сега сме малку поголеми, ама не можев да сватам што му значи палеле. само ќе викнеше пааалееелее! и толку. и шетаме еднаш ајде да му купам некој комплет со кратки ракави за летото, кога го виде Спајдермен на сликата на едно комплетче почна да вика палале палеле. и му велам да ти го купам? дааа! и јас само се свртив да ми го стават во ќеса, тој си ја соблече маицата за одма да ги носи. едвај платив, му ги облеков и беше најсреќен.
Пред 15 години мајка ми беше бремена за 2ро дете а првото женско -јас. Мајка ми не сакаше да го знае полот на бебето се додека не се породи. Сите мислевме дека ке имам братче дури и зелени и сини алишта имаа купувано за новото бебе. Јас на сите се фалев дека ќе имам братче сите така знааеа. Од кога се породи мајка ми јас заминав со баба и дедо во нивното село да частеле за внучето. Влеваме у кафанчето јас главна звезда и еден дедо ме прашува што имаш ти сега и сите во мене гледат јас горда братче ама без ЦОЦЕ. Си добив сестричка тогаш хахаха. А повеќе пати се имат шалено со нас ајде 3то машко ама јас и сестрето не сакавме зошто машко ќе ни ја земел куќата..
Ми става внук ми ќебе на мене да личам на дух. Го прашувам: Каде си видел ти дух со ќебе? Ми вика: На Гарфилд. И ок, јасно ми стана уште веднаш дека духовите во цртаните филмови така и се прикажани, па го прашувам: А ти знаеш што е тоа дух? Да, ми вика, тоа е да имаш ќебе на глава.
Па не знам дали е бисер, ама седиме така со ќерка ми, си играме и се врти накај татко и и вели"Мама има пу.ка.." И двајцата се смеевме како луди а немаше ни две години.. Ама така е кога се заедно правиш со детето,па и бањање..
Значи ќерка ми е светла точка во мојот живот и само таа ме смее. Гледаме серија и еве што таа заклучи (плаче глумицата) Таа:Плаче тете Јас: да мам плаче Таа :Сипала вода (а претходно таа истури вода на тепихот и ја карав) Потоа го гледа глумецот тажен и вели Плаче чиче Јас :Да плаче Таа :Неќе пие сируп Се згазив како заклучи сето тоа,, а има 2 год
Низ муабет, мајка ми му рече на син ми Зошто ги растури сите играчки? И син ми ништо не му одговори. Јас и мајка ми си правевме потоа муабет, а тој ги собрал сите играчки и за да му обрниме внимание само му ги крена рачињата и рече Шо сакам?? (Наместо Што сакаш? еве ги собрав) Се изнасмеавме
Бевме излезени и една другарка и вика : дундо една дундааа (дијалектички за ж.полов орган) Одиме кај свекор ми и таа дундооо дундоо му вика и овој ај на дедо ново зборче си науучила, - ај мамо преведи (не разбрал или неочекувал) јас црвенеам Пичееее пичеее сред продавница- таа видела од оние чоколадните перничиња полнети со чоколафо за со млеко (дека јас и викав ајде перничиња со млекце да јадеш) срамови живи
Јас: ајде мама биди умна и помогни ми да ги раскренеме мечињата. Става едно мече во корпа у вика *еве бидов* Ни ја удрија колата вчера и е преокупирана со тоа цел ден: Видам мамо коата како удиле! И викам ќе ја носи тато на мајстор. Вика: ќе ја боцнат малку ќе помине, не се паши ништо сташно ќе помине
Ја прашувам ќерка ми дојде ли дедо мраз во градинка?Да! Му шепна што сакаш за нова година? Да! И што му шепна? Да ја избричи брадата! иначе има 2 год и 5 месеци
Мм го учеше синко кога вика А? Да не вика така, туку да вика молам? И поминуваат месец, два и јас зазборена со сестра ми, а синко црта на табла и ми зборел ама не сум го слушнала... и се вртам и му викам A? И крева веѓи, крева рака и ми вика: Не се вика А, се вика МОЛАМ! ме искара 2год и 5м беше тогаш, баш денови пред да се породам
Пред спиење обично уста не затвара....вика мамо јас пачев од дедо маз во гадинка...и викам не треба да плачеш, дедо мраз е добар и носи подароци, а таа во свој филм и бисерот го тресна: еее и јас ќе ставам капа од дедо маз, па он ќе паче од мене.
влегуваме во Адидас и малата леле мамо колку мн п*тки (место топки)Самата се свести дека кажа глупост и одма после тоа рече топки .Како ли и дојде така да каже незнам.
Хахахаха мојов питики ги вика патиките и некогаш во брзање и питки излегуваат Да не сакала патики да рече и она
Одиме на работа кај дедо и да земе нешто тој. Супер се и ајде влегуваме во канцеларија и тамо си беше колекшата на татко ми, работеше нешто. Се поздравуваме и таа и вели : - Ајде сега кажи како се викам јас? Ајде кажи:- тетка Светлана... Мојава слуша и возвраќа- Тетка и покажува со прст кон светлото горе - светлана која асоцијација, кај и текна ? Не изнасмеа ептен и неочекувано
Пред некој ден кога падна снегот и ќерка ми кажува дека во градинка учителките ги извадиле надвор малку на снегот да си поиграат,па им рекле пак дека следниот ден пак ќе одат надвор.Ја земам истиот ден од градинка и по пат ја прашувам "Бевте ли денес надвор на снегот"? Ми вика "Не ,учителките отидоа кај доректорот и затоа не бевме ",Викам -А што правеа кај директорот? Она- Па,ги викнал да им пише петки дека многу добро не чувале
Не знам дали ова се смета за бисер, ама на мене ми е смешно. Летото 2016 година беше случкава. Јас бев дома со децата. Ми се јавува комшика да сум се симнела со децата за да си поиграат со нејзиното внуче. Во тој момент децата беа на тераса и јас ја искористив приликата да се пресоблечам. Се сокрив позади троседот. Кога бев по долна облека, влезе поголемиот и одма излезе на тераса. Го слушнав како се дере на цел глас - Мајка ми е гола! Кога се симнав долу комшиката цело време ме зафркаваше.
Пред извесен период синчето на другарка полнеше 3 години и неколку дена пред роденденот го прашувам: "А со што ќе ти биде тортата?", мислејќи нели со кој цртан лик или слично... Ми вели: "Па со свеќички!" Па јасно, си велам, со што друго би можела да биде роденденска торта Паметно, паметно детенце! Си го заслужив одговорот на прашањето што го поставив