Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бисерчиња

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 29 јули 2011.

  1. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Им читам приказна на децата на другарка ми за Супермен и Бетмен. И завршивме со приказната и јас велам ајде сега ќе си играме, брат ти ќе биде Супермен , а ти ќе бидеш Бетмен, а тој вели, не јас сум Петар :D Има 3 год.
     
    На Arthur, blue.rose, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    Братучед ми, гледаме ТВ и почна рекламата за Пирати од Карибите.
    И почнаа да зборат другите за филмот нешто, и некој праша како се викаше филмот.
    И братучед ми од пушка: Пирати од кај рибите :rofl:
     
    На Stories, Arthur, blackwave и 21 други им се допаѓа ова.
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Одамно не сум била со внуками и сега заедно и јас и купив подароци и гледа едново за принцези и го отвара и ми вика МА ЗАРЕМ НЕ ПАМЕТИш ДЕКА ЕДНО МИ КУПИ ВАКВО шТО НЕ СМЕНИ ДРУГО ДА МИ ЗЕМЕшЕ :o ме здрви :D
     
    На Arthur, irenna и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    По повод 11 Октомври, учителката на ќерка ми, ги носела децата во парк, да положат цвеќе на бистата на Магдалена Антова. Полна со импресии, М... ми раскажува:
    -И мамо, учевме каде пукнала првата пушка.
    -Каде пукнала бе мило?
    -У парк бе мамо. :geek:
    -Како бе сине у парк?!Првата пушка пукнала во Прилеп и Куманово.
    -Ааааа, да бе. И мамо, Магдалена животот го дала на некого, а имала само 20 год. (молк 2 секунди и размислување на глас)...Пф, место деца да раѓа, таа живот дала...глупости :fubar:
    -Го дала животот во борба, за да ние денеска живееме слободни бе сине, да имаме своја татковина и јазик на кој зборуваме (се трудам јас да објаснам)
    -Да бе, мамо, пукнала првата пушка и ја убила Магдалена Антова.
    :rofl:
    Кој како си сфаќа бе, демократија :!:
     
    На Arthur, IronLady, eloves и 19 други им се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Вчера го земам од училиште и одиме заедно да купиме подарок за роденден. Влегува и тој со мене во продавница (за гардероба) и јас барам и тој почна да бара и да ги врти закачалките. Бараме подарок за женско дете. Почна да ми покажува некои работи и јас цело време му велам ,,не тоа, не е убаво...малецко е...не ми се допаѓа...,, и ме прашува ,, женско е тешко за барање, може да барам нешто за мене,, му велам ,,немаме време сега за тебе, брзаме, друг пат,,.
    Го водам на роденден, тој подарокот во рака и на славеничката и вели ,,Среќен роденден, немавме пари да ти купиме нешто скапо,, :tmi: :tmi: :tmi:
     
    На Arthur, IronLady, eloves и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Случкава за време кога беше поплавата во Србија, кај тетка ми на гости беше дојдена една баба која живее Србија. И си правеле муабет на ручек за кога таа ќе си оди а во меѓувреме на вести имало информации за поплавата. И од нигде никаде братучедка ми која има 3 годинки рекла - "бабо ... Ти тука седи си. Ние тука немаме боја.. :rofl::rofl::rofl: (Таа си слушала поплава, поплава и во главчето си зацртала дека се работи за боја.) :lol:
     
    На Arthur и irenna им се допаѓа ова.
  7. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    се случи пред 2 недели професорката прашува што уќевте лани и јас бев нешто замислена и наместо историја на мак јазик викам историја на македонија и сите почнаа да се смеат јас прашалници дури скопчав помина цела минута
     
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Малиот внук.
    Сеуште не оди на училиште, но го запишаа да оди на курс по англиски колку да научи некој збор. Баш тој ден учеле за дедо Мраз, за ирвасите..
    Во меѓувреме мајка му дома купила некои суви овошја, бидејќи постат, па земала и урми. Малиов затрчан си доаѓа дома и ги замешал брзините квалитетно. И рекол:
    -Дај бе мамо од тоа ил(р)васите да пробам (а кутриот мислел на урмите! :D:D:D
     
    На Arthur, kjukli, Valentina.Vaki и 2 други им се допаѓа ова.
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Другарка ми има две дечиња, машко и девојче, машкото една година постаро од девојчето.
    И одам еднаш на гости и не напнаа малите да ја гледаме свадбата на другарка ми.
    Ајде пуштивме свадба, а другарка ми бремена 6 ти месец на свадбата и стомачето нормално и се познава.
    И ова машкото кога почна, ај мамо кажи кај сум јас на свадбата, зошто ме нема. И другарка ми му вика па ти си сине кај мама во мешето. И овој радосен скока и он бил на свадба, ама ова девојчето кога направи една жална фаца, а мамо а мене ме нема на свадбата, ја кај сум?
    И ние штама, не фати у небрано, што да кажеме што да излажеме. А овој малиот ко од пушка, па ти си Нуне(така ја вика сестричката) кај тато во мудите. Мудите бе :D
    Леле смеење, па после кога и текна на другарка ми од кај вакви работи децава зборат, за да на крај дознаеме дека едната од бабите им раскажувала така додека ја гледале заедно свадбата. Деца ко деца, се ќе си кажат, не знаат да излажат.
     
    На Arthur, eloves, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.
  10. TheAngel

    TheAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Ова е мој бисер кога сум имала 5-6 години.
    Го бараат татко ми на телефон. А татко ми лежи во спална и гледа телевизија. Јас одам во спална и му викам: Тато тато, те бараат на телефон. А татко ми вика: Нека се јават покасно. Кажи дека спијам.
    Јас пренесувам: Јавете се подоцна. Татко ми вика дека спие.
    Човекот: Ама итно ми треба.
    Јас (паметната): Ама тато вика дека спие!
     
    На Arthur, eloves, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.242
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Женски
    Оваа анегдота за мене мајка ми насекаде ја раскажува(jас не се сеќавам, ова според нејзините раскажувања):
    Периодот е ваљда некаде помеѓу1999-2000 год.
    Јас мала, некаде накај 4-5 години седеме со мајка ми и дедо ми, нејзиниот свекор во дневната соба на баба ми и дедо ми и гледаме ТВ.А, баш тогаш идел овој скеч од К-15:



    И дете ко дете нели, нормално, љубопитно е и ќе си праша.
    Јас:-,,Мамо што е тоа швалер?''
    Мајка:Ваљда сметајки дека тоа е најконвенционален одговор за мало дете-,,Швалер е пријател на мајката.''
    Јас:-,,A дали швалерот е другар на таткото?''
    Мајка ми уште не ми ја сфаќа намерата со прашањата одговара со ДА!
    Јас:-,,A дали швалерот оди со таткото на пат?''
    Мајка ми пак ми одговарила со да сине.
    Јас:-,,A дали швалерот на мајката му купува на детото карамели?''
    Мајка ми веќе целата во прашалници:^) (не можела да сети во која насока го водам муабетот) пак ми одговарила потврдно.
    Јас:-,,Ааааааа, значи на тебе чичо X. ти е швалер!''
    Ова по моја детска логика дека чичо X. кој е добар другар на татко ми и на мајка ми, а воедно тој период доста често одеа со татко ми заедно на пат за Турција, а на мене стално ми купуваше карамели и разни слатки и играчки, си извлеков многу логичен заклучок-чичо X. е швалер на мама!
    Патем овој муабет директно го следел и дедо ми, што на мајка ми и паднало мнооогу нееезгодно, ама за среќа на дедо му било многу смешно.
    Уште од мала сум била будалетинка.Ама доста прониклива будалетинка.8):D
     
    На IronLady, SV1911, kjukli и 9 други им се допаѓа ова.
  12. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    29.043
    Пол:
    Женски
    Со брат ми, пред скоро 25години зс еден Велигден на мајка ми и ги искршивме сите велигденски јајца за да си најдиме по едно "кршаче" :) :) :)
     
    На Dioora му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    39.633
    Пол:
    Женски
    Се возиме во кола и малата вика ...Папа темно е надвор , мораме да спиеме . (татко и вози)
    Татко и и вика: Затвори ги очите и спиј..
    Малата : Папа и ти исто затвори ги очите :D

    Малава се буди едно утро и таква сонлива целата ми вика: Ме боли стомачето , ми треба лек . Дај ми чоколадо :D:D
     
    На Stories, IronLady, SV1911 и 14 други им се допаѓа ова.
  14. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Го прашувам прееска син ми, дали да и ставиме обетки на сестра му?
    И ме гледа целиот во прашалници и ми вика:
    Зошто? Па не е венчана она.
    Сум се изнасмеала за сите пари.
     
    На Stories, IronLady, eloves и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Братучедка ми после преглед од доктор со дрвеното стапче ја прегледува вујна ми: "Леле мамоо имаш пролив на крајниците". :rofl::P
     
    На IronLady, SV1911, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  16. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Дете: Кај живееш ти?
    Тетка: Во Аеродром.
    Дете: Аааа. А во кој авион?
     
    На IronLady, kjukli, snegulkata и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ај тука, да не сме офф :wasntme:
    И' викам ''Ама не можеш со брат ти да се омажиш, тој ти е фамилија"
    "Тогаш не се мажам, сакам да останам засекогаш со тебе. Може?"
    "Да бре ќере"
    И онака за некоја година ќе смени мислење :rofl:

    ..........................

    Седната, по шорц, си ги гледа нозете (иначе е сучка слаба) и ми вели: Види мамо колку ми се дебели нозете!
    ''Какви нозе дебели дете, кожа и коски си''
    ''А ова мускулите ми се?"
    ''Да''
    ''Уф добро е, не сум била дебела''
    (facepalm)
     
    На IronLady, shining_star, Umbrella22 и 9 други им се допаѓа ова.
  18. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Si go grizam edniot nokt, potocno kozata kaj noktot i sin mi koj nema polni 2.5 godini me gleda i mi veli : Mamo ne p'ci u uca - Mamo ne prsti u usta :D Se zgaziv od smeenje kaj mu tekna da mi go kaze toa eeejj pamet mamin sin :inlove:
     
    На Arthur, Sunshine_1979, rose60 и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Ми текна сега еден бисер од ќерка ми, сега е 2.5 години.
    За 1 Април и купивме крилја за пеперутка да биде, се радува дете ќе биде пеперутка. Ставање крилјата, почна да потскокнува и застана, абе солзи во очите и вели "Ама не можам да летнам".
    Душа, мислела ќе лета. :D
     
    На Mantub, GirlRose, macencef и 24 други им се допаѓа ова.
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    39.633
    Пол:
    Женски
    Кога бевме во Мк и зборам на ќерками дека ќе одиме на свадба. Дека ќе ја дотерам и сл.
    И одденаш ми вика , Ама јас нејкам да бидам во стомак ,таму е темно и неможам ништо да видам :(
    Се мислам што сака да каже , после укопчав .
    На нашата свадба бев бремена со неа и на сликите и кажував тука се мама и тато и ти си во мешето.
    Детето така си поврзало работите :)

    Пред некој ден и викам,Бела седни јади како човек. Ми вика луто јас не сум човек јас сум принцеза :rofl:

    средував дома алишта што ми се мали и ги тргам на страна , и имав прслуци кои ми се мали и малата вика е ова ми треба мене , татко и се чука по чело .
    И вика мала си ти не ти треба тоа . Doch ich brauche das ( ми треба тоа) ми вика
    Ние се смешкаме додека малата почна да го облака прслукот
     
    На Mantub, forumce, macencef и 27 други им се допаѓа ова.