Само да кажам малата како ја кажуваше еци пеци... Еци пеци пец ти си катимец јас сам катимец еци пеци пец..... и за куче викаше к'тачка
Брат ми ко помал штом се удареше трчаше кај мајка ми да го бакне тоа место за да му помине, така го учеше таа... Еднаш беснеејќи паднал на газето и доаѓа расплакан пред мајка ми, ги соблекува панталонките, го прчи газето и и вели: Цуни ме мамо, **** пана, кши газот (Бакни ме мамо **** падна си го скрши газот)
Кога сум била мала сум ја прашала мајка ми , како се права лугето , и зошто немачке штрафови по телото како Пинокио мајка ми ми рекла дека луге не се права туку се рагаат , ама сум многу мала за да ми објаснила сега , ке ми објаснила кога ке пораснам кога пораснам веке немаше потреба да ми објаснува , имавме едукативен час во училиште
јас ко малечка сум велела наместо заокружи - ЗАКРОУЖИ, слаткарница - ШЛАКАНИЦА и наместо лимонада - МОЛИНАДА прцул бе
Ах мојот внук, ми вика пред некој ден дека ќе ме собере и мене во неговото корито за капење кога ќе бидам бебе.
Ручаме дома и тетка ми почна да раскажува за некој другар од средно, како ја симпатизирал и секогаш настојувал да и заврши некоја работа. Јас секогаш се гледам кога сум тука со Васко и сестра ми А ТЕТИН ЗНАЕ ( онака загрижено). Сите се погледнавме и после неколку секунди почнавме да се смееме. Ден денес кога ќе се спомне тој Васко се зафркаваме :"D
Пред некој ден го шетам внукот од дечко ми кој има 4 годинки и ме прашува имаш мајка, татко како се викаат итн, и сеа ми иде мене редот да го испрашувам, кажува за мама и тато и кога дојде ред да каже како се вика баба ми вели: -Баба Лиле ама незнам како се вика. Ама слатко сум се изнасмеала.
Случка од пред 5-6 дена. Се преслекувам пред малата и ми вика ,,гола мама... уааа,, Ова произлезе од мојот муабет кога ја облекувам а таа не дава, секогаш и велам ,,гола Леа уаа, уааа,, за да ми даде побрзо да ја облечам. И... за да биде посрамно за мене, малата трча на балконот (вратата отворена) плеска со рачињата и вика ,,го-ла ма-ма... го-ла ма-ма,, Пропаднав во земја. Што си има врска што соседите седеа по балкони дека топло времето, па нека слушнат гооо-лааа мааа-мааа!!!!
А син ми легденда е. Значи е влезен во таква фаза,да слуша се што правиме муабет јас и мм и после пренесува по гости. И нормално,млади како млади,опуштени плус,сами дома,немаме никој и се се зборува.Така една вечер мм си го чистеше носот и синко вика ,,тато,носот муцул,,.И на гости по некој ден,се разбира веднаш кажа пред сите луѓе што има татко му во носот. Исто,имаме 2 блиски жени кои идат често кај нас и се бремени. И сега, гледа големи во стомакот,му кажувам дека тета има бебе во мешето. И пред една вечер го спемам за бањање,го соблекувам гол и се гледа во мешето(имаме поголемко меше) и вика ,,мама,бобо бебе мешето,,
Си цртаме со внукот и му цртам човече, девојче со долга коса и го прашувам Што е ова очекувајќи да препознае девојче од момче и тој вика Ова е мама.
Бев многу мала, ама убаво се сеќавам на ова Еден ден ѕвони телефонот и ајде јас ја кревам слушалката.Мама ми рече ако е за неа да кажам дека не е тука бидејќи беше многу уморна па не можела да зборува.И се јавува тетка ми, на татко ми сестра, која живее во друг град и ми вели дека сака да ја слушне мама.Јас ни пет ни шест ја тргам слушалката од уста (за да не се слушне ) и се дерам на цел глас: Мамооо, тета те бара, ќе дојдеш или да кажам дека не си тука?
Јас, во градинка (2001, баш за време на војната), имам кажано дека првата пушка пукнала во Арачиново.
Од каде да ми текне дека син ми за вода вели туту? се изнамачив додека сватив.....дали тоа му доаѓа од ``тури вода`` или нешто слично ама јако е
Вчера му викам на син ми, ајде да одиме кај чичко тони, да купиме нешто. И тој упорно повторува-кај чичкото они. (мисли дека чичко е во членувана форма) Ми текна и за внук од мм. Седиме и јадеме, и вика леле ама е жешко јадењево, попара се направив. (превод: се попарив)
Do den denes se smeam, baba mi mi kazuvase tatko mi bil so nea vo avtobus i imal nekade 4,5 god, inaku mn nemirno galeno detence bil so cicko mi 12god razlika se, pa mazenjeto si go napravilo svoeto i pocnal vo bus da si pee pi*ka, pi*ka, pi*ka, baba mi usramena mu sepnala nemoj mama sramota e toa, ne vikaj pi*ka... I koga pocnal da pee uste poglasno NEEVIKAM PI*KA NEVIKAAAM... Hahah toa e dete so brat 16-17god
Na sin mi sega najnovo mu e deka novoto sise so cucla go kupil citiram ,,Tista denai,, i se drugo vredi tolku. Vecerva,lezat so tatko mu i my vika ,,Ti tato imas k*re????,, Se zgazivme od smeenje.
Мојава игра криенка И брои пет,шест...идамммм и до тука е со броењето Инаку она е мн зачудена од сознанието дека и другите женски битиа освен мајка и имаат гради На плажа кога виде куп гради вика мамаааа титкииии лелееее
Малата го прашува брат и : Даријан сакаш да се бањаме? Да Ајде да го прашаме папа дали ќе дозволи , ако не ајде да извежбаме налутен поглед И моиве играат. Мали брои Acht, Neun..loos И трча по сестра му
Го кревам внукот и го вртам, сака кога го правам тоа и ми вика: Кога ќе пораснам јас тебе вака ќе те кревам. Јас тогаш ќе бидам голем а ти мала. Еднaш го прашав: Ја сакаш ли ти тетка Битер? Тој: Да. Јас: Колку? Тој: Девет.