан во центар на внимание ви е, мене не ме ни гледате, сега јас сама со иглана ќе земам ќе си зашијам 10, па ќе те видам тогаш Бојане дали ќе се занесуваш :envy:

    А јас пак им велам: Јас немам ништо ни скршено ниту шиено, здрава сум цела :) .
    А Бојан мртов ладен ми се врти: Какво дете си била ти, смотано, од дома не излегувала, само учела и со книга неможе ништо да ти биде ;)

    :rofl: :rofl: :rofl: Моите палафковци се тие...
     
    На SV1911, WarriorAngel, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    ново од брат ми : слаткото од ванила само за женски е?
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Уште еден вчерашен бисер.
    Седиме во дворче и свекрва ми и` кажува на ќерка ми дека можеби ќе дојде тетка и` (сестрата на мм)

    Поминуваат едно 15-20 мин. и малава вика-бабо, тета ќе доаѓа или не, ми се спие, ај јави и` да ја прашаме...ако не доаѓа да си легнам... Дури онака изнервирано си кажува, демек да не чека за џабе :!:
    И` се јавуваат на золва ми и дознаваат дека нема да дојде.

    И тука ќерка ми вика-бабо, тетка ми не доаѓа....јас се качувам горе и си легнувам...ти почекај ја уште малку, па и ти легни си ... :clap: ќерко...:rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Elenuskaa, Phyramide, FortuneTeller.xD и 2 други им се допаѓа ова.
  7. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Oд мојава нема многу бисери затоа што сега почна да зборува :$
    Hо ова е најново :lol: Mажот ми кога е многу нервозен или лут вика bullshit и малово сега си копираа,копи-пејст во мозочето,и кога ке и земеш нешто од раце се нервира и тресе,вика бушит,бушит :o :rofl: :rofl:

    A и кога се гушкаме јас и мажулево,пример седиме дневна и се милуваме,малово автоматски се фрла и се треска од земја :D и трча в ходник и зема патиките и фрла во нас :rofl: душичка и таа била лубоморна :!: :D
     
    На ilipili, Hipster, WarriorAngel и 12 други им се допаѓа ова.
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    ^^^ ММ кога сака да ја гушне и ја вика да дојде, а таа не доаѓа треба само да рече- дојди Лолитке тебе да те гушнам...а бе моментално за секунда кај татко и` е во прегратки и мене ми вика- не доаѓај, јас и татко ми сами ќе се гушкаме... :D :D...Љубоморна е, ќерките се по татковците :!: :rofl:
     
    На sweet25, MarchelineAmaru и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  9. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми слушнала од некаде дека деца се прават со чеканче и шајки.Еднаш сопругот го поправал штекерот во дневната соба и до него стоела целата кутија со алат што го има,а меѓудругото и чеканче и шајки.Кога здогледала ќеркичката:
    -Тато што правиш?
    Тој не сакал многу да и објаснува и и кажал:
    -Еве правам нешто.
    А таа на него:
    -Тато ти ако правиш некое бебе, за мене да направиш едно лилаково!!! :lol: :lol: :lol:
     
    На Amona, tina-63, GirlRose и 30 други им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.169
    Пол:
    Женски
    Oд мене, како мала имало тоолку многу бисери - ма просто да се чудиш ли, да се смееш ли :D
    Еве на пример, во моментов ми текна на овој:
    Надвор врнело и грмело, а мајка ми го заборавила телевизорот вклучен.
    И тука Мишела настапува на сцена со таква убитачна фаца :o
    - Мама, заклучи го тизизолот, мава глом и влне! :!:

    Инаку сум имала година ипол, а мајка ми верувам дека убаво ми се изнасмеала, па го заклучила телевизорот да не и' мрчам. :D
     
    На WarriorAngel и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  11. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    5.858
    Имам една внукичка има 4 годинки, но многу е паметна.
    На мајка ми и вика: Баба ***** јас сум како тебе дебела. :lol:
    Нема врска дека е дебела. Таман си е за годините.
    Многу често си вели: Абе јас сум чудо од дете.
    Уште зимото и купивме едни така потесни фармерчиња, но големи и биле. (Подвиткани и беа до колената).
    Доаѓа и само ја подава ногата напред, а рацете на половина и и` вели на братучетка ми: Види, види и јас имам сега како твоите тесни фармерки.
    Има многу бисерчиња, но овие ми текнаа во моментов.
     
    На MarchelineAmaru и unstoppablemind им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Кога бевме на ова прославата за 20 години независност, сестра ми препека. Де вода и се пиеше, де и се мочкаше, де ова де она... Моиве научени цело време, дека само не тегне за рака и прашува нешто, и викаат аха, аха цело време. :D Стоиме, јас со другарка ми настрана, моиве во близина и сестра ми цело време Мамо, мамо, види, мамо ма. Мама и вика, Аха, добро. После она пак, Мамо, мамо, види мамо. Мајка ми и вика, кажи бе сине што да видам. И сестра ми - Мамо ма, кој е оној на коњот ?! И кажуваме сите, кој, што, како бил.... Се чудиме, што така се заинтересирала. И ќути, ќути, минута две и наеднаш ни се врти и вика - Имаат исти чевли со дада, затоа прашам. :rofl: :rofl:

    Јас дека носев такви римјанки и стварно кога ќе ги загледаш, распоредот на ремчињата е ист. Умревме од смеа, кај ги приметила. :rofl:
     
    На Gosh, iloveyou29, ilipili и 21 други им се допаѓа ова.
  13. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Еве едно големо бисериште од моите внуци од сестра:
    На одмор во Грција во кампот и внука ми која тогаш имаше 8 години се пресоблекувала во кампот. Влегол внук ми кој тогаш имаше 4 години и ја видол и се развикал низ цел камп.
    -Мамоооооооооо, дада има газ наместо пилееееее :o :tmi: (знаете нели што му заличило на газ :x )
    И околу што биле во кампот македонци сите се изнасмеале а сестра ми вцрвенета не знаела како да му објасни зошто е тоа така. :D

    Инаку на внук ми до вчера на Ајфонот знакчето позади со гризнато јаболко му личеше на жаба.

    И последниот бисер е од вчера. Ми објаснува дека имал некој другар од училиште кој бил роден на 31 Декември и го викале Давид Нова Година. А кога ке остарел ке го викале Давид Стара Нова Година :tmi: :D
     
    На antonina, sweet25, K.Mari4ka и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Ајде и јас да споделам едно бисерче на ќеркичката на едни пријатели. Зимава штотуку прозборуваше кога падна првиот снег и кога ја кренаа на прозор да види, само рече: Ииииии колку сол. Сите се згазивме од смеење, а таа срценце, прв пат гледа снег, па ете и заличело на сол :D
     
    На iloveyou29, sweet25, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Од мене не памтам, ама затоа еден од сестра ми:
    Пред да појде на школо пред некоја година била на тестирање кај педагогот.И све фино лепо точно си кажало детево, и на крај ја прашале:
    -Ти имаш сестра?
    -Да.
    -А сестра ти има сестра?
    -Не :rofl: .
    Се утепавме смеејќи дома :D .
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    ехееее... јас и ден денес сум ваКва за татко ми...

    Јас ко мала, и порасната кај комшиите... И се спрема роденден кај нив, и да одам да испитам ситуација како праат што прават, влагање кај нив и гледам торта во форма на пеперутка и цела таква возбудена ЛЕЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕе јас ќе го изедам цел ПЕРУТ....
    Уште јадам ремет од комшиите за ова!

    Друго што ми текна... Нешто сум барала од моите дали да ми купат или да правиме нешто.... И нон стоп, Може ли? Не !!! Може ли? Не!!! и така повеќе пати... И татко ми видно изнервиран, Добро Тедигреј, До кога мислиш да ме прашуваш??? и јас мртва ладна - Дур не ми кажеш ДА!

    И ова морам да го кажам, пошто ми е врв во кариерата....
    За некоја си нова година сум добила од „Дедо Мраз“ домино, и живи радости, мало дете, уште во 6 сум се разбудила, моите само што си легнале и гледам под елка доминото, а само дете нема со кој да си игра и идење во кревет да го замарам татко ми која бројка ја имам на плочката во рака, да погодува... И татко ми, мртов уморен од славење, како да ме откачи, си рекол ај ќе ги кажувам сите по ред.... И почнал 1 и 0, 1 и 1, 1 и 2, 1 и 3... и така до 6 и 6; и ја цело време не не не не.... И више од нервоза се подразбудил.... И ми свикал, е како НЕ, кога сите ги кажав, и јас насмеана од уво до уво, само сум му го свртела и сум му рекла ПРАЗНООО!!!! Мајка ми и ден денес се смее на ова!
     
    На Elenuskaa, K.Mari4ka, FortuneTeller.xD и 8 други им се допаѓа ова.
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Мојот 4,5 годишен внук е непресушен извор на бисерчиња :)

    Тој неоддамна стана брат, си доби братче и сестриче, кога дошла снаа ми дома со бебињата почнал малиов чудно да се однесува.Почнал да спие кај нив во кревет иако оддамна сам спие во своја соба, нонстоп одел по снаа ми, снаа ми го препишала неговото однесување на љубомора :envy:

    После некој ден ми ѕвони мене малиов на скајп и целиот онаков озбилен ме прашува:
    -Тете се јадаат бебиња?
    Јас целата ваква :o - Не бе срце кај ти текна такво нешто?
    Тој-Епа зошто ги мачка мајка ми бебињата со зејтин?Јас цело време пазам да не ги стави да ги пече, дури и ноќе спијам кај нив во соба :sweat:

    Сирото дете не било љубоморно, туку ја видел мајка му како после бањање ги масира бебињата со маслиново масло и си помислил дека ги спрема за печење како на месото што му правиме. :x

    Ово му е од пред некој ден, си збориме пак на скајп и ми вика, слушај тете кога ќе го родиш бебето што ти е во мешето, ти да си го чуваш, нас доста ни се овие две што ги имаме :rofl:
     
    На Gosh, Dream-Girl, Amona и 45 други им се допаѓа ова.
  18. bal0n43

    bal0n43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    81
    Имам братучед кој додуша сеа е поголем и повеќе разбира, ама кога беше мал кога ќе се соберевме цела фамилија тој ни беше забавувач зашто постојано паѓаа бисери од негова уста.
    Така, за една нова година се збиравме дома кај нив и нели остана јадење од првата вечер и сеа постариве се догавараа да се собереме и втората вечер за да се дојаде. И втората вечер одиме пак кај нив и братучед ми вели: „Ааа, знам јас зошто дојдовте. Сакате да ни ги изедете манџите“ :D

    Друг пат пак, беа тие кај нас и требаше да се отиде до супермаркет нешто и отидовме јас и чичко ми, но малиот почна да плаче па го зедовме и него со нас. И влегуваме во маркетот и одма до касата за наплаќање имаше лабела, кармини и такви работи. Одиме да наплатиме и братучед ми вели: „Тато ај бе купи ми муцало“...Мислеше на лабело. Касиерката едвај дочека да излеземе па слатко да си се изнасмее :D
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Дечко ми кога бил помал многу сакал да јаде јаболка ,излупени и кружно пресечени.
    И кога ќе му се пријадело јаболко и велел на мајка му
    -Излупи ми тлокалезно (наместо тркалезно) :rofl:

    Вака можеби не звучи смешно ,ама кога кажува мајка му ... :rofl:
     
  20. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Им ги објаснувам на моите 5то одделенци природните науки, им ги набројав се по ред кои се, која што изучува и на крајот им викам што мислите која најмногу ве привлекува, која би ви била вам најинтересна од она што ви го кажав и добивам еден експресен одговор, ни пет, ни шест- Англискиииии :D
     
    На MarchelineAmaru и Annie.mk1 им се допаѓа ова.